Облините се повторно во мода
Мршавите девојки веќе не се популарни, а облините се ценат најмногу. Така барем сметаат жените од Голема Британија, кои што го искажаа своето мислење неодамна на една Британска анкета.
Кели Брок, Кејт Винслет и Мерилин Монро, имаат тела на кои што им се воодушевуваат жените, а богами и машките, додека мршавите како Парис Хилтон и Викторија Бекам се далеку позади нив.
Според анкетата која што ја направи Британскиот The Weight Watchers на акнетирање од 2000 жени, испадна дека сопственичка на најубавото тело за овој век е Кели Брок, следна е Џенифер Лопез и Бионси.
Глумицата Кејт Винслет е прогласена за сопственичка на најубаво тело за 90-тите, Оливија Њутон Џон за 80-тите, а Линда Картер за 60-тите.
Софија Лорен ја понесе тутулата за сопственичка на најубаво тело за изминатите 60 години, а Мерилин Монро за 50-те години од минатиот век.
Според анкетата се оцени дека убавината се врти околку здравиот изглед, а не мршавиот, изјави Emma Hetherington, портпаролката на ова списание.