Па никаде невидов да му го кажа ова на конкретниот член (кој по се изгледа, од милион теми на форумов ќе му остане само Драга кајгана ако продолжи вака за да си се исплаче).
Ако некој плука и користи лични дисквалификации, се знае кој е тоа на форумов.
Па јас им го кажав тоа на тие кои МЕНЕ ме нападнаа на тој начин.
Ако тој конкретен член го прави истото, тоа би му го рекол и нему, кога тоа ќе го насочи кон мене. Тоа што те напаѓа тебе, не го оправдувам, ама не можам јас да шетам по форумов и да ги карам таквите. Доволно е што мислам дека тоа не е во ред. Како кон мене, така и кон сите.
Мислам дека и мојата поента беше исто така јасна - Не ми е гајле која е твојата вистина, се додека врз основа на неа не судиш за начинот на кој јас го живеам мојот живот и не си спремен да ми ги наметнуваш твоите морални и етички норми како единствен можен начин на дејствување.
Ако се вратиш на почетокот на оваа дискусија, ќе видиш дека јас не те посочив конкретно тебе. Реков “обично“ и “повеќето“, а како што гледаш тие кои ги подразбирав во тоа, се појавија и го направија тоа кое реков дека го прават. Ти можда не, ама другиве кои се убација да. Затоа што таквите се побројни, ова “повеќето“ ми е на место.
Подвлеченово јас го сфаќам и се согласувам. Само се надевам дека ти го применуваш и во обратна насока.
Пак смајли после обидите за шеги? Два пати да го повторувам истото?
Еве сега се вртиме во круг. Кога се сети дека во последниот пост се правдаш, и дека покровителскиот тон исчезна, сега правиш детски обид да му се вратиш, зачинет со обид да го навредиш оној кој ти укажува на грешките. Следниот чекор ќе биде прифаќање. Ќе го правиме ова се додека не кажеш, грешев, но ќе се поправам. Полека напредуваме, не си безнадежен случај.
Со тебе прекинувам дискусија, зошто можда јас не сум, ама ти дефинитивно си безнадежен случај.
Значи ги прочитав постовите. Истресе небулози во големи количини.
Постоела слободната воља затоа што верниците се чусвувале слободни... - Твое дело .
Еве реплицирај на ова :
Слободната воља е тешка глупост, контрадикција. Бог е семоќен и е над времето. Има изработено план, план со кој однапред е се детерминирано. Каква слободна воља гледаш тука ?
Со две работи мораат да се помират верниците, или Бог е семоќен и слободната воља не постои и обратно.
Еве мислам дека
тука имам одговорено во голем дел на ова кое го форсираш. Ако не ти е јасно нешто, пак прашај, пак ќе дискутираме, само да не се повторувам..