Не сме се разбрале.Не одат од кај нас 20.000 во Софија/Белград, ама од цел Балкан.Истото би било и овде.Скопје е на отприлика 200 км од Софија, Ниш, Подгорица и Солун; 90 км од Приштина; ~300 од Тирана, 450 од Белград, 500 од Сараево.Или со други податоци: на 30 км од Косово, на 100 од Бугарија, на 170 од јужни комшии, 150 од ЦГ, 200 од Албанија, ~500 од Хрватска,Босна итн.Ако можат од кај нас да одат до Белград можат и обратно.20.000 публика во Белград се од цел Балкан.
Верувај не ти пеат тие за (по)ефтини пари, нивната цена е таа и таа.Ако им одговарат на Авалон на пр. ОК, ако не одат кај друга продукција.Е сега проблемот е освен финансискиот дел, нивните барање се и од инфраструктурен дел.Пример, објект од 15.000-20.000, па и нагоре.За концерти сега можат и на Филип 2 Авалон ако се осеќаат ептен спремни.
Металург за БТ до завчера продаде 7.000 карти.Капацитетот за ракомет е 8-8.500, сигурно се тие 1.500 чувани за некого, ама ќе бидат искористени.Со Хамбург е закажано за викендов, ти гарантирам уште толку ќе бидеа продаени да имаше поголем капацитет БТ.А сигурно и околу 10.000 публика ќе видиме протнати некако.
На Кометал му отиде спонзорот таков е животот, денес си утре не си.По твојава логика во Бугарија, Србија, Босна салите на кошаркарските екипи не би требало да се над 2.000 капацитет.Албанија и без сали би требало да се.
Имаме репрезентации во нагорен од, а за одбојкарски екипи имаш Прва Лига: Работнички, Синалко ,Струмица, Борец, Шкендија, Лирија итн.
А ако мислиш за поголема поддршка за младинските категории, се согласуваме.Ама поголеми објекти си се потребни паралелно со развојот на младинските.
Ако ме разбра ОК, ако не - не мачи се да ми реплицираш.