Скопје

Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Скопјани ги искршија градските велосипеди

Велосипедите се враќаат со помалку делови, а дрски граѓани им ги заменуваат гумите со стари и излижани
Сања Наумовска

Скопјани ги искршија градските велосипеди. Уште не е завршен пробниот период на проектот за изнајмување, а веќе голем број од велосипедите по неколкупати биле на поправка. Граѓаните што ги изнајмуваат за само 10 денари за еден час, ги враќаат искривени, изгребани или, пак, со изгубени делови. Недостасуваат ѕвончиња, синџири, педали, корпи и други делови. Има ситуации кога велосипедот се враќа со оштетена рамка, искривено тркало или дупната гума. Многу чести се ситуациите кога дрски граѓани ја искористуваат поволноста на ниската цена за изнајмување и земаат велосипед само за да си направат замена на делови.

„Се случувало да ни вратат велосипед со стари и излижани гуми, кои очигледно се заменети, бидејќи нашите велосипеди се нови“, велат во Јавното претпријатие „Градски паркинг“, кое стопанисува со 70 градски велосипеди.

Се случува, велат, на пунктот за изнајмување да не остане ниту еден велосипед, бидејќи сите морале да одат на поправка. Оттаму признаваат дека велосипедите што ги добија како донација не се од врвен квалитет и дека очекувале брзо да се амортизираат, но не се надевале дека скопјани ќе смислуваат вакви начини за да ги оштетат.

Засега, велат во „Градски паркинг“, нема да има казнувања, бидејќи се' уште трае тест-периодот на проектот. Сите велосипеди се осигурени. Поситните дефекти се санираат на самото место, на пунктовите за изнајмување на паркиралиштата кај Телеком, „Треска“ и во Аеродром, кај ТЦ „Бисер“. За поголемите оштетувања се ангажира фирма за поправка. Сепак, од Јавното претпријатие најавуваат дека уште отсега размислуваат на кои начини ќе ги заштитуваат велосипедите во идната сезона на изнајмување.

„Постојат повеќе начини да спречиме оштетувања или кражби на делови од велосипедите. Засега размислуваме за можноста секој што изнајмува да остави одреден аванс што ќе му се враќа откако ќе го врати велосипедот неоштетен. Исто така, постои можноста, бидејќи при секое рентање се земаат податоци за изнајмувачот, ако отпосле се констатира штета, тој да биде повикан на одговорност“, велат во „Градски паркинг“ од каде што нагласуваат дека, пред се', очекуваат да проработи свеста кај граѓаните дека ова е единствениот проект што нуди еколошка алтернатива на јавниот превоз во градот.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C36C4C5177EEC946AA5431FC97F257B4

WTF?!?!?! Шо народ, шо стоки ќе бевме.... :tapp:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^
Ја стварно незнам што ќе се прави со овој народ... неправи ништо,зашто неправиш, прави народ-стока незнае како цивилизирано суштество да користи..незнам.
Затоа само огромни казни, мислам дека само казните ќе не отрезнат,овака ко луЃе не се разбираме :uvo:
 
Член од
20 август 2010
Мислења
167
Поени од реакции
24
Jас пак едвај чекав да видам кај ке биде лоциран наредниот пункт.. абе работава иста ко што беше со компјутерите во училиштата, не е ништо за Македончињава. Ејј како само се нервирам :zid:..
 
Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168
Jас пак едвај чекав да видам кај ке биде лоциран наредниот пункт.. абе работава иста ко што беше со компјутерите во училиштата, не е ништо за Македончињава. Ејј како само се нервирам :zid:..
а шо има ти да се нервираш од твои пари да не се купени ?
купени се за сите нас а колку ке ги чуваме тоа зависи
 
Член од
20 август 2010
Мислења
167
Поени од реакции
24
а шо има ти да се нервираш од твои пари да не се купени ?
купени се за сите нас а колку ке ги чуваме тоа зависи
како да не се нервираш кога гледаш какви несовесни и неморални луѓе постојат.. ни казни ни нишо не помага, ѓубре од народ сме ете тоа е :kesa:..
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Па нема пари бе луѓе нормално е. Обратно е напраено. Место да ги обогатиш луѓето па да им даеѓ беспари. Ти им даваш беспари додека немаат за јадење. Нормално дека лепче е побитно од гума на точак. Не е до луѓето, до парите е.
 
Абе и до менталитетов наш е (само се гледа да се украде нешто, да се прелаже, веќе не се гледа кој пие а кој плаќа).. знаеме сите дека е беспарица, сите сме осетиле по нас али тоа не е решението. Инаку кај нас ништо повеќе од неколку месеци не трае - тоа е факт!:salut:..
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
STOKA...Na prost narod samo kamsik....Kaj sme nie dorasnati za vakvi proekti...Najdobar proekt vo Skopje bi bilo da se otvori park za demoliranje, neka se stavat tamu stari koli , avtobusi, trafiki, tocaci i neka se pusta "bagrata" da demolira i da si gi zadovoluva svoite manijacki potrebi...Mislam deka toa bi bil odlicen poteg za site onie koi imaat potreba od lecenje kompleksi, naboj na nasilstvo i slicni necovecki nagoni...
 
AХ што си само у право...:toe:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.174
Поени од реакции
84.025
Охохо, бесплатни делови за точак!
Не сум знаел.
Отидов ја да видам има ли останато нешто....

(не возам точак, али бесплатно си е бесплатно, кој ти дава)
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Кое е најпогодно дрво во Скопје -ама да е некаде во Центар де - та да го направиме „дрво на цуцлите“ како во Шведска
http://i14.photobucket.com/albums/a326/ana2911/2005_0909Image0006.jpg
http://i14.photobucket.com/albums/a326/ana2911/2005_0909Image0007.jpg
http://i14.photobucket.com/albums/a326/ana2911/2005_0909Image0008.jpg

или дрво на мартинките ко во Софија
http://dariknews.bg/uploads/news_images/201002/photo_verybig_485404.jpg
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Над 2000 граѓани на Скопје појадуваа на Камениот мост

19.09.2010 - 09:44 |

Гладни, некултурни или претерано ненаситни. Овие придавки може да се стават зад најголемиот број од оние над 2000 посетители кои уторово го наполнија камениот мост, на појадокот кој во чест на празникот Богородица го организираше скопскиот градоначалник.

Идејата прекрасна, организацијата на високо ниво, но гостите, или најголемиот дел од нив, како прв пат да гледаат храна. Наместо да дегустираат, тие јадеа и повеќе од што можеа, а за максимално да го искористат моментот, си ги полнеа и торбите, да имале за дома.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/nad-2000-gragjani-na-skopje-pojaduvaa-na-kameniot-most

Goce treba da izleze od francuskiot film vo koj e vlezen, toj e sepak gradonacalnik na Skopje a ne na Pariz.Ne vikam deka vakvi manifestacii ne mi se dopagat no navistina seuste ne sme dorasnati za ovoj tip na uzivanje...Ceca, peceni prasinja i alkohol toa e nasiot glaven grad...
 
Или едно соларно дрво на сред Скопје- ко она пред некоја недела што беше поставено во Солун- првото и единственото во гејлада
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Над 2000 граѓани на Скопје појадуваа на Камениот мост

19.09.2010 - 09:44 |

Гладни, некултурни или претерано ненаситни. Овие придавки може да се стават зад најголемиот број од оние над 2000 посетители кои уторово го наполнија камениот мост, на појадокот кој во чест на празникот Богородица го организираше скопскиот градоначалник.

Идејата прекрасна, организацијата на високо ниво, но гостите, или најголемиот дел од нив, како прв пат да гледаат храна. Наместо да дегустираат, тие јадеа и повеќе од што можеа, а за максимално да го искористат моментот, си ги полнеа и торбите, да имале за дома.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/nad-2000-gragjani-na-skopje-pojaduvaa-na-kameniot-most

Goce treba da izleze od francuskiot film vo koj e vlezen, toj e sepak gradonacalnik na Skopje a ne na Pariz.Ne vikam deka vakvi manifestacii ne mi se dopagat no navistina seuste ne sme dorasnati za ovoj tip na uzivanje...Ceca, peceni prasinja i alkohol toa e nasiot glaven grad...
Какви глупости.
A1.com.mk напиша:
Од организацијата не сум задоволен, затоа што не можат да се снајдат, меѓутоа ние не сме англичани, според тоа со време ќе се научат“, велат граѓани.
a1.com.mk напиша:
„Јас ова го гледам како комерцијален настан кој веројатно промовира и некој профитира“, вели граѓанка.
a1.com.mk напиша:
„Има многу случаи кога граѓаните одат на појадок, кога одат на пикник, кога заедно се дружат, тргнувајќи од таа идеја, од таа традиција во Македонија, ние се решивме да го организираме овој настан“, изјави Коце Трајанов.
Организацијата беше ужас, сам можам да сведочам зашто во саботата вечер не ме пуштија да поминам по камени мост, симболот на градот Скопје и на сите Скопјани, воедно и мој. Да има некаква основа да биде забрането поминувањето цела ноќ, ќе разберам, но при толку полиција, зарем некој ќе им украдеше столче?

Второ, Коце Трајановски, револуционерот, е срамот на Скопје и само покажува дека овој град има малцинство Скопјани. Граѓаните на ова место се аморфна идиотска маса чим успеа да го изгласа. Секој негов потег е проследен со смеа и неверување.

Трето, по овој срам кој го доживеавме, единствено што ни останува е да отвориме нова тема на форумот со нагаѓање која ќе биде следната глупост и да се смееме на тоа бидејќи сигурно ќе се случи. Да тагуваме е бесмислено, ја поминавме таа фаза.

п.с. Што е со дрвото од Солун кое сме го копирале? Ај нека ми пообјасни некој?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom