Скопје calling... асална Архитектура needed!

Дали ви се допаѓа архитектурата во Скопје?


  • Вкупно гласачи
    236

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Ај се е ок со градбиве ама зашто ги градат црквата и капијата неам појма.......
Без нив проектов е топ.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Кога ќе пораснеме сите ќе видиме дека сето тоа што Марсовка, Шедоумен и Солид го споменаа е битно -за некого подеднакво, за некого едното или другото...сепак да се опулиме околу нас, да видиме што од тоа досега е направено во име на заштеда на средства...леб им се дава колку што им се дава на луѓето-ништо, централи и сообраќајници се градат колку што се градат, а Скопје е такво какво што е...интензитетот и обемот на градење во Скопје -не гледам поврзаност со социјалните подобрувања и инфраструктурата. Камо среќа тие средства да одеа каде што ви беа предлозите -на стандардот и инфраструктурата.

Досега такво нешто не се приметува иако досега државата не градеше во центарот на Скопје односно немаше вакви зафати. Не работи ни апаратот за магнетна резонанца (на институтот за радиологија), нема пари одвоено ниту за децата од подфорумот "хуманитарни акции", реалноста е сурова...токму ради тие болни деца не се ни осмелувам да бранам-прекинав со постови овде, но ниту пак ради минатото иам зошто да напаѓам кога не се градеше вакво нешто, а апаратите, хуманитарните акции беа зафрлени на маргините и улиците исто беа со дупки.

Додуша, подфорумот е нешто повеќе од социјална грижа и економија, па најверојатно мојот пост е малку вон темата за естетика, архитектура и слично.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Кога ќе излезеш од пубертет ќе сватиш дека автопати, сообраќајници и електрични централи се потребни за една држава да напредува и функционира. Без кои згради , музеи и склуптури би биле ништо освен куп камења :back:
Па ваљда не си паднала вчера од Марс,ооо драга Марсовке.Сигурно си имала прилика да прошеташ низ нашава држава,со твојата летечка чинија,и да видиш дека изградена е обиколница околу Скопје,се градат регионални патишта,Железничка(обиколница)во Охрид почна да се гради...
Извини,ама запустена држава со децении наназад не може да се изгради за неколку години.Битно еден човек да не се врати на власт.
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
147
Незнам зашто се тупи пак со бројки ....

Кога на сериозен градежен инжинер ... такозвани "патар" , ќе му кажеш дека имаш буџет од 80 милинои евра (или 200), за градење на автопат, подземна сообраќајница или слично, ќе се згази од смеење ...

Ај пак да ви рефреширам меморија ...

Километар автопат по афрички стандард = 2 милинои евра
Километар автопат по наш стандард = ~3 милони евра
Километар автопат по европски стандард = ~5 милиони евра
Подземна сообраќајница = минимум ~150 милиони евра

Направите рачун ....
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Незнам зашто се тупи пак со бројки ....

Кога на сериозен градежен инжинер ... такозвани "патар" , ќе му кажеш дека имаш буџет од 80 милинои евра (или 200), за градење на автопат, подземна сообраќајница или слично, ќе се згази од смеење ...

Ај пак да ви рефреширам меморија ...

Километар автопат по афрички стандард = 2 милинои евра
Километар автопат по наш стандард = ~3 милони евра
Километар автопат по европски стандард = ~5 милиони евра
Подземна сообраќајница = минимум ~150 милиони евра

Направите рачун ....
Воопшто не е проблем да се најдат тие финансиски средста ако се има желба. Постојат ЕУ фондови, постојат еден куп меѓународни организации кои финансираат вакви работи, постои ЕБОР... има начини, ако се сака нели?

Само незнам до кога ќе ни се сервираат муабети дека градењето на вакви инфраструктурни проекти е некој sci-fi филм. Подземна сообраќајница е, ништо повеќе.
 
M

marsovka

Гостин
Па ваљда не си паднала вчера од Марс,ооо драга Марсовке.Сигурно си имала прилика да прошеташ низ нашава држава,со твојата летечка чинија,и да видиш дека изградена е обиколница околу Скопје,се градат регионални патишта,Железничка(обиколница)во Охрид почна да се гради...
Извини,ама запустена држава со децении наназад не може да се изгради за неколку години.Битно еден човек да не се врати на власт.
Само обиколница а не знам дали си ти паднат од марс или треба да ти дадам линкови како ни изгледаат автопатите
Со ДУПКИ ПОЛНИ СЕ!
Нејќум ни да зборам за сообраќајниот метеж ( кој барем колку толку се расчисти ) во скопје

Треба уште многу,многу да се работи на инфраструктурата плус увезуваме струја а иамем потенцијал за да ги задоволиме сите потреби за струја плус да продаваме ( нека ме корегира некој ако грешам)

И ти ми кажуваш дека со една обиколница се решава проблемот ? И тоа им дава за право да фрлат у сред ебена економска криза околу 200 милиони на џиџи-миџи пф ситно е за нас нали?
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Само обиколница а не знам дали си ти паднат од марс или треба да ти дадам линкови како ни изгледаат автопатите
Со ДУПКИ ПОЛНИ СЕ!
Нејќум ни да зборам за сообраќајниот метеж ( кој барем колку толку се расчисти ) во скопје

Треба уште многу,многу да се работи на инфраструктурата плус увезуваме струја а иамем потенцијал за да ги задоволиме сите потреби за струја плус да продаваме ( нека ме корегира некој ако грешам)

И ти ми кажуваш дека со една обиколница се решава проблемот ? И тоа им дава за право да фрлат у сред ебена економска криза околу 200 милиони на џиџи-миџи пф ситно е за нас нали?
се извинувам на надлежните за оф топиков

ама

се појавија премногу нестручни кои наместо да сакаат да научат се прават попаметни од стручните
секако политиката неизбежна

драга марсовке ако во некое време се водело грижа за патиштата во овие години како самостојни тоа е сега
планот е готов на ред е реализацијата

подетално да ти објаснувам не е место овде

друго кога се работи за урбаното главни одлики се економски, социјални и политички

се разбира кај нас политичките победуваат како и секогаш

мене ме интересира што ќе биде кога во еден ден илјадници луѓе ќе имаат потреба да ги посетат сите тие објекти кои ќе се изградат.
луѓето ќе одат таму од најразлични причини, што како туристи, што деловно, што од мака... од ова од она... а просторот мал

ќе биде интересно
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.089
Хм пак се враќаме на старото, Владата ништо не гради освен споменици. Конкретно кога сме запнале за патиштата рокот за објавување за концесионерите од 18 фебруари е пролонгиран до 4 април оваа година, затоа што фирмите кои што треба да учествуваат во градењето не ја обезбедиле потребната документација, еве и линк до веста http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=F781C71207A9A140BED516CCF54CA013
Додека на 18 фебруари беа потпишани други договори за концесија за изградба на мали хидроцентрали, еве линк и за тоа http://www.economy.gov.mk/?ItemID=BE6A97BAA5623B4AA5C96D992A6F13B6
Е сега сите што запнаа демек како можела владата да гради такви објекти на плоштадот кога народот гладувал. Еве јас ќе ве прашам, знаете ли вие друга земја каде што министерствата се сместени во изнајмени обијекти односно плаќаат кирија за просторот? И знаете ли вие дека секоја година тие министерства јадат околу 2 милиона евра народни пари кои што се фрлаат на кирии? Знаете ли вие други земји каде што театрите и филхармониите се толку руинирани што нема основни услови за работа? И сега кога ја терате темата натака за стечајците а нема врска со подфорум архитектура, кој ги креираше тие стечајци? Кога си болен од некоја болест, прво нешто што треба да направиш е да ја дијагностицираш причината за настанокот на болеста и после да почнеш да ја лечиш, а не да го кривиш докторот дека не може да те излечи притоа без да му кажеш што ти е и од што си болен.
п.с. никој ли толку не приметува дека Илинденска се проширува и се реконструира или битно е само да се испљука.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
И тоа им дава за право да фрлат у сред ебена економска криза околу 200 милиони на џиџи-миџи пф ситно е за нас нали?
Алоо ма ејјј.Музеи,театри,згради на државни институции,хотели се за тебе џиџи-миџи???Нормална си???
Кој ги гради тие институции???Македонски фирми.
Кој ќе работи во нив??Македонски граѓани.
Значит пак народот имат корист од нив.
Економска криза викаш.Па кога се градени црквите и манастирите низ цела МК.Кога овде течело мед и млеко??Не.
Да се почнеше ова уште во 91-ва сега ќе си имавме среден главен град,модерни автопати и сл.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ова се вика длабинска подготовка и обработка на почва за поставување постамент за споменик :tapp::baeh::baeh::baeh:
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
147
Воопшто не е проблем да се најдат тие финансиски средста ако се има желба. Постојат ЕУ фондови, постојат еден куп меѓународни организации кои финансираат вакви работи, постои ЕБОР... има начини, ако се сака нели?

Само незнам до кога ќе ни се сервираат муабети дека градењето на вакви инфраструктурни проекти е некој sci-fi филм. Подземна сообраќајница е, ништо повеќе.
Незнам зашто се правите паметни ... само сообраќајница а ...
Ај блиц прашање ... некој направил сериозен разговор со патар ... ?


Само обиколница а не знам дали си ти паднат од марс или треба да ти дадам линкови како ни изгледаат автопатите
Со ДУПКИ ПОЛНИ СЕ!
Нејќум ни да зборам за сообраќајниот метеж ( кој барем колку толку се расчисти ) во скопје

Треба уште многу,многу да се работи на инфраструктурата плус увезуваме струја а иамем потенцијал за да ги задоволиме сите потреби за струја плус да продаваме ( нека ме корегира некој ако грешам)

И ти ми кажуваш дека со една обиколница се решава проблемот ? И тоа им дава за право да фрлат у сред ебена економска криза околу 200 милиони на џиџи-миџи пф ситно е за нас нали?
Ај да, ситно .... нашите патишта не ги спасуваат 2 миЉарди евра не 200 миЛиони ...
И батали струјата ... :icon_lol:
 
M

marsovka

Гостин
О, хо, хо рококо



Договори тешки 87 милиони евра се склучени од 2007 до сега само за карабини и за неколку објекти на плоштадот

Само за карабините на неколку објекти што ќе го красат скопскиот плоштад во 2014 година, Владата досега за три буџетски години склучила договори потешки од 80 милиони евра. Објавените склучени договори на интернет-страницата на Бирото за јавни набавки ги побиваат тврдењата на премиерот Никола Груевски дека целиот проект „Скопје 2014 година“ граѓаните ќе го платат со 80 милиони евра во осум буџетски години. Според Бирото, досега за само четири објекти и за уште неколку ситници се потрошени околу 87 милиони евра.

СКАПИ КАРАБИНИ

Според официјални податоци, договорот со „Гранит“ за изградба на објектот на Уставниот суд чини 25 милиони евра, без договорот тежок над 190.000 евра со истата фирма за дополнителни непредвидени градежни работи на истиот објект. Службата за општи и заеднички работи веќе склучи договор со „Бетон“ за изградба на објектот на Министерството за надворешни работи, вреден 16 милиони евра. Владата информира дека за спомениците на плоштадот Македонија досега се издвоени 17 милиони евра за две буџетски години. Затворената карабина на Македонската филхармонија ја гради „Алпине бау ГМБХ“ за околу 6 милиони евра. Од Министерството за култура информираат дека изградбата на Музејскиот комплекс, кој го гради „Бетон“ од Штип, чини 4,5 милиони евра. Изградбата на Стариот театар чини 2,5 милиони евра, а Министерството за култура склучило договор тежок 11,2 милиони евра со „Светлост театар“ од Белград и за набавка, испорака, монтажа и пуштање во работа на опремата и инсталациите, предвидени во проектот за сценско-технолошките системи.

Околу еден милион евра се за инсталатерски работи, електротехнички инсталации и изведби на хидроенергетски инсталации, како и 1,3 милион евра за изведба на градежни, градежно занаетчиски работи и фазите хидротехничи инсталации, електро и машински инсталации на Стариот театар.



Досега се знае и дека за мостот „Око“ и 29-те скулптури на него се планирани 2,1 милиона евра. Платени се 1,1 милион евра за восочните фигури во музејскиот комплекс и уште 600.000 евра за тематски слики, портрети на историски личности. Сите овие објекти и споменици досега тежат 87 милион евра.

Допрва треба да се избере изведувач за зградата на Агенција за електронски комуникации, објектите на Обвинителството и Финансиската полиција, триумфалната порта, куполите над Собранието. Според експертите, и тие нема да чинат помалку од по 10 милиони евра за објект. Треба да се градат Колонада, други мостови, фонтани, летниковци... По изградбата на сите објекти, дополнителен трошок ќе биде и ентериерното уредување на зградите.

РАЗЛИЧНИ МАТЕМАТИКИ

Васе Доневски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, објаснува како оди изградбата на објектите.

- Прво се изработува проектна програма, која ја работи инженер-архитект, потоа има огласи за идејно решение на објектите, се плаќаат околу 1.000 евра, потоа се бара изведувач, кој се плаќа по подготвена ситуација, има и фирма за надзор врз градбата. Тие обично чинат во просек по 100.000 денари месечно. Зависи што е предвидено со градбата. Ентериерот секој сам си го уредува, во зависност од потребите. Откако градбите ќе бидат затворени со врати и прозорци, се бараат дополнителен изведувач за ентериерот - објаснува Доневски.

Сите тие дополнителни набавки, заборавени работи кои треба да се изведат, дополнително влечат уште стотици илјади евра од буџетот по објект.

Премиерот Груевски на проектот гледа како на можност за отворање нови работни места во земјава.

- Ако се земе предвид дека за изградбата на еден објект просечно се ангажираат 800 работници и ако се знае дека ќе се градат десетина објекти, ќе бидат ангажирани 10.000 работници. И приватните инвеститори ќе отворат нови работни места, значи индиректно 15.000 лица ќе бидат ангажирани за градба и дополнителни 20.000 лица од кооперанти. Тие сите имаат семејства, па 150.000 жители ќе имаат корист од проектот - рече премиерот.

Тој беше дециден дека „Скопје 2014“ ќе чини 200 милиони евра.

Александра Филиповска


Ахмети: Плоштад со мултиетнички карактер

Во проектот „Скопје 2014“ ќе се вклучи и поставување споменици на важни личности од албанската историја, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

- Со коалицискиот партнер ги разгледуваме сите можности. Пристапот е позитивен и имаме согласност дека плоштадот на Скопје ќе ја отсликува мултиетничноста на државата. Мислам дека за овие прашања треба да надвладее разумот и да не се предизвикуваат судири - рече Ахмети.

Неофицијално дознаваме дека меѓу понудените личности за споменици на плоштадот се споменуваат албанските преродбеници Јосиф Багери, Хасан Приштина и првиот министер во првата повоена македонска влада Неџат Аголи. ДУИ ќе бара на плоштадот да има и споменик на загинатите припадници на ОНА, но мали се шансите да го протуркаат тој предлог.

Прашан дали ја поддржува идејата да не се градат верски објекти на плоштадот, Ахмети рече дека најважно е прво да се најде заеднички јазик меѓу двете религии во Македонија и да не се создава незадоволство меѓу заедниците.

Во ВМРО-ДПМНЕ вчера брифираа дека не се против обележја на сите личности од историјата чии дела не се причина за создавање тензии.

СДСМ го обвини премиерот дека проектот е „криминален, ненароден и забеган“.

- Лажен е зашто Груевски вчера кажа дека ќе го направи во 2018, а не во 2014. Се обиде да ја излаже јавноста дека ќе чини 80, а не 200 милиони евра. Проектот е забеган зашто единственото објаснување е дека ќе биле ангажирани повеќе градежни фирми и работници - рече Игор Ивановски од СДСМ. (М.Т.)


#
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=AFB233332C0F074ABD39BCAAB29F6C20
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
За Скопје 2014 досега се потрошени 101 милион евра

Владата на средина на проектот Скопје 2014 веќе ја проби сумата од 80 милиони евра што најавуваше дека ќе ја вложи за сите зградите и спомениците.

Според договорите објавени на Бирото за јавни набавки последниот објект на МНР чини 16 милиони евра, зградата на уставниот суд 25 милиони евра, спомениците 17 милиони евра, стариот Театар 16 милиони евра, Музејот на ВМРО 6 милиони евра, Македонската Филхармонија 6 милиони евра, реконструкцијата на Собранието 12, 8 милиони евра, мостот Око со скулптури 2 милиони евра – за овие проекти вкупно се вложуваат – 101 милион евра – дваесет и еден повеќе од проекцијата на власта.

Остануваат за градење повеќе објекти од проектот Скопје 2014 - агенцијата за електронски комуникации, зградата на Обвинителството и Финансиската полиција, Градската куќа, Колонада независна Македонија, Триумфална порта, бројни фасади, мостови, летниковци – подоцна пари ќе треба да се вложат и во внатрешноста на зградите.

Опозицијата тврди дека за Скопје 2014 ќе се потрошат вкупно 200 милиони евра.

Извор







:uvo:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Најбоље е статуата во Вардар. Да, има статуа ВО реката Вардар.
Само незнам како се вика... Македонски давеник можеби? :uvo:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom