Па калдрмата е нешто најдобро што му се десило на градов. Да не беше така немаше Пенов да ја откорне и распродаде. Којзнае низ кои све градови низ Европа газиш на калдрмата што тебе толку ти смета и викаш "ех што ти е историја". Ама не, си сакате вие кичерај, бекатонче, расклацкани плочки пуни вода, гипсани фасади што мувлосуваат, споменици без никаква потреба ставени без никаков план. Шо да праиме сеа тоа е, Господ не стаил у иста држава да бидеме.
Да ти кажам нешто тебе и на другиве ќосиња што паѓате у несвест а до вчера не знаевте кој е тој, па и денес ми се чини дека појма немате туку го величите дека ви отсликува едно време на владеење на ВМРО, вашата такозвана златна ера.
Од сите ебани споменици од Гоце Делчев до Ќосе и Гејот на коњ, поголема вредност, емотивна, историска, човечка, имаат сите оние дрва што ги исекоа у ниедно време со полициска придружба небаре трета светска војна почнува. Сите дрва на ул. Македонија што се исекоа, сите дрва на плоштадот што се исекоа, сите дрва на Илинденска, на бул. Климент Охридски, секое едно од нив има поголема вредност од глупите споменици на Ќосе, АСНОМ, Прометеј, Геј он а хорс и целата негова фамилија од другата страна на Вардар.
Грујо успеа да испере миљони со СК2014, да проба да си го реши комплексот на старо Скопје у кое он бил никој и ништо и ради таа бабура од нос не го пуштале да влезе у ниедно диско, да створи лажен патриотизам и негативен набој према се што е критика за него и државата мислејќи дека ќе гинат за него у даден момент. Жално за генерациите што изгубија допир со својот град у кој израснале поради комплексите на едно сељанче ружно кое силом прилике добило моќ и власт да си ги лечи фрустрациите. Жално, а сега, не барајте разбирачка за вашите болки, одамна тоа чувство е отстрането од оние што ги нарекувавте предавници, квинслинзи и слично. Истите тие кои до пред Грујо ви беа пријатели и роднини. Вашиот лузерски менталитет дозволи да ве закрви со секој оној што критикува пошто секоја критика си ја сфаќавте лично. Така ве истренираа јебига, а и беше тешко со оглед на капацитетот што го немате. Сега, молете се на Господ, само тој ви остана.