Скопско пиво, најдоброто пиво од Македонија? Или не?

  • Креатор на темата Svetovid
  • Време на започнување

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.746
Поени од реакции
18.496
"скопско е најдоброто од сите македонски пива" мислев на пивата што се произведуваат во мкд како крали марко, даб,горско итн... "инаку не е најдоброто во македонија" мислев на тоа дека скопското не е подобро пиво од амстел и хајникен во мкд...дали е јасно? :salut:
Требаше да пишеш не е најдоброто што може да се најде во Македонија, а сепак најдобро од нашите, како и да е да сега е јасно :)
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Требаше да пишеш не е најдоброто што може да се најде во Македонија, а сепак најдобро од нашите, како и да е да сега е јасно :)
Можи да речиш дека е најдобро рекламирано, а иначе на кој колку му е убо е релативна работа. Мене не ми е убо за пиење Скопско, Даб пак убо ми е, има луѓе не можат ни да мириснат Даб. Има некој му е многу ѕидарско селско Дабот, незнам како да речам, му е испод чест со Даб врака да бидат видени.

Многу работи маркетиншки влијат на то како ќе го доживејш некое пиво, да влезиш некаде во пивница и да ти кажат дека служат едни од најдобрите светски пива и да ти наплатат 10 пати поскапо и да ти кажат некоја интересна приказна за то колку е традиционално и совршено пивото шо го пиеш, после и Крали Марко да ти турат и Горско тебе најубо ќе ти се гледа.

Ова баш ме кладе во мисла, се мислам да му речам на некој да ми тури во иста чаша од сите пива достапни на македонскиот пазар и без да знам кое во која чаша е, да си одберам најубо.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.510
Поени од реакции
8.117
Крали Марко пиев само во војска. ЈБГ војник не пребира, што му дадеш да пие, тоа ќе пие, уште ако е гага, мх мх мх...
Скопско и Даб ми се омилени во зависност од периодот. Некогаш иам Скопско периоди, некогаш Даб периоди.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
17.055
Поени од реакции
51.421
Скопско е најубаво од лименка или мала флаша, после ѕидарското и на крај Магнумот. Магнумот е ужас, тоа е уствари дрнчот од сите казани, и како такво е полошо и од дабот.
Дабот е грдо пиво, ама е практично, во беспарица ако си, а си излезен во град со еден даб можеш да исетераш добри саат време лигавење, дека грдо пустото, брзо и да сакаш не се пие.

Крали Марко не го сврстувам во пива, не може нешто да смрди на чорапи и да се продава на народ !
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
За мене си е најдобро, особено од лименка.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Влегуваат во кафич Амстел, Хајнекен и Скопско. Амстелот порачува Амстел. Хајнекенот порачува Хајнекен. Скопското порачува Пепси. Го прашуваат:-зошто порача пепси? -Па кога никој не пие пиво, нема ни јас.
 
H

HITCH

Гостин
Крали Марко а.к.а. мочта на коњо од марко, нема шанси да го пијам... незнам зошто, тоа пиво ми е одвратно.
Не го сакаш дека Марче е од Прилеп, а ти си од Битола! :pos: :pos: :pos:
Јас не пијам пиво, само винце пијам. :smir:

--- надополнето ---

Влегуваат во кафич Амстел, Хајнекен и Скопско. Амстелот порачува Амстел. Хајнекенот порачува Хајнекен. Скопското порачува Пепси. Го прашуваат:-зошто порача пепси? -Па кога никој не пие пиво, нема ни јас.
:pos:
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Скопско и Даб ми се омилени во зависност од периодот. Некогаш иам Скопско периоди, некогаш Даб периоди.
Битно имаш периоди :pos::pos::pos:
Добро е скопскоНО,ама ме нервираат сите шчо пијат скопско по кафиќите.Абе даб мавам на маса,па ако сака сите нека се ѕверат :)
И со сигурнот кажувам дека повекето кога сакаат да пијат пиво а не знаат шо-нарачуваат СКОПСКО yeah,и после знаат да се правдаат-па добро е бе.Исто како со кока кола шемата.И во азербејџан да седнеш со некоја локална азербејџанка :icon_lol: ке нарача кока кола.
ок.Скопското е супер,ама преферирам Дабче-и стакло и ѕидарско :smir:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Даб не пијам ни да ми го платат. Значи толку грдо пиво, чудо едно. А Скопсково е класи над сите македонски пива.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Даб не пијам ни да ми го платат. Значи толку грдо пиво, чудо едно. А Скопсково е класи над сите македонски пива.
Вкусот е индивидуална ствар брат, јас баш обратно Скопско ми горчи и не би го пиел ако апсолутно не сум приморан, Даб пак ми е многу убо има некој специфичен aftertaste многу шо ме рани.

А дека има голема разлика во квалитет е глуп муабет. Во рекламна кампања има разлика, ама јас дури за инает би пиел Даб зошто е перцепирано како „селско“ пиво, а Скопско демек пиво за господа од „големото добро утро“ шо велат.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Добро е скопскоНО,ама ме нервираат сите шчо пијат скопско по кафиќите.Абе даб мавам на маса,па ако сака сите нека се ѕверат :)
И со сигурнот кажувам дека повекето кога сакаат да пијат пиво а не знаат шо-нарачуваат СКОПСКО yeah,и после знаат да се правдаат-па добро е бе.Исто како со кока кола шемата.И во азербејџан да седнеш со некоја локална азербејџанка :icon_lol: ке нарача кока кола.
ок.Скопското е супер,ама преферирам Дабче-и стакло и ѕидарско :smir:
Јас пијам Скопско секогаш кога можам да го најдам, но има некои места што немаат Скопско, и изборот се сведува на Даб или Туборг, и сите „фацички“ си пијат Туборг демек светско и подобро од Дабот, што нема врска, јас пијам Даб зашто ми е далеку подобро од Туборгот што не го сметам за добро пиво. Па нека се ѕверат колку сакаат :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.746
Поени од реакции
18.496
Не ми се верува дека на тема за алхолол приметувам одбивност од некои корисници на кои Скопското пиво само затоа што е "Скопско" им предизвикува одбивност?!? момци, уште ли живеето на времето Комити вс Чкембари вс Мајмуни и слично? :pos:

Се осеќа субјективен хејт и тоа доста...
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Не ми се верува дека на тема за алхолол приметувам одбивност од некои корисници на кои Скопското пиво само затоа што е "Скопско" им предизвикува одбивност?!? момци, уште ли живеето на времето Комити вс Чкембари вс Мајмуни и слично? :pos:

Се осеќа субјективен хејт и тоа доста...
То потсвесно се дешава хахахаха

Мене ми горчи Скопското, си сакам полесно пиво пичица сум :)))
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.746
Поени од реакции
18.496
То потсвесно се дешава хахахаха

Мене ми горчи Скопското, си сакам полесно пиво пичица сум :)))
Абе искрено и јас не сакам Скопско многу многу, т.е. не ми лежи и мене тешко ми..е не сум некој голем мераклија на пиво у секој случај. Иначе дека не е добро неможам да кажам, странциве го пијат доста и тука исто се пие најмногу. Сепак, да можам да бирам би земал Хајнекен и јас сум за полесните пива мене Скопксо не ми горчи, ама ме дува :)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Вкусот е индивидуална ствар брат, јас баш обратно Скопско ми горчи и не би го пиел ако апсолутно не сум приморан, Даб пак ми е многу убо има некој специфичен aftertaste многу шо ме рани.

А дека има голема разлика во квалитет е глуп муабет. Во рекламна кампања има разлика, ама јас дури за инает би пиел Даб зошто е перцепирано како „селско“ пиво, а Скопско демек пиво за господа од „големото добро утро“ шо велат.
Ako e за реклама со години оди во прајм термин реклама за Даб, ама и то шо викаш индивидуална работа вкусот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom