Скопје calling... асална Архитектура needed!

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа архитектурата во Скопје?

  • Вкупно гласачи
    236
Корекција - смрдлива септичка јама со панделки и украси ставени на отворот.

Сакаш да почнам каде треба да идат парите ? Живеам у скопје а нема паркинг места, катна гаража да не споменувам, во пола населби по споредните улици нема ни осветлување како што треба , летно време корне смрди од канализацијата и лешевите. До јарболот у порта има отворена тдупка која со месеци зјае , правеле некакви корекции. Кучиња насекаде нема шинтерска служба да ги собере и здоми, да биде уште полошо тие кучиња имаат разно разни болести( грев ме фаќа коа ги гледам) , засолништа за бездомници нема, просјаци колку сакаш, стари прастари автобуси. Кич градби со уште покич фасади.
Ѓубре колку сакаш ...
И ТИ МЕНЕ МИ ВИКАШ ДЕКА СО ОВОЈ ПРОЕКТ ПАЛАНКАВА ПАРДОН ГРАДОВ ЌЕ ЗАЛИЧИ НА НЕШТО ?! :не заебавај:

Скопје calling we need shrinks ...

Море треба Трифун да ви се врати на скопјани, само тој е лекот. Тој истиот Трифун кој сега седи заедно со Архибригадирите на барикади, и кој до пред една година беше градоначалник.
 
И самиот назив -асална архитектура- за некого е премногу битна во центарот, за некого и не баш. Ако веќе се "грижат" за релацијата парите-сиромаштијата или урбанизација на Скопје (футуристички стилови...) некому и не е до тоа. Како пример овие 12.000 луѓе (покрај другите кои живеат во исто така многу лоши услови, но досегашните градоначалници немаат мрднато со прст...сега одеднаш се загрижени. Инаку се работи за Скопје, 2 км од центар.

Улицата „Дижонска“ - вистинско гето

18.08.2005 00:00 Околу 12 илјади луѓе овде живеат во беда, од социјална помош, без надеж дека ќе најдат работа. Единствениот излез го гледаат во криминалот, сивата економија и шверцот.
„Криминал ќе има - кога нема работа, мора да се фатат луѓето со нешто, мора да јадат. Има работа само за криминал, друг начин нема. Сакам да најдам работа, ама нема кај да работиш“, изјави жител од „Дижонска“.
Иако само 2 километри оддалечена од центарот на Скопје, „Дижонска“ е далеку од државните институции. Тука се уште се кријат тајните за милитантите и терористите од времето на воениот конфликт. Се краде, пука, а таксистите го избегнуваат квартот.
Жителите велат - никој не прашува како живееме и дали сме безбедни, полицијата не посетува само кога апси.
„Владата само за фотелја мисли, за друго ништо не мисли. Ако има работа, нормално дека ни полиција нема да доѓа, нема да има беда и нема да има криминал“, вели жител од „Дижонска“.
На „Дижонска“ се живее под сите стандарди, со импровизирана канализација, водовод и осветлување. Да се легализираат дивите градби или да се урнат, општината нема одлука.
Во предизборната кампања и градоначалникот Костовски ветуваше урбанизација на населбата и поголема сигурност на граѓаните. Ниту тој се уште не направил ништо за овој дел од градот.
Кога за промена може да видиме како демонстрираат (и прават фб страни) групите за заштита на Скопје...не го силувајте Скопје пошто одамна е силувано од армија градоначалници, истите оние кои сега повикуваат на зачувување на чедноста на градот. Сите заредом се човеци со политичка, а не и човечка визија. Доколку не се дадеше во реализација новиот проект, дали некому од нас ќе му текнеше дека со тие пари ќе се згрижат сиромаштијата, невработените, ваквите "Хаити" гета, полни со химера-налик криминал?
 
Јас имам една глобална забелешка: со толку натрпани мостови се загрозува моето уставно право на избор. Не може човек да се самоубије и комотно да скокне од мост! Гејзири, скулптури, па ќе се повредиш пред да дојдеш до водата!
Срамота!
 
Скопскиот земјотрес го срамни старото Скопје.Многу препознатливи објекти не се возобновија.Комунистите си имаа своја визија.Само за споредба како градеа комунистите.Две згради во Белград кај железничката станица.Срушени во втората светска војна,по војната возобновени во...не знам каков стил.

n1046577847_30074250_7945.jpg
 
А што треба тоа да ни докаже? Дека не треба да градиме како во комунизмот? Well duuuuh?!?! :uvo:
Е сега, бидејќи Белград немаше земјотрес, ама имаше томахавки, еве како ги средија тие нивните згради по нивниот “удес“.
Belgrade%20Bomb%20damage.jpg

Прекрасно ги решија... алал вера. :bravo:
Се слагам, нашево е боље, барем темелите ти даваат надеж дека нешто ќе се крене, ова спросково ми го спушта... духот, оптимизмот.
 
За твоја информација таа зграда не е реновирана намерно.Наредни генерации да знаат за НАТО-демократијата. :wink:
А не дај боже да се гради како во комунизмот.Креативноста им била на најниско ниво.
 
За твоја информација таа зграда не е реновирана намерно.Наредни генерации да знаат за НАТО-демократијата. :wink:
А не дај боже да се гради како во комунизмот.Креативноста им била на најниско ниво.

За твоја информација, и за сите кои упорно користите оружје архитектура за да исплукате мината власт - тоа не се комуњарски згради, тоа се згради со кои се одликува стилот Модерна во архитектурата. Еден од најреволуционерните стилови во цела историја на архитектурата.

Имајте малу логика. Не била цела Европа „комуњарска“, ама сегде се почитувал овој стил.

Пошто го претерувате со тоа „комуњарското“, ќе почнам да го санкционирам истото одсега.
 
Верно е дека анимацијата СК 2014 вредела 140 000 евра....

И сметам дека потребни се одредении корекции,но имајте предвид Скопје бил еднаш запален...па земјотресот(после него тро згради се саглам)...а денеска е катастрофа,и Сигурен сум дека има потреба од корекции...ова денес не наликува ни оддалеку на метропола...туку повеќе на тетрапак градби спакувани во кутија и шибнати од добавувачот кај кој каде сака.
 
Анализа на проектот

Размислував деновиве бидејќи n-пати го видов спотот со промоцијата на новото Скопје, колку нашите реакции станаа чудесни во вистинска смисла на зборот... Ваљда се што ни се дешава резултира со некаков скриен гнев и револт и импулсивни реакции ни станаа многу нормални.
По подолга анализа на спотот, мислам дека тоа што најмногу пречи на прв поглед (барем мене лично) е униформноста која дава дури печат на безличност. Но, тука доаѓам до поентата на мојот пост: дали првиот впечаток ни иницираше премногу бурна рекција и не успеавме да ги приметиме и добри нешта во целата приказна? (ова не го побивам претходно изложеното мислење туку наоѓам независни делови во проектот кои се на место)
На што мислам: објектот на Филхармонија е стварно убав и интересен, но комплетно ќе биде сокриен со зградата на АЕК и таканеречената Колонада.
Инаку, објектот е многу солиден. Реновирање на фасади е дефинитивно добра идеја, но има еден куп глупости.
Ме интересира вашето мислење во однос на она што е според вас на место а што не; значи да го разложиме малку целиот проект без глобални забелешки.
 
перење пари...:vozbud: што друго да се каже... каков барок какви глупости бе... не ни треба тоа! народот нема леб да јаде,они статуи ке ставаат (знам дека звучам као бранко ц. али тоа е вистината)
 
Сега ако не ги изградиме овиее антички градби и споменици,додека грциве тонат во кризи и протести,тогаш никогаш нема да успееме да ставиме ниеден антички споменик...е сеа размислете дали треба да се одложи изградбата!

п.с а за другите градби,барок ово оно стил шо ќе бидат,тие можат да почекаат!
 
перење пари...:vozbud: што друго да се каже... каков барок какви глупости бе... не ни треба тоа! народот нема леб да јаде,они статуи ке ставаат (знам дека звучам као бранко ц. али тоа е вистината)
Ќе порасниш за некоја година и ќе сватиш дека театри,музеи,згради на државни институции и сл. се основни белези на една нормална држава.
 
Ќе порасниш за некоја година и ќе сватиш дека театри,музеи,згради на државни институции и сл. се основни белези на една нормална држава.

Кога ќе излезеш од пубертет ќе сватиш дека автопати, сообраќајници и електрични централи се потребни за една држава да напредува и функционира. Без кои згради , музеи и склуптури би биле ништо освен куп камења :back:
 
Ќе порасниш за некоја година и ќе сватиш дека театри,музеи,згради на државни институции и сл. се основни белези на една нормална држава.

ќе пораснам,ама и сега на ТВ ги гледам луѓето кои што се вика немаат леб да јадат... не си помислил на нив???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom