- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.732
- Поени од реакции
- 36.614
Не пишав ништо, зашто во меѓувреме, откако ги купив книгите имав инцидент со лаптопот, а ме мрзеше да пишувам од телефон - поминав во сите тие куќичките покрај кеј, кои продаваат книги на старо. Од таму ја зедов Тело. 200 денари. Да, знам, многу е и тоа, но морав да излезам со барем нешто од таму. Типот од кај што ја купив не да ја претера... Ја имаше Игра со стаклени монистра, го прашувам колку е, ми вика 600, таа на Табернакул е, тие држат цена, сепак не постојат веќе. Викам како 600 кога во Табернакул беше 550? Вика, а, добро тогаш, 500! Ццццц. После Блага била скапа! Нормално, не го зедов Хесе, ни ништо друго од кај него, иако одбрав 5-6 книги, зашто навистина ме изнервира. И никогаш веќе нема да стапнам кај нив, па нека им е со среќа (не)продавањето!
А, да, Одисеја од Магор, со меки корици, што во Магор е 300, он ја продава 800!
А, да, Одисеја од Магор, со меки корици, што во Магор е 300, он ја продава 800!