Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Не си толку добар со цифри колку што мислиш , проектот Скопје 2014 изнесува 80 милиони евра толку е официјално
Дај да ѕирнам малце и јас во тие официјални бројки ? Не сум знаел дека имало транспарентност за тоа колку се троши во проектот.

, инаку еве нека биде и 120 милиони евра ,
Само тие објектите од лева страна на Вардар коштаат повише од оваа твоја цифра.


Скопје 2014 е проект кој треба да се гради 4 години не 1 година,
Проектот речиси е готов , не знам од кај 4 години ? (Да се градеа патиштата толку брзо како што се градат спомениците)

македонскиот буџет е 2,6 милијарди евра , за 4 години по 2,6 милијади евра тоа е 10,4 милијарди евра
Македонскиот буџет е 2,6 милјарди , од кој пола одат за плати и пензии.
А само 300 милиони остануваат на крај за капитални инвестиции , после ребалансите.


, 120 милиони евра од 10,4 милијарди евра е 1,15%сте се фатиле сите за тој еден процент како слепци за стап.
3 години х 300 милиони евра капитални инвестиции = да речеме 1 милјарда евра

1 милјарда / 300 милиони колку што кошта проектот = 30% од парите за капитални инвестиции последните 3 години завршиле во Скопје 2014та.

30% - 1,15% = 28,85% ( еве за колку си промашил во рачунењето.


Плус многу од државните институции се сега под кирија кога ќе се сместат во зградите од Скопје 2014 нема веќе да плаќаат кирија и за период од 10-15 години каде што веќе нема да плаќаат кирија зошто ќе бидат сместени во свој згради , ќе се поврати инвестицијата.
Кириите се 1,8 милиони евра годишно.

Парите ќе ги вратиме после 150 години.


Плус Скопје 2014 има и друг ефект што ретко некој го предвиде го зголеми бројот на странски туристи во Скопје не мора ни да гледаш статистики доволено е да се прошеташ во центарот на градот да видиш дека има многу повеќе туристи има последниве две години отколку пред да се почнеше да се гради Скопје 2014, нема турист што не слика покрај фонтаната или кај други споменици, тие туристи трошат пари во Скопје пијат, јадат по ресторани спијат по хотели или мотели, од тие пари што трошат освен што се развива услужната дејност и државата ќарува од нив преку ДДВ од услугите што ги користат.
Растот на бројот на туристи е толку мал , што не сум сигурен дека тој раст е доволен за да се одвојат пари за оджување на спомениците за една година.

А раст на туристи има во целиот Балкан.
Дури и на Косово , каде само во вториот квартал од 2012та во споредба со лани , бројот на странски туристи е пораснат за +5.000

А во споредба со 2008ма , бројот на странски туристи е зголемен за речиси 2,5 пати.

Што е работата , они немаат Приштина 2014та ?


Инаку административците што земаат плата за само 4 месеци секоја година трошат колку што вреди цел Проект Скопје 2014 што се реазлизира во рок од 4 години.
Тука си во право.
Само за нововработените 43.000 лица во државните институции во периодот 2007-2011 , ние годишно издвојуваме 160 милиони евра. Да не ги вработеа таквите , годишно ќе имавме на располагање уште 160 милиони за изградба на некој автопат. Но ние избравме вработувања наместо инфраструктура.

Па затоа сме парадокс , имаме раст на буџет , но намалување на капитални инвестиции.
 
F

FARANG

Гостин
Се слагам само со овој дел али јеби га потпишаа некој будали рамковен договор наместо да го срамнат арачиново со земја па сега мора да вработуваме кретени у администрација за да исполнуваме бенчмаркови. Што ќе ни се патишта кога за некоја година пак тие вработини со пушки на рамо ќе ни ја рушат инфраструктурата.

Само за нововработените 43.000 лица во државните институции во периодот 2007-2011 , ние годишно издвојуваме 160 милиони евра. Да не ги вработеа таквите , годишно ќе имавме на располагање уште 160 милиони за изградба на некој автопат. Но ние избравме вработувања наместо инфраструктура.

Па затоа сме парадокс , имаме раст на буџет , но намалување на капитални инвестиции.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
За Хрватите, „Скопје 2014“ е успешен туристички проект

Фамозниот проект „Скопје 2014“ туризмолозите сѐ повеќе го третираат како успешен пример, и покрај забелешките за архаичност и античка архитектура. Додека другите ламентираат на тема туризам, планирање и инвестиции, Македонија на мала врата го истурка и материјализира „Скопје 2014“ и конкретно покажа дека оспоруваниот проект може да биде не само корисна инвестиција туку и клучна тема на туристичките собири и семинари

СПОМЕНИЦИТЕ СТАНАА ТЕМА НА „КРОАЦИЈА БИЗНИС-ОПЕН“ ВО УМАГ
„Не, тоа не е случајно, тоа бара внимание и сериозни анализи“, вели хрватскиот туризмолог Анте Калитерна, обидувајќи се да го толкува вистинскиот бран коментари, кои се однесуваат на проектите „Еко-Македонија“ и незаобиколниот „Скопје 2014“, што во последно време можат мошне често да се слушнат низ Хрватска. Имено, тој тврди дека Македонија се изборила за своето место под сонцето во регионалниот туризам, што впрочем го потврдуваат и жолчните полемики што се водат на сите меѓународни туристички форуми и стручни трибини што се одржуваат во Хрватска.

Корисна инвестиција

Токму во анализите на најчувствителната материја во туризмот, а тоа се планирањето и инвестирањето, македонската парадигма се става во фокусот на сите полемики. Еве за што станува збор. Фамозниот проект „Скопје 2014“ туризмолозите сѐ повеќе го третираат како успешен пример, и покрај забелешките за некаква архаичност и античка архитектура. Се наведува дека додека другите ламентираат на темата туризам, планирање и инвестиции, Македонија на мала врата го истурка и материјализира „Скопје 2014“ и конкретно покажа дека оспоруваниот проект може да биде не само корисна инвестиција туку и клучна тема на туристичките собири и семинари. Токму тоа сакаше да го каже и хрватскиот стручњак Калитерна кога се обиде да ги протолкува многубројните коментари и полемики што се однесуваат на македонските проекти.

На неодамнешниот „Кроација бизнис-опен“ во Умаг, на маргините на собирот често се спомнуваа Скопје и многубројните споменици што никнале во градот, заедно со неколку монументални антички зданија, иако тоа не беше предвидено во официјалната агенда на елитниот стопанско-туристички собир. Акцентот беше на тоа дали таквите инвестиции се потребни и корисни и дали таква визија може еден ден да биде профитабилна. Интересно е што сите се согласиле оти е добро да се вложува и инвестира во јавно градење, а единствената забелешка е тоа што е инвестирано во згради што имаат политичка улога и конотација наместо во комерцијални конструкции што за кратко време би можеле да привлечат нови странски вложувања. Но, факт е дека ни во кулоарските дискусии македонскиот проект не е третиран како апстрактен и доктринарен, а уште помалку промашен, туку како парадигма и успешен експеримент во практиката на туристичкото планирање и инвестирање. Нема подобар доказ од тоа што последните години преку проектот Македонија сѐ повеќе ја препознаваат во медиумските и туризмолошките кругови.

Додека другите мудруваат, Македонците градат

Неодамна се огласи и познатиот американски новинар од „Волстрит журнал“, Вилијам Бостон, кој објавил репортажа за Скопје и проектот „Скопје 2014“ и мошне афирмативно се изразил за тој вид вложување без оглед на многубројните забелешки и критики за таканаречената градежно-инвестициска антиквизација и редица политички осила, кои од тоа произлегле во жешката балканска констелација. Тој вели дека Македонците барем нешто конкретно направиле додека другите мудруваат и филозофираат на белосветските туристички конгреси и форуми, и додава дека на Македонија ѝ се неопходни и потребни вложувања, а вложувањето во јавно градење е трајна и капитална инвестиција што во иднина на сите ќе им се исплати.

Во призмата на овие полемики хрватските стручњаци подвлекуваат дека Македонија на туристите може да им понуди и многу повеќе од псевдоисториските објекти што се изградени последните години и кои без сомнение остануваат добра мамка за привлекување гости. Добар пример е македонскиот проект „Еко-Македонија“ со кој државата се позиционира како туристичка дестинација со негибната природа и фасцинантна понуда на органска храна. Во хрватските медиуми е забележана и изјавата на македонскиот министер за економија Ваљон Сарачини, кој истакнува дека сличностите и разликите ќе бидат главниот адут на македонскиот туризам и констатира дека сѐ повеќе јакне туристичката соработка со другите земји, што ја потврдува тезата за Балканот како глобална туристичка дестинација.

Ги прашавме хрватските соговорници имаат ли некоја воопштена сугестија за македонскиот туризам. Тие беа единствени во ставот дека идејата за интердисциплинарен пристап кон туризмот постојано мора да биде присутна, а секако и ставот на претседателот Иво Јосиповиќ дека секој министер во владата делумно треба да биде и министер за туризам

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91912918321&id=9&prilog=0&setIzdanie=22683
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Ma, остај, сега очекувам да никне “Загреб 2014“, проектиран од нашите ценети архитекти - автори на нашава 14-ка (кој рече дека тоа е Груевски?). Сепак, такви таленти се насекаде барани. Може и “Њу Јорк 2014“ да направат - ако најдат време - да им го оправат туризмот и на Американците.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Ќе се потрошат нови 700 илјади евра за дополнителни работи во „Стариот театар“

Министерството за култура во текот на вчерашниот ден потпиша уште еден договор со австриската компанија „Штрабаг АГ“ за дооформување на идното седиште на Македонскиот народен театар. За изведување на дополнителни и непредвидени работи на објектот „Стар театар“ кои не се вклучени во основниот договор ќе се потрошат 42.730.316 денари или околу 700 илјади евра. Со истиот субјект во април годинава веќе беше склучен договор надвор од предвиденото во износ од 365 илјади евра за занаетчиско ентериерни работи, мебел, опрема, орнаментика и осветлување. Во објавените информации на интернет – страницата на Бирото за јавни набавки не се наведува конкретно во кои цели ќе се инвестираат финансиските средства, но судејќи според моменталниот степен на комплетираност на зградата, се очекува тие да се потрошат за целосно завршување на ентериерот на театарот.


Со склучувањето на последниот договор, дефинитивно се одложува за дополнителни осум месеци финализирањето на ова здание од проектот „Скопје 2014“, така што свеченото пуштање во употреба на „Стариот театар“ би се одржало најрано во мај 2013 година, под услов да се почитуваат роковите од договорот. Објектот започна да се гради со поставување камен – темелник пред повеќе од шест години. Првичната најава за финансиската конструкција на архитектонскиот дел од проектот изнесуваше над 6 милиони евра, а досега потрошената сума достигна преку 26 милиони евра.

Идното седиште на Македонскиот народен театар е предвидено да има две сцени, големата сала со капацитет од 756 седишта и малата сцена која ќе има 236 седишта. На фасадата од објектот ќе се изведат 46 скулптури, додека барокниот ентериер ќе биде составен од позлатени тавани, ѕидови, театарска сала и мебел. Во внатрешноста на театарот ќе се постават и уметнички слики како и специјално осветлување. Идејното решение за „Стариот театар“ го изработи архитектот Јован Стефановски – Жан, градежните работи ги изведува компанијата „Бетон“ од Штип, а ентериерното уредување на објектот го реализира „Штрабаг АГ“.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Шубо ќе беше да можев да гледам во HDR. :place:
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Член од
8 септември 2012
Мислења
48
Поени од реакции
18
Некои работи се ок,ама некои се претерување, 21 век ера на дизајнот,па да се враќа Скопје како што било пред 50 год нема логика,а уште помалку да се гради во Барок стил што било тренд пред 4 века!!!а исто така во толку мал град толкави споменици па и сега зграда од не знам колку ката,погледнете поубаво нема пропорција,и кога нешто е премногу, не е убаво за око,за сите пари што се дадени до сега можеше да се направи нешто оригинал,некој концепт што Скопје ќе го прави познат како град,да го направи оригинал,а не копии од ваму од таму собрани идеи,имаше шанса да се направи модерен град каков што доликува во ова време,а не нон стоп да се докажува нешто историски на нашите соседи и на сите други. Баш напротив ако си во право нема толку да се трудиш да се докажуваш,да ставаш споменици за инат,и да правиш циркус сите на мајтап да те зборат,ако така се докажуваме кај е нашиот идентитет и гордост?,не го кажувам ова дека сум политички ориентирана,баш напротив не сум фан на ниедна од нашиве политички партии,треба некои работи да се согледаат со свои очи и свое мислење,а не заради политичката партија со која се согласуваш...не може се да ти се свиѓа некој што прави/....
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Ги гледам сликиве погоре, и не знам зошто, али ми се чини ко да ја гледам Будимпешта кога почнувала да се гради во период од 16 до 18 век, ...

Мислам дека покрај се друго, во целиов овој проект Скопје 2014, ко да има има една голема носталгија, но не од оние луѓе што ги нарекуваат „комуњарите“ - демек биле југо-носталгичари, го сакале Тито па сега заради тоа и се бунтуваат против „Скопје 2014“, туку сосема спротивното...

Се чини дека „Проектов“ е инфантилен израз на комплекс на ниска вредност, па оттука практично и е е израз на имагинарна неостварена потсвесна желба од „детството“ - во смисла кога сме биле „млади како држава“. Додека цела Европа била у барок, ние сме биле под турско. Па така, нашето детство, од 1945 година до 1990, имало сосема поинаков, модерен, уметнички и архитентонски раст.

Оттука, ваквото инфантилно навраќање, не е продукт на потреба, туку продукт на нервоза и комплекс кој е создаден од 1990 година до денес, и тоа комплекс по заборавената меморија за што навистина се случувало и зошто во периодот пред 1945 (пред илинден, илинден и пост-илинденски период) ; /Впрочем тоа наликува на моментот кога човекот си го поставува прашањето - „Дали јас можам да се сетам што сум правел и каков сум бил како бебе?“/. Од тие причини се лута со архитектонскиот стил, како прво ако е избра Барокниот (Нео-класичен) стил, тогаш, нели следствено треба да се изберат и уникатни елементи, домицилни, па всушност со тоа испаѓа дека се обкелува „Македонија- како држава“, т.е. се облекува персонификацијата за „Мајката“, додека, изборот и лутањето кој „херој“ да се стави на восочна или брознена фигура, е сосема природен - да се избере таткото - т.е. оној што ги зачнува хероите, за мајката да може да ги роди. Токму таквите „татковци“ овде добиваат „божествена“ аконотација, нешто слично како паралелата меѓу Ѕевс, како татко - Врховен бог, кој е татко на сите херои во старо-елинската митологија, додека мајката може да биде и различна (божица, нимфа или смртник); во овој случај ќај нас мајката е „идеалот“ - кој исто така добива „божествена“ конотација. Поради тоа, со чувство на срам од препознавање и адаптирање, се избираат теми што се туѓи, но со лична конотација, за да се вклопи во друштвото и идентификува со него. Овде не е толкав проблемот на себеидентификација, ами на идентификација и вклопување со околината. Оттука и комплексот на ниска вредност. (простачки речено тоа би дошло како - „Не сум бил вреден и дотоен за претходно да бидам со вас, но сега еве ќе направам да бидам!“)

Резултат на сево ова е токму, како што реков, инфантилно изразување на комплексот на ниска вредност, но кое што свесно предизвикува нервоза по поимањето и претставувањето на чувството за идентитет пред себе и пред очите на другите. Тоа е така, затоа што од 1945, историски земено, започнало градењето на младиот идентитет - учењето; кое што како континуитет требало и треба да се продолжи во таа насока (со оглед да веќе е изграден и секое друго мешање предизвикува конфликт). Поради тоа, ефектите на овој „нов проект - Скопје 2014“, опишан како погоре, во суштина е конфликтен, бидејќи психички не соодветсвува со идентитетската матрица која што самите сме решиле и ја градиме, па заради тоа е и повеќе од нервоза. Таа е шизофрена, па поради тоа и се лута со идентитети - типичен пример е апликацијата и реадаптацијата на „Паркот на Жената Борец“ - сега во него доминираат машки скулптури, и тоа од различна идеолошка и идејна матрица, од војводи, до борци од АСНОМ, бранители 2001, па дури и Прометеј со Божицата Ника на 4 коња (типичен пример на мавзолеј - обожување на смртта); а името сеуште е старо - „паркот на Жената Борец“..

Лутеле се или не, но тоа е тоа.. ;)

 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.593
и тоа комплекс по заборавената меморија за што навистина се случувало и зошто во периодот пред 1945 (пред илинден, илинден и пост-илинденски период) /Впрочем тоа наликува на моментот кога човекот си го поставува прашањето - „Дали јас можам да се сетам што сум правел и каков сум бил како бебе?“/.
Ова е најголема причина за сите срања што ни се случуваат како народ. Факт е дека имаме комплекс што влече корени од тој период. Можеме и мораме да го осветлиме тој период. Политиката на пикање под тепих на тие 50 години се покажа како контрапродуктивна, екстремно контрапродуктивна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom