НЕЗАВИСНОСТА НА БОШКОСКИ ЈА КРЕИРА БИХАЌКА
СДСМ го пумпал Љубе и се преполовил како партија
За да ја достигне бројката од 140 000 гласову,на терен Бошкоски доби директна поддршка од гласачите на СДСМ кои сакаат да претстават раскол во редовите на владејачката партија. Тој, сепак, освоил најмногу гласови од седумте кандидати единствено во Чучер Сандево 1.222 и во Гази Баба каде е второпласиран со поддршка од 5.897 граѓани. Показател за профилот на граѓаните кои гласале за Бошкоски може да биде фактот дека меѓу општините, каде тој освоил позначителен број на гласови се и Струмица, Куманово, Охрид и Карпош каде СДСМ победи или води по првиот круг на локалните избори
Паѓаат во вода тезите на опозициската СДСМ дека гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ се одлева и дека со здружени сили во вториот изборен круг би можеле да го поразат Претседателскиот кандидат на владејачката партија Ѓорѓе Иванов. Неосновани се и ставовите дека и на локално ниво расте довербата кај нивните кандидати и дека на 5 април ќе освојат поголем број гласови од опонентите. Ова може да се заклучи ако се споредат податоците за бројот на гласови кои ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги освоија на минатите претседателски и локални избори во 2004 и 2005 година, со резултатите од првиот круг, годинава.
Имено, кога станува збор за избори за шеф на државата, гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ не само што не се одлева, туку и се зголемува. Претседателскиот кандидат на оваа партија Сашко Кедев на изборите пред пет години кога излезноста беше 55,5 проценти освои 309 132 гласови, додека Ѓорѓе Иванов годинава кога излезноста е 56,44 отсто доби поддршка од 343.374 граѓани,односно 134.000 гласови повеќе. Што се однесува пак до СДСМ, нивниот претседателски кандидат во 2004 година и се уште актуелен претседател Бранко Црвенковски, освои 385.341 гласови, додека пак сегашниот адут на социјал-демократите освои 200.316 гласови. Ова говори дека кандидатите од "Бихаќка" за само еден изборен циклус изгубиле дури 185.000 гласови.
За СДСМ поразителен е фактот и дека во Струмица каде на локално ниво извојуваа, в.д.лидерот Зоран Заев во дуелот со Силвана Бонева извојува победа уште во првиот круг, Иванов однел победа. Во оваа општина кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ освои 15.186 гласови, за Фрчкоски гласаа 13.728 граѓани, а поддршка на независниот кандидат Љубе Бошкоски му дадоа само 2.932 граѓани.
Од друга страна, пак, само во пет општини Фрчкоски има освоено повеќе гласови од Иванов и тоа во Арачиново, Боговиње, Студеничани и Чучер Сандево.
Индикативно е тоа што Бошкоски се фали со освоените над 140.000 гласови и се претставува како трета опција за граѓаните и фактор на кој мора да се смета во иднина, а сепак според нашите информации за да ја достигне оваа бројка на терен доби директна поддршка од гласачите на СДСМ кои сакаат да претстават раскол во редовите на владејачката партија. Тој, сепак, освоил најмногу гласови единствено во Чучер Сандево 1.222 и во Гази Баба каде е второпласиран со поддршка од 5.897 граѓани. Во повеќето други општини каде има освоено позначителен број на гласови е третопласиран,зад Иванов и Фрчкоски. Показател за профилот на граѓаните кои гласале за Бошкоски може да биде фактот дека меѓу општините, каде тој освоил позначителен број на гласови се и Струмица, Куманово, Охрид и Карпош каде СДСМ победи или води по првиот круг на локалните избори.
Имајќи ги предвид овие податоци и фактот дека ДУИ и јавно вети поддршка за Иванов во вториот изборен круг, а многу веројатна е поддршката и од најголемиот број поддржувачи на Имер Селмани, победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е довдена во прашање. Колку за потсетување кандидатот на ДУИ, Агрон Буџаку во првиот круг освои 73.567 гласови, а Селмани 146.795 гласови. Најголемиот дел пак од вистинските поддржувачи на Бошкоски, во вториот круг најверојатно ќе апстинираат од гласање и нема да му ја дадат поддршката ниту на Иванов ниту на Фрчкоски