- Член од
- 15 мај 2008
- Мислења
- 947
- Поени од реакции
- 99
Скопјани ги искршија градските велосипеди
Велосипедите се враќаат со помалку делови, а дрски граѓани им ги заменуваат гумите со стари и излижани
Сања Наумовска
Скопјани ги искршија градските велосипеди. Уште не е завршен пробниот период на проектот за изнајмување, а веќе голем број од велосипедите по неколкупати биле на поправка. Граѓаните што ги изнајмуваат за само 10 денари за еден час, ги враќаат искривени, изгребани или, пак, со изгубени делови. Недостасуваат ѕвончиња, синџири, педали, корпи и други делови. Има ситуации кога велосипедот се враќа со оштетена рамка, искривено тркало или дупната гума. Многу чести се ситуациите кога дрски граѓани ја искористуваат поволноста на ниската цена за изнајмување и земаат велосипед само за да си направат замена на делови.
„Се случувало да ни вратат велосипед со стари и излижани гуми, кои очигледно се заменети, бидејќи нашите велосипеди се нови“, велат во Јавното претпријатие „Градски паркинг“, кое стопанисува со 70 градски велосипеди.
Се случува, велат, на пунктот за изнајмување да не остане ниту еден велосипед, бидејќи сите морале да одат на поправка. Оттаму признаваат дека велосипедите што ги добија како донација не се од врвен квалитет и дека очекувале брзо да се амортизираат, но не се надевале дека скопјани ќе смислуваат вакви начини за да ги оштетат.
Засега, велат во „Градски паркинг“, нема да има казнувања, бидејќи се' уште трае тест-периодот на проектот. Сите велосипеди се осигурени. Поситните дефекти се санираат на самото место, на пунктовите за изнајмување на паркиралиштата кај Телеком, „Треска“ и во Аеродром, кај ТЦ „Бисер“. За поголемите оштетувања се ангажира фирма за поправка. Сепак, од Јавното претпријатие најавуваат дека уште отсега размислуваат на кои начини ќе ги заштитуваат велосипедите во идната сезона на изнајмување.
„Постојат повеќе начини да спречиме оштетувања или кражби на делови од велосипедите. Засега размислуваме за можноста секој што изнајмува да остави одреден аванс што ќе му се враќа откако ќе го врати велосипедот неоштетен. Исто така, постои можноста, бидејќи при секое рентање се земаат податоци за изнајмувачот, ако отпосле се констатира штета, тој да биде повикан на одговорност“, велат во „Градски паркинг“ од каде што нагласуваат дека, пред се', очекуваат да проработи свеста кај граѓаните дека ова е единствениот проект што нуди еколошка алтернатива на јавниот превоз во градот.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C36C4C5177EEC946AA5431FC97F257B4
WTF?!?!?! Шо народ, шо стоки ќе бевме....