фала на елементо... Пази: Грција топ ски терени и зимски центри. Колку и да нејќиме да признајме, и многу подобро организирани од нашите.
Тука има сериозен проблем, ама не е со снегот. Проблемот е со менталитето на суратите шо ни се одговорни во државата. Конкретно денеска копанки не работеше жичарницата со изговор дека „ја чуваме патеката за викендот“, а хотелот Молика е фул со Бугари. За шо се тие дојдени кај нас? Па по 15 минутно натегање со директорката на хотелот се одлучија да ја пуштат жичарницата...
Кога сме кај снегот, за него барем е лесно на овие температури. Слика од мојата кола, сликана во саботата, на бегање од копанки (сато се гледа убо, 12.40, на пладне)
Шо кажва термометарот? Има потреба да ти кажам колку беше од сабајлето во 8?? Со црево да прскам ќе напрам лизгајнца, не па со топ. Ама топ за нашиве е онаа направата за пукање... артилериска. Топ за снег е измислена именка и за 15-тина години можи ќе сватат која е намената на “чудото“. 3 топови имаат браќата на југ и ги решаваат сите проблеми. Лани прво скијање беше на вештачки снег на половина стаза отварање на 20-ти декември... такво такво, од мавровското најавување отворање на сезоната, дрн дрн дрн и 170 км во 1 правец за седење на ливата е мноооогу пати поарно. Да не ти напоменувам дека Вигла - долната точка е на 1700 метри, додека најгорната е над 2000... за споредба Молика е на 1400 метри, додека горната е 1700... а ни Крушево твое фалено не е нешто повисоко. Север југ... не игра улога.
Чек сеа... ти или не си скијач или нивите што летно време ги садат со тутун ги споредуваш со инфраструктура во која е вложена милионска сума на пари... Одиш на скијање или да дремиш во некоја локална биртија со цени слични како на аеродром?
Не коментирам на ова, пошо најверојатно Крушево ти е топ дестинација шо си ја посетил. Се кладам по 100 евра дека вработените во Грција знаат појќе Македонски од вработените на Шапка. Мада изгледа тоа за тебе е голема непозната, па те молам немој да осудуваш и рассудуваш ко неможиш подалеку од носот да си видиш.
Ти чекај не... и да знаеш дека ќе дојдиме во Крушево, ама не на скијање. Можеби на ракија.
И за последен пат: имам одено Вигла преку 20 пати. Стално одам со мое возило. Појќе мака имам видено од нашите царинарници (имаше случај ми броеа чевли в багажник) отколку со Грците. Не се будали тие, знаат зошто одиме (читај да трошиме пари) кај нив на скијање карта 15 евра, чај-кафе евро и пол, две, гирото во Лерин е неминовно... секако си таму ќе свртиш до Лидл да видиш шо има на промоција, оп пеесче летна. И не замараат нормално. Да не се разбериме погрешно, би потрошил исто толку и кај нас, ама да има за што. Да давам јас 1200 денари за дневна на Маврово + да тепам 170 км во правец е тотално неисплатливо. Кожуф е уште подалеку од Битола засега, ќе видиме ко ќе го напрат пато од страната на Кавадарци... така да Вигла и Копанки се единствените разумни дестинации за мене за зимава. А како што има најава за врнежи, многу веројатно е да си извадам сезонска за Пелистер...