Нема шанси просечната плата да биде 30.000 ден. Огромен број од странските инвеститори, своите вработени ги држат на минималец, а тоа генерално се однесува и на големите фирми и претпријатија кои се во рацете на нашите бизнисмени. Или треба да се избрка дел од јавната администрација, за да може на тој дел што ќе остане да му ја зголемиш платата (што ќе биде голем процент од рамнотежата која ќе го занемарува минималецот (или што ќе го подигнува просекот, како сакаш)) и минималната плата да ја згомениш на едно ниво кое ќе биде прифатливо за поголемиот број компании. Јасно е дека тоа е невозможен проект, прво затоа нашата економија е скапана и сме во дупка 5 милијарди, а второ затоа што не се очекува економски раст оваа година, што е лоша почетна точка за оној за кој се залагаше сдсм од 5%.
Многу е битно прво да се решат стечајците, што треба да им биде признаена и доделена минимална пензија од 12-13.000 ден. и нашите бранители, кои беа запоставени, а агресорите беа испопикани по општинските совети и администрации. И секако, треба да им се врати социјалната помош на оние граѓани на кои претходната власт неправедно им ја одзеде. Не би било праведно да зборуваме за зголемување на истата, кога веќе имаме тон нерешени проблеми, а и за решавање на дел од тие проблеми требаат дебели пари кои ги немаме.
Затоа јас не гледам како ќе се постигне просечна плата од 500 евра, макар и по 3-4 г.