Си купив книга

Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Матица имаат очајни корици, би ја одминал на штанд книгава зошто делува на некоја трилер лимонада. Среќа во библиотека ја земав со некои други корици што стилски одговараат на содржината. Уствари не ни знам дека е од матица ова издание ама ваков им е стилот на нивните корици мора да е од нив. :D
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.997
Поени од реакции
24.453
Мхм, ама таа намерно. :) Едниот примерок (првиот кој го најдов) е толку оштетен, што буквално сите страници му се вадат.
Исто и јас. Од Или-Или ми рекоа дека имало техничка некоја заебанција со печатењето на таа книга и многу примероци им биле такви. И јас ја имам со скинати страници, ако некој ја начека некаде да се продава втора рака нека ми пише.

Прегледај го приврзокот 331373

Прегледај го приврзокот 331374

Остана уште Дваесет и првиот. @Sussaro ја нема кај чичкото на Рекорд. :(
Јас ќе ти ја подарам Злате. Ако списоков мој не ме лаже, ја имам два пати.
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.630
Поени од реакции
31.834
Не се од саем НО.
Од едицијата ѕвезди, црвената шо оди накај бордо е Куцкамен од Кортасар.
Останатите три, Раскази од Чехов, Глембаеви од Крлежа и од Дидро, ги зедов вчера сите за 100-ка од еден жален човек, кој питачи пред Тинекс маркет во Прилепов, а во среда и сабота, го остава некој да му ги продава стариве книги исто тука пред маркeтот. Кефој беше кога ги зедов и ми вика, со здравје да си ги читаш, помини пак ако сакаш, секоја среда или сабота.
Интересното во Расказиве и Глембаеви е шо на прва страна пишува дека се доделени за учебната 78/79-та година, во Гимназија Мирче Ацев - Прилеп, како награда за некои ученици :D

280124579_717310419463799_613247587339449750_n.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom