мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 19.508
- Поени од реакции
- 24.285
Да бе да нема грешка.Тоа колку што имам прочитано се случува поради Буш постариот. Тој период е претседател.
Атињаните му викаат ДАЈТЕ ПАРИ за воените бази што ги имате кај нас.
Овој им одговорил: само 1-2 бази се кај вас, другите се на територија на Македониа.
Тогаш Атињаните земале и се преименувале![]()
Си работат службите во другите држави.
Очигледно знаеле или предвиделе на кај оди работата во социјалистичките и комуниситичките земји и дека колапост на системите во тие земји е неминовен и за разика од нас кој гледаме од денес за утре тие очигледно гледале на многу подалеку од нас. Ние бевме република во рамките на федерацијата и она СРМ беше повеќе за внатрешна употреба. Надвор секаде бевме СФРЈ. Се додека беше така Грците немаа проблем со тоа дека еден дел од федерацијата се вика СР Македонија. Но со распад на федерацијата друга е математиката и тие благовремено уште пред ние и да знаеме што се случува си ги преименуваа покраините во Западна, централна и како и да беше Македонија. Кога ние официјално добивме независност ни рекоја полека малце , такво нешто веќе постои. Што се случуваше потоа е повеќе или помалце познато.
Колку бевме ние во тек со настаните ке ти дадам и друг факт( провери ако сакаш или можеш да ме држиш за збор). Во моментите пред Словенија да прогласи неазвисност таа како република имаше информација и беше во контакт со сите старешини по потекло Словенци во ЈНА (или барем оние кои им биле лојални на каузата). Да не речам на даден знак сите се повлекоја. Не морам да ти нагласувам , можеби и се сеќаваш дека Словенија бараше сите војници во ЈНА кои се од Словенија да служат во Словенија воен рок. Што велиш зошто тоа го бараше? Што правеме ние тогаш? Се каравме во парламентот дали на ѕидот да стои слика од Гоце и Даме покрај сликата од Тито или само на Тито. За кај ни се старешините, војниците или пак за независност воопшто и да не правиме муабет. Кога веќе тргна работата и распадот беше неминовен е дури тогаш се сетивме дека Југославија неминовно ке се распадни. Ете толку ние бевме во тек со настаните. Години и години назад. Ова ми го има кажувано старешина по националност Турчин од Струга кој за време на тие настани служел во Словенија( баш кога почнала војната). Има тука уште многу ама не е за тоа темата туку чисто онака колку да се врти муабет.