Убава е зградата , скулптурите ја нагрдуват само, јас би ги сместил во некој парк на пример паркот на цивилизациите кој се планираше на Кале.
Инаку Скопје 2014 не е лош проект пробемот е што има многу работи кои се за разместување или дислоцирање. А некој работи богами се и непотребни.
Топ 6 на непотребните работи за мене се:
1. Плажата пред театарот (не е дел од проектот ама е грда невидено, Шутка во центар и тоа пред институција од културата).
2. Сплавовите во центар (исто не се дел од проектот но се невиден Кич и тоа во центарот да ги сместат во Аеродром или во парк не би имал ништо против).
3.Ткалото (истото важи како за првите две)
4.Каруселот (истото важи како за првите три)
5.Врбите (мизерија жива и тоа скапа мизерија, навистина на ништо неличи дури и фонтаните се подобри од нив, непотребно навистина).
6.Зградата на АЕК каква инпровизација невидена се со цел да се затвори погледот кон МНТ навистина непотребно.
За преместување на дел од објектите не би должел. Иако и тука има многу работа. Но се на се проект како Скопје 2014 му требаше на Скопје за жал во некој работи се отие предалеку, без вкус и осет за локација.