Овојпат непланирано отидов, а пак беше супер. Беше фул и сите беа +18. Првин загреваше DJ Davor a.k.a. One :wub: the absolute best. По него, си продолжи Чваре.
Ѓоле и АцеНЛ и ја пееја "Опушти се", потоа се појави и Кацар со днб ремиксот на "Римуван стих" од Аномалиа Натива, па "Јасно е". Потоа, Сиги со "Снимај" и сите заедно "Смеј се, пеј и се е океј".
Тука беа сите од Токсикологија, освен Желе.. барем јас не го видов.
Беше како концерт, всушност. Слаткар започна со "Колку е добро да си рапер", па следеа речиси сите песни од албумот, како и "Што кур бараш ти со мене?", па го викна Скит.. не врати во минатото, старите добри траки на Единствена Опција, а потоа Скит сам презентираше трака од неговиот нов албум, оној кој треба да излезе на крај на месецов.
И искрено.. едвај го чекам албумот на најдобриот продуцент во државава !
Исто така и АцеНл се спрема за промоција на албумот, а и Желе.
Потоа дојде и Тони Зен и секако, ја изведоа "Спушти се доле".
Марко е ненормален чоек
Патентот од фармерките на Кацар, лупетање, мењање лирики..
Супер, супер беше се. Енергично.
Пофалба за изгледот на сите, се познава дека биле на шопинг