Скутерчиња: Се за и околу нив

Sikimco

Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
Член од
25 јули 2011
Мислења
462
Поени од реакции
100
Добар ден, ако може малку совет и мислење околу Zontes 310 моторите (крузер или нејкед бајк), ако може да сподели некој некое искуство или какви се за одржување. Гледам често ги продаваат по огласи со по 2-3 илјади километри па ме фаќа сомнеж, а нови се од 4300 до 5000е.

Благодарам однапред
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.157
Поени од реакции
1.376
Мене кај висата ми се допаѓа шо е 4Т ама нема цена истакнато
 
Siromaviot

Сиромавиот
Член од
30 ноември 2017
Мислења
20
Поени од реакции
9
1658925764739.png

Некој дали има искуство со овој модел
Мопед Cammello Classic 50
  • Мотор: бензин 4Т
    Моќ: 1,9kW
    Зафатнина: 49,6ccm
    Максимална брзина: 45km/h
    Менувач: полу-автоматски со 4 степени
    Тркала: 16"
    Сопирачки: диск/барабан
    Маса: 90kg
    Носивост: 230kg
 
Член од
20 јули 2022
Мислења
3
Поени од реакции
16
другари едно "глупо" прашање :) . Станав член на мото скутер екипава со 50 цц скутер Миглиори. Е сега ме интересира во Скопје кога се возат во гужви и кога поминуваат покрај коли со моторчиња дали полиција казнува и колку, кој имал несакано искуство. И исто така кога е гужва по велосипедска стаза ако возиш дали полиција казнува или прогогледува низ прсти. Ќе ве замолам навистина кој може да каже како е, а знам дека секако не е дозволено.
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.723
Поени од реакции
2.479

Не казнуваат за тоа, само не биди глуп да се леташ меѓу коли, у секое време на некој си му во мртов агол, така да пази. Пред некој ден возам меѓу коли да дојдам прв на семафор, еден идиот врата ми отвори, односно скоро секој ден ми се дешава некоја непријатност, а пробувам да сум најкоректен(до душа поголем мотор возам и не брзам во гужва, ама сепак). Така да биди свесен дека никој за човек не те рачуна, а си највеќе изложен на ризик од сите учесници у сообраќај.
 
Ф

Флеш

Гостин

Јас највеќе практикувам тоа да се пикам коа сум кај после Гоце делчев мостот,тоа удолницата спрема Уким ....Нема друг начин ....Најлошо е шо нема бон-тон спрема моторџиите,спрема нас . Ако си помоќен и погломазен со кола,сеа не мора да се курчиш и да ме претицаш.Идеш ајде на бавна лента,скроз десно,и тоа го нервира,ти се бутаат те претицаат и те косат . Денеска кај Бисер,ќе ме утепаа,се убрзува абдал ти тргаш,он на две ленти фаќа место ,те гура кон тротоар да си ебеш од баланс да леташ на улица ....
Автоматски споено мислење:

другари едно "глупо" прашање :) . Станав член на мото скутер екипава со 50 цц скутер Миглиори. Е сега ме интересира во Скопје кога се возат во гужви и кога поминуваат покрај коли со моторчиња дали полиција казнува и колку, кој имал несакано искуство. И исто така кога е гужва по велосипедска стаза ако возиш дали полиција казнува или прогогледува низ прсти. Ќе ве замолам навистина кој може да каже како е, а знам дека секако не е дозволено.
Вози по свое и претпазливо,на тротоар вози бавно и кај нема гужва ... Обавезно носи документи дека е твој и возачка и секад со кацига ...Земи си и ќебенце за ладно и ракавици обавезно,имаш посебни за лето и зима ...Со среќа на пат ...
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.723
Поени од реакции
2.479
Јас највеќе практикувам тоа да се пикам коа сум кај после Гоце делчев мостот,тоа удолницата спрема Уким ....Нема друг начин ....Најлошо е шо нема бон-тон спрема моторџиите,спрема нас . Ако си помоќен и погломазен со кола,сеа не мора да се курчиш и да ме претицаш.Идеш ајде на бавна лента,скроз десно,и тоа го нервира,ти се бутаат те претицаат и те косат . Денеска кај Бисер,ќе ме утепаа,се убрзува абдал ти тргаш,он на две ленти фаќа место ,те гура кон тротоар да си ебеш од баланс да леташ на улица ....
Лани имав и физички контакт со една була, среќа ептен споро возев и успеав и да го задржам моторчето(ср50) да не падне. На улица со две ленти возам во десната, прав пат буквално ни раскрсница ни ништо, и булава од лева лента врти остро да се качи на тротоар, и бап у предно крило. Добро што имаше пешачки пред тоа и не бев залетан, ќе летав преку хауба лагано. Ова најекстремен пример, а секојдневно знаеш какви работи се дешаваат. Искрено ми е смучено од возење мотор, у гужва особено. Не знаеш дали да гледаш дали ќе те собере некој, дали пешак ќе претрча или у дупка ќе мавнеш.
 
Член од
4 октомври 2014
Мислења
787
Поени од реакции
539
Колку пати ми се има случено кола што вози рамномерно со мене од друга лента да проба да влезе у моја и ја да треба да бегам лево/десно да не ме покоси. Па на семафор после пцуење терање у пм, не сме земја за мотор возење дефинитивно.

Пред едно 5-6 години си купив нова Априлиа СР50, и ова се случува негде 2 недели од кога ја земав. Се паркирам пред Ваташа да земам за јадење, искачам и само гледам инструкторка од Шкорпион со едно Пунто се враќа у рикверц и ја собира Априлијата како да не е таму, и продолжува уште еден метар да ја влече по земја. Мајка шајка што не и изнакажав, џабе.
Си ја плати штетата ама нов мотор после фарбан правен не е ист меракот.
Од тогаш само на тротоар оставам мотор.

Врата од кола два пати ми имаат отворено пред мене. Еднаш му ја собрав вратата и паднав а вториот пат успеав да заобиколам и тоа курвичето ме виде и ја подзатвори малце вратата.

Гледав и некои чопери и 1000ки да земам ама за кај нас ќе те утепаат, не вреди. Ќораво и сакато дојде у Скопје со возачка за која што полагале на 2 семафори у свирипичино, и после сакаш култура.
 
Sikimco

Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
Член од
25 јули 2011
Мислења
462
Поени од реакции
100
Имам Aprilia sr50 со Giannelli Reverse со 7000км во последно време многу стана бучна. Го извадив пригушувачот и колку што успеав да видам стаклената волна е изгорена. Цена за стаклена волна e 1000ден, цел пригушувач е 4000ден, што е подобро да пробам да ја сменам само стаклената волна или да го сменам цел пригушувач. Имам менувано стаклена волна на arrow издув но тој беше на штрафови и беше user-friendly за менување, овој е на нитни, а по youtube и нема баш некои туториали за Reverse. Секоја помош е добредојдена.

Благодарам однапред
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
794
Поени од реакции
272
Некој искуство и мислење со Миглиори Капри 50цц? Италјански бренд ли е? Многу ми се симптични, а прифатлива цена имаат.
Гледам некои членови имаат тука, па ве молам споделете искуство.
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.583
Поени од реакции
13.220
Дајте предлог за 50цц скутер ама по можност соодветен во големина за повисок човек, да не си ги удирам колената. :D
 
  • Хаха
Reactions: Lu5

Kajgana Shop

На врв Bottom