Случки при патување со воз

Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Значи три пати пати до сега имам одено со воз до Скопје и морало да ми се случи нешто.

прв пат: се качувам во воз со сестра ми и братучетка ми и бидејќи немаше многу гужва седнавме во еден празен вагон со намера да спиеме. И оп, на првата станица браќата Роми се сместија до нас. И, let the party started... Ромска забава во вагон 5, ништо од спиење... (и дишење).

втор пат: исто се возам до Скопје, и во Велес еден средовечен човек седнува до мене... си викам ај, нема врска. Коа ја отвори устата човекот, не запре до Скопје. Ставам слушалки, а тој уште ми вика да ги тргнам затоа што не било културно тој да ми зборува, а јас да не слушам. Тој по природа си бил таков... Ебате природата... умрев од досада

трет пат: Нешто што МОРА да му се случи на секој - да се расипе возот на сред пат. До душа во мојот случај не се расипа, туку снемало нафта.. демек... И така си чекавме околу 15мин. додека не почнаа да не забавуваат додека чекаме со песната Кукавица... И тогаш си викнавме такси...
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
само се прашувам зошто ова истово не се случува по автобусиве?
по возовиве се сељаци се качуваат изгледа. ретко некој културен ќе сретнеш.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.161
Поени од реакции
18.202
Р.S. јас до саа не сум се возил у воз на МЖ :D
Пробај ,неверојатно доживување е ;)
--- надополнето: Oct 16, 2011 11:49 PM ---
само се прашувам зошто ова истово не се случува по автобусиве?
по возовиве се сељаци се качуваат изгледа. ретко некој културен ќе сретнеш.
Имаш и по автобуси ако се возиш редовно.Ама МЖ се едни и единствени.
 
V

Vollstandig

Гостин
Значи , патување во воз ти е доживување што никогаш нема на друго место да го доживееш. Со патување со воз, ај што си ја запознаваш природата знаеш од типот “Запознај ја својата земја македонија и убајните незини“ па ги запознаваш и ружните ствари, секакви акценти, учиш нови села за кои поим немаш и дека постоеле луѓе итн итн.

Јас како еден од најредовните патници со воз на релација од битола накај скопје, сум доживеал ама еден милион работи за кои можам и книга да објавам.

Порано на релација прилеп-битола, фаќаше финтата , на рака 30 денари. Си имаа ценовник за на црно, па некогаш ако имаше кондуктер што прв пат те глеа или ти го глеаш, ќе те прашаше колку беше цена за до битола или ќе ги праша колегите, ќе го отвореа тефтерот, од прилеп до битола земаја 30 денари, од битола до велес 70 денари, а од битола до скопје беше 100 денари.

Слегување од воз се немаше никогаш случено и тешко дека ќе се случеше секогаш наоѓаа нешто ситно за да ги поткупат кондуктерите.

Јас, сум голем љубител на патување со воз, кое нуди и голема комоција, слобода, нуди и интересни моменти. Е сега, да прецизирам, македонски железници се тапа значи сеуште се печалат пари на крш возови за кои навистина дури и картата им е прескапа во однос на услугите што ги даваат па ќе почнам најпрво со:

-Вагоните

Крајно се нечисти, и кога се паркира возот во битола, доаѓа една пијаница чистачка која секогаш се има настегано кило ракија пред да чисти а претходно работела како кафанска певачица во перон. Типката со една метла ги собира само шишињата што останале и отпадоци по корпите. Значи вагонот чистење - луфтирање никако, како дошол така и ќе си оди, затоа има еден тон прашина смрди, загаден е итн итн итн.
Никогаш или многу ретко им се прави ремонт, тропаат премногу, возењето е како во кочија, нема никаква удобност а најлошо е кога во вожња стануваш големи се шанмсите да испадниш од вагонот поради премногу тресење.

-Купеата

Искината пердиња, исчкртани ѕидови “Геј дечко, велес 07Х ХХХ ХХХ, јави се 35 цм е“ и слични коментари, ги красат ѕидовите. Седиштата,ако ги потчукни човек добива еден тон прашина и директно запушување на дишните патишта, затоа треба полека со нив.
Врати пенџериња, некои работат некои не, а некои не ни имаат, и се за во летна сезона постојано. Клима, сеуште старомодното, ако е ладно затвори џам, ако е топло отвори џам.

-ВЦ-а

Е овде е веќе најкатастрофалниот дел од МЖ. Вецеата смрдат на штала неизринета од втора светска војна. Гнасна реа се шири, незнам женските дали воопшто вршат некаков вид на нужда освен гласно потпрднување, па побрзо ќе фатиш зараза тука, него ли да имаш секс со африканска курва. Тие се делот што највеќе го засмрдува цел воз.

-Локомотива

Стандард, бучна и расипана на делови расклопена, оди по малце, често пати знае да се расипи и да ти сјебе филм и да не стигнеш баш тогаш коа требало да стигнеш.

-Кондуктери

Тие се посебен дел од железничката багра кои по навика знаат да го тупат највеќе.
Иритира делот, особено ако ти се ставени нозете МАЛЦЕ на другото седиште колку да ги оптегнеш, со коментари 1500 денари казна,за валкање на купето. Па добро бе човеку ова не е измиено откако постои возот, па да платиш казна за нешто што воопшто не прави штета! Речи му го тоа на селаните кои лом го прават. Дел од нив се тотално манијачки тим, дури и си ги имаат поделено вагоните кој во кој вагон да оди, доколку има некоја како за нив.

Општо случки:

Се враќам еднаш од скопје, и во чашка се качува една жена, која седна во моето купе. Јас полузаспан, цурава седи и дојде кондуктеро помуабетија, вика ај карта да видам оваа се смее, немам јас вика карта, и вика ај ела да пишиме. Излегоа и кој знае што направија, по некоја минута одам до веце да мочам, затворено. Појдов до другото, и на враќање, гледам од ве-цето кондуктерот си излегува а по него цурава, насмеани двајцата.

Највеќе иритира исто така, коа ќе се плесни во купе некој тотален планински селски човек што немал контакт со цивилизација, е тоа е веќе убиство. Последон ми се случи, така , се качува еден тип, пристар 60 години, сурат веќе се осеќаше од кај е дојден, и од цел празен воз на тргнување се плесна во моето купе. И муабертот му беше само кој за кај патува и почна самиот, јас вика во скопје одам, лекарите ништо незнат на контрола одам 3 години, па почна да кажува како имал некоја болест, и 3 години се лечел не се излечил, и пошол кај бајачка со пеена вода го излечила и сеа одел до скопје на докторите да им кажи оти се лечело така а не тие ништо не знаеле 3 години не можеле да го излечат, па почна за син му за ќерка му и веќе на крај ставив слушалки на уши кога настапи тишина, и моментот, типов почна да збори ја слушам демек музика а го игнорирам и ме чука вика Ме слушаш ? Ја викам , море ми пукна таквото веќе и ти и тоа твојте бајачки и останати глупости, ме заболе мене за син ти колку нива си му препишал и ќеркати кколку крави имала во бучин, дај прекини оди најди друг некој гњави.
И типов, скисната фаца фат замина во друго купе, кај некои помлади студентки или кој знае што беа и го слушам ИСТИОТ ПОТПОЛНО ИСТИОТ МУАБЕТ СО БАЈАЧКАТА, нив му го кажува...

Најдосадни луѓе значи се качуват во воз, од ВЕЛЕС: Ништо против велешани ама фактот што се случува во воз убива. Возот, со цел мир и спокој пробува да се довлечка во велес, коа ќе го окупираат индијанците, купеата се преполнуваат и тогаш настапува моментот “Ајде кога ќе стигнеме до скопје...“
Постојано бистртат политики, се слушаат глупави муабети, и никогаш ама никогаш не дознав зошто велешани имаат оштар поглед кон нови и туѓи луѓе, али зјапаат претерано и тоа упорно те гледаат во фаца. Имам шетано низ велес и се осеќав како од марс да имам паднато, кога секој што врви зјапа во тебе едноставно се осеќаш ко во туѓ дом да си појден.Истото се случува во возо, знаеш дека зјапа во тебе, упорно ја гледаш и не врти глава додека не те измери некоја доодена глупа тетка.

Подосадни нема од старите посебно од затуцани села. Ќе почнат да тупат трујат со глупости за сите цело село ќе изнакажи а ни ги знаеш ни ги познаваш кој се што и зошто се.
Пробуват да бидат интересни, али не им успева.
Се случувало живина, точаци, мотори, тутун, вреќи со компири, слама, и што уште не да се пренесува. Од велес еднаш стигна возот, и еден тип,со 2 балиња слама на рамо, си слезе по железничка надолу, а пази ЖЕЛЕЗНИЧКА ВО ГЛАВЕН ГРАД само овој го направи главно село да биди. Типов слегува со чизми рибарски, лом партал облека и 2 вреќи слама од воз...

Најгадната случка е тоа кога ќе дојди возот на станица. Луѓето ќе се испоубијат да влезат, а најлошо е што не ги оставаат другите да ИЗЛЕЗАТ, па се туркаат едни во други .....незнам ама живејме во стварно глупо опшество.
 
M

Moon Child

Гостин
Кој вика дека немало симнување од воз? :pos:
Мене и другарка ми не имаат симнато. Сакавме да одиме шверц од Велес за Скопје и на Рајко не фати контрола па не симнаа. И на Рајко чекавме 2 саати за да дојде воз од Скопје за Велес да си дојдеме дома :pos: Тоа е доживљај што ќе го памтам секогаш. (y) МЖ рулз бре, што сакате викајте, ако сакаш и ко говедо можеш да се понашаш никој ништо нема да ти рече и пререче:pos:
А да, и јас сум сведок на коза во воз:pos: Лудница, ми се патува некаде:D
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Секс во купе !? По муабетиве испаѓа дека возовите во Македонија се место каде ќе си поминеш најдобро. ;)
Па дали има секс во купе :icon_lol:
Секој си бара шансата и кондуктерите исто така.
Ако си екипа во воз, возењето е доживљај, ако си сам ќе си пукнеш.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Па дали има секс во купе :icon_lol:
Секој си бара шансата и кондуктерите исто така.
Ако си екипа во воз, возењето е доживљај, ако си сам ќе си пукнеш.
Секој си бара, нормално е тоа. Е сеа некој ќе си добие, а некој не. ;) Хахаха...
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
МЖ се врвно доживување. Кој не бил е осиромашен за една фантастична авантура што се коси со логиката. Интересни случки имало еден куп, цел ден да набројуваш. Еднаш на пат Прилеп-Скопје се расипа локомотивата, мислам дека патувавме околу 9 саати тој ден. Цела Европа со авион ќе ја поминевме за тоа време а ние успеавме едвај 100 км да поминеме :) Еднаш се сеќавам патував од Скопје за Прилеп, беше зима, ноќе и бев потполно сам, единствен патник во цел воз. Морничаво искуство беше тоа :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.687
Поени од реакции
8.715
Еднаш една жена си го доеше детето, а во купево се полно со повозрасни мажи. Оваа бате, мака нема. Цап цап, си ја извади и терај Мишко.
Доењето дете не е погрешно на било кое место. Што ако имало мажи?
Потребата на детето е поважна од нивната идиотска напаленост, према доилка!
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Кој вика дека немало симнување од воз? :pos:
Мене и другарка ми не имаат симнато. Сакавме да одиме шверц од Велес за Скопје и на Рајко не фати контрола па не симнаа. И на Рајко чекавме 2 саати за да дојде воз од Скопје за Велес да си дојдеме дома :pos: Тоа е доживљај што ќе го памтам секогаш. (y) МЖ рулз бре, што сакате викајте, ако сакаш и ко говедо можеш да се понашаш никој ништо нема да ти рече и пререче:pos:
А да, и јас сум сведок на коза во воз:pos: Лудница, ми се патува некаде:D
Ај ко помал ред е да те подучам..од Велес-Скопје или обратно не се оди скроз без карта освен ако немаш ептен пари..Иначе од Велес кога одам за Скопје вадам карта до Кадина Река (30 денара) и до Кадина Реда прегледуваат карта обавезно,и после до Скопје бакшиш.Или пак ако не ти ја прегледаат до тогаш,ќе се преправаш дека спиеш,и ко демек си ја испуштила станицата,па немаш каде да се симнеш па ајде во Скопје.Или во нај лошиот случај кога немаш карта,ќе кажеш дека одиш на погреб и дека немаш скршен денар(упалило 2-3 пати)..Toa e тоа,не е убаво вака да им праам/име,ама јас плаќам карта да за седам,а не за да стојам,или пак некој да ми вика зафатено е..Сум платил карта ако треба и на кров ќе седам горе..
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
Се враќам еднаш од скопје, и во чашка се качува една жена, која седна во моето купе. Јас полузаспан, цурава седи и дојде кондуктеро помуабетија, вика ај карта да видам оваа се смее, немам јас вика карта, и вика ај ела да пишиме. Излегоа и кој знае што направија, по некоја минута одам до веце да мочам, затворено. Појдов до другото, и на враќање, гледам од ве-цето кондуктерот си излегува а по него цурава, насмеани двајцата.
:pos::pos::pos:
 
M

Moon Child

Гостин
Се сеќавам за први мај пред две години тргнавме за Богомила од Велес нормално. Имаше таква гужва што некои не успејаа да влезат воопшто во возот, и тука се погоди еден старец, прв се бутка човеков да влезе, буквално ме смачка и му пререков, овој се врти и ми вика: "Ти нема да се качиш" :eek:

Друг пат со една другарка тргнавме нормално шверц за Богомила, во најголемиот студ во јануари, и на враќање иде кондуктерот карта да ни бара на Тополка последната станица пред Велес, а ние само 30 денари во нас имавме. Седеше и се расправаше со нас, требало да дојде порано да ни побара карти за да не симне на Согле, па бидејќи имавме само 30 денари во нас човекот и го побара мобилниот на другарка ми (не бројот ами мобилниот) затоа што не сме имале карти. Потоа со некаков споразум успеавме да го наговориме, а и секако дека ќе ни попуштеше бидејќи скоро стигнавме, и ни ги зема тие 30 денари, извади нешто запиша и си отиде.

Еднаш помала бев, се враќав од Битола, доцна беше и веројатно поради некаков дожд имало одрон на карпа на пругата. Го запреа возот пред карпата, па по ноќите ние од тој воз се префрлувавме во другиот од другата страна на одронатата карпа. Исто и тоа беше доживљај.

Како редовен патник секаде каде што може да се патува со воз, сум сведок и на доцнење/расипување на воз. Тоа секој редовен патник го има почувствувано, особено во зимскиот период. Еднаш исто кога бев мала ова, тргнавме за Битола со тој еден воз што тргнуваше од Велес во 15.00. Возот се расипа некаде пред Теово, и во Битола стигнавме дури во 10 вечерта.

А имам и уште едно врвно доживување со воз кое го вбројувам во едно од најомилените.
Тргнавме друштво на викендичка во Мартолци за зимски распуст пред едно 3-4 години и ова се случуваше навечер. Во Мартолци тоа патеката бетонска кај што треба да се симнеш е многу куса, и ние цело друштво не бевме застанати на врата кај што ќе можеме да се спуштиме на патеката. Возот на такви мали станици сите знаеме дека запира и одма тргнува. Така ни направи и тогаш, па изрипавме во едни трња, а последниот што остана од друштвото рипна од возот кога веќе беше во забрзано движење. Преживеа.

Имам еден познаник, се има возено на тоа како тарасиче што е од последниот вагон:eek:. А имав порано еден другар што се има степано со кондуктерот :pos:

И тоа... Сигурно има уште неколку случки за кои сега не ми текнува, ама ако ми текне - ќе ги пишам :)
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
@Farscape во право си велешани се кантур луѓе од кај испаднаа незнам?
Јас се имам возено со воз ама во европските земји, онака си седиш у купе и гледаш во крави и зеленило.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.161
Поени од реакции
18.202
Најдосадни луѓе значи се качуват во воз, од ВЕЛЕС: Ништо против велешани ама фактот што се случува во воз убива. Возот, со цел мир и спокој пробува да се довлечка во велес, коа ќе го окупираат индијанците, купеата се преполнуваат и тогаш настапува моментот “Ајде кога ќе стигнеме до скопје...“
Постојано бистртат политики, се слушаат глупави муабети, и никогаш ама никогаш не дознав зошто велешани имаат оштар поглед кон нови и туѓи луѓе, али зјапаат претерано и тоа упорно те гледаат во фаца.
Истово го имам приметено на неколку пати.Особено во првиот воз сабајле за Скопје.Еднаш 8 души седиме во купе ,се качија неколку Велешани постари и едниот ај дечки присоберете се има тука место :sick:

А кондуктерите.Досадни се бре упм.На секоја станица(бандера) има некој нов има некој нов ?!?32 пати ќе повториш НЕ и ќе ти ја лупнат 32 пати вратата со цела сила и нормално расправии во 4 сабајле.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom