-
Скопско дефинитивно. Мислам кај и да одиш и да пиеш пиво во странство како Скопско никаде нема да најдеш. Си има некој специфичен шмек и е доста погазирано од сите други.Па нема странец кој не рекол дека е добро! Србите и то како го фалат, а го имаме најдено и во Германија во дискотека

-
Даб ми е така лајтерско. Не знам, порано го џапавме доста кога ја имаше таа наградната игра со капачината, добиваш гратис пиво. Во 4 пива едно гратис паѓаше, и се познаваа добитните, на капачината имаше гравирано ситно бројче, доколку немаше бројче беше добитно!
-
Крали Марко - ех само од срча дефинитивно. Пластиката не ја бива. Али срчата и тоа како ми била добра!
-
Горско - премногу меко. Послабо е во секој случај и го избегавам!
-
Кенбах - Кога го имаше ова пиво. Пластично пакување беше прилично добро. Според мене најмногу му се доближи до скопско по квалитет.(мислам дека ова беше под лиценца, не ме фајќајте за збор, исправете ме ако грешам)
-За другите пива што можат да се најдат во Македонија а кои не потекнуваат од тука
Кроненбиер(во Пробиштип пред неколку месеци го начекав во еден магацин и тоа не беше со поминат рок) партали пиво!
Старо Прамен без коментар. Не е скапо воопшто, набавната цена му е 32 денари 0.5, и е јако онака, за некој малце потешко за пиење али квалитетно и тоа како!
Туборг и Амстел во никој случај!
И некој постар нека пише за Стар Лисец, многу ми е жал што никогаш го немам пробано ова пиво :/