Случки при патување со воз

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Често патувам со воз и секое патување си е приказна само по себе. Македонски железници располагаат со ужасни возови па може да ти се случи возот да касни пола саат а може и цел саат да касни. Секогаш се наоѓа по некој полуотворен прозор кој не оди ни горе ни долу па во зимно време доколку ти е во близина ќе се укочиш целиот, а смрдеата некогаш е неподнослива.
Но муабетот ми беше друг, а тоа е нашата култура по возовите

- Пристигнува возот и уште не застанат има такви кои се качуваат внатре, се ствара невидена турканица, безредие за тоа кој побрзо да влезе, иако скоро секогаш има место за сите. А некој кој начекал отворен прозор ја фрла својата торба внатре за прв да си зафати место.
- Често може да ти се погоди некој кој во купето ќе ги собуе своите чевли и внатре ќе се угушиш од мизирзбата на неговите чорапи, нозе. Ако му речеш да се обуе или ако отвориш прозор настанува кавга и никако не можеш да излезеш на крај со него па од нервоза ти доаѓа да му удриш две-три воспитни или да смениш купе.
- Редовно има некој кој не сака да плати карта, односно сака да го подмити кондуктерот, па бидејќи има некои кои не се подмитуваат настанува кавга, закани по животот и фамилијата на кондуктерот. Џандарите кои треба да го обезбедуваат возот ич не им чуе и воопшто не реагираат.
- Се погодува некој цело време да ти зборува, да ти раксажува приказни иако ти нити му поземаш муабетит, нити му даваш знаци дека го слушаш нити сакаш да го слушаш.
- Многу родители не знаат да си ги приберат своите деца па овие уште што не го превртеле вагонот.
- Има такви кои се однесуваат како да го купиле купето па не пуштаат никој да влезе в натре демек зафатено било, а цел пат ќе го поминат сами. Бидејќи на некои кондуктери им е гајли дали некој стои воопшто не рагираат на тоа.
- Ако вагоните се без купе, туку е оној што го викаме „Шпанец“ тогаш често има такви кои цело време прегласно разговараат. Има такви кои не слушнале за слушалки па сите околу нив ја трпат нивната музка. Има и такви кои заради суеверие или некоја друга причина не сакаат да седат на седиштата кои се во обратна насока, па цело време им висат над глава на другите патници да си ги заменат местата.

На крај постот би го завршил со тоа што најмногу ме нервира мене и повеќето кои патуваат со воз а тоа е што во западниов крај често возот наидува на препреки, дрво на шините, камења (најчесто во тетовско), а во најлош случај каменување на возот како што беше случај пред една недела кога едно девојче беше повредено при каменување на возот кај Сарај.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.963
Поени од реакции
83.285
На крај постот би го завршил со тоа што најмногу ме нервира мене и повеќето кои патуваат со воз а тоа е што во западниов крај често возот наидува на препреки, дрво на шините, камења (најчесто во тетовско), а во најлош случај каменување на возот како што беше случај пред една недела кога едно девојче беше повредено при каменување на возот кај Сарај.
Ма није могуче!
Ова ТМРО ли ти плати да го напишеш?
Не внесувај меѓунационална омраза, никој нема да ти поверува. Не е ова 18 век и Диви Запад, па возови да се напаѓаат.
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
894
Поени од реакции
398
Еднаш отидовме со воз у скопје со Мартин` и отидовме со тој воз од 7:50 Значи во скопје стигнавме дури во 12:30 :) Возот на пола пат се расипа и го правеа 2 саати и на крајот ја праат друг воз ке дое .. !! од тој ден у воз не ми се влегуе .. !! :( :( :mad: Или па можеби големи баксузи сме биле .. !! :D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.161
Поени од реакции
18.202
Ги заборај случаите на внесување домашни животни (птици) во возот од типот на кокошки ,а еднаш и јагне имам видено кај шо внесуваа негде меѓу Прилеп и Богомила.

Друго ,по стариот возен ред пред 2-3 години возот во Битола стигнуваше во 18:18 ,а се враќаше во 18:40.Патував неколку пати (зш кај нас неаме воз :D)Никогаш немаа време да го средат за 20 мин.за назад ,ниту да ја свртат локомотивата обратно.Неколку пати дојде и покасно од 18:40.

Од моите колеги од факс стално имаше жалење дека понеделник сабајле(или четврток ,петок попладне за враќање) возот е со 3 вагони (уште барем за 2-3 вагони патници стојат),а некогаш во вторник ,среда или недела по 6,7 вагони полупразни.

Да се паметни МЖ можат да заштедат на локомотиви и вагони и тргнувања со продолжување на Битола - Скопје до Куманово (да не би имало воз до Куманово/Табановце само со 2 вагони ,а и директна врска Битола - Куманово )
Исто и линиите кон Кичево и Кочани да се спојат како една.На пр.Кочани - Скопје - Кичево и обратно (би имало по една гарнитура шпанци во Кичево и една во Кочани).Да се избегнат досегашните пракси за скоро празен воз во 2:55 за Кичево и 2:20 за Кочани ,за возот да стигнел пред 5:30 и да се вратит како утрински за Скопје.
Тука е проблем дека премногу се централизирани МЖ.Не знам дали некоја локомотива или вагон е со домашна станица надвор од Скопје.Би требало барем 2 во станицата во Велес за делот накај Гевгелија ,Битола и Кочани во случај на дефекти да бидат поблиску.Од другата страна и во Кичево локомотива за резерва.
 

Amelie

Intelligence is sexy!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
16
Поени од реакции
19
Ооо, во срце ме погодува темава!

Јас порано често го користев возот, секое одење каде што можеше да се оди со воз, одев. Картата е ефтина, стварно ми беше океј. Ама откако почнаа да се изживуваат врз патниците и да ги третираат полошо од третманот на Хитлер кога носел Евреи во логор, се откажав. Па на што личи тоа, еј, купуваш карта, а во возот нема место за СТОЕЊЕ! Седењето е лускуз и оди на принцип - кој превари, тој товари. Зиме нема парно, лете нема клима. Седиштата последен пат ги чистеле пред 30 и кусур години, а пердињата да се исперат, никако. Едино се луфтираат од секое е*ено ќоше од кај што фучи. А вцто ?! Кое вц, тоа вц се нарекува ??

За бутканиците и гужвите па излишно е да се коментира. Мислам, тоа е се прашање на култура. Се трудам да бидам културна, да не се буткам, мене ме буткаа, но потоа се кланкав стоејќи. Затоа сега, си одам со автобус. Барем знам дека не продаваат карти ако сите места се пополнети.
Ако од секоја продадена карта издвојуваа по 10 денари инвестиција за возовите, далеку ќе бевме сега. На кој да му текне, нели. Себичноста и алчноста се на прво место, патници ќе има. Ја користат маката на народот.

Интересни случки, еден куп.
Еднаш една жена си го доеше детето, а во купево се полно со повозрасни мажи. Оваа бате, мака нема. Цап цап, си ја извади и терај Мишко.
Другпат, одиме пред новогодишни празници за Скопје, во возов нема сламка да се фрли. Наеднаш, на една станица, се качува човек, со ДВЕ огромни вреќи тутун! Почнува да вика Ајдеее, место, место....! Кое црно место човече, немаше место каде нозите да си ги ставиме, а не пак две вреќи тутун. На крај, го опцуја, се изнервира човекот и заедно со вреќите тутун се затвори во вцто. :D
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
за селски народ селски возови... ги разбирам Македонски Железници и нивната незаинтересираност за нови возови
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
патував со воз пред 10тина дена и УЖАС.
ниедно пенџере не се затвораше ко што треба и смрзнав, буквално смрзнав. исто како со мотор да сум патувал :tapp:
си реков в ум, повеќе никогаш во воз.
на зима студи и тоа мнооогу, а на лето има мнооогу прашина што ја нема шанси да ја поднесам.
МРАЗАМ ВОЗОВИ (n)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Случки има многу е сега само една ми останува во сеќавање кога ми заспа студентката на рамено десно во шпанскиот, не се знаевме ама ме искористи како перниче :icon_lol:.
 
Член од
14 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
8
Како помала често патував со воз најчесто до Скопје , тогаш ми беше океј (можеби оти сум била малечка) , но денес не гледам некој ред во возот нема место за стоење а камоли за седење. Последниот пат кога се возев беше летово , КАТАСТРОФА , неможев да издржам ниту пола саат . Сите што стоевме сакавме воздух и некој го отвори прозорецот и наеднаш кога врисна еден старец "Ладно е затворајте ќе се разболиме од вас невоспитани , неразбрани , промаа мава бла бла.." Потоа кога застана до мене еден човек сигурно не бањат едно 20 дена , потоа кондуктерот ги наоѓа едни без карти и вика давајте по 50че ќе речам дека од следната станица сте се качиле и не им даде ни карти (јасно беше дека се почасти со тие пари)... :vozbud:
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.609
Поени од реакции
2.124
Најлудата случка што ја имам видено е кога млад дечко скокна од возот во движење во близина на Богомила, додуша возот не се движеше многу брзо. Наводно далеку му била станицата од дома... :tapp:
 
Член од
14 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
8
Најлудата случка што ја имам видено е кога млад дечко скокна од возот во движење во близина на Богомила, додуша возот не се движеше многу брзо. Наводно далеку му била станицата од дома... :tapp:
Хахахахаха и јас имам нешто слично видено кај Киро Чучук во Велес како скокнуваат демек далеку им била станицата од град и морало со такси да одат па за да не плаќаат таму скокаa ама после со какви последици биле незнам :pos:
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Ма није могуче!
Ова ТМРО ли ти плати да го напишеш?
Не внесувај меѓунационална омраза, никој нема да ти поверува. Не е ова 18 век и Диви Запад, па возови да се напаѓаат.
ти изгледа не си патувал со воз чим вака зборуваш... многу честа појава е возот да биде каменуван..
знам дека во велес се случило на два пати возот да биде каменуван.. за други места не знам али имам слушано на вести честопати како се краделе шини и како возот бил каменуван кога минел низ некои места.. како што кажа и дечкото погоре.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Јас се имам возено во воз и многу луѓе ми се исповедале.Еден чичко од Велес ми кажуваше за неговата ќерка,како фатила машко што немал пари,перел дома и чистел и вика дека многу го сакала.А таа заработувала многу пари и обезбедувала се за семејството и со него.Па ми кажуваше како се возеле со трактори и колку била интелегетна и така до патот до Скопје ми остави впечаток дека чичкото не го сака дечкото на ќерка му,дека мене сакаше да ми ја мести.Ама среќа бев 19 години :),а таа била 24-25.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.963
Поени од реакции
83.285
^^ У Хари Потер нема сарказам, иронија и такви ствари?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom