Хахаха тотално се согласувам со тебе, исто како јас да сум го напишала ова .
Абе лош ракопис имам, па затоа можам да си познаам дека јас сум го пишал
Иначе, верувам дека многу луѓе го имаат проблемов
Истово се дешаваше коа се играше СП у фудбал, седнати у кафичине низ центар... Е се тоа убаво, арно ама у еден кафич иде преку макств у другиве преку кабелска...Јас баксузот нормално се погоди таму кај МаxTV да глеам, у превод сникма со 20секунди каснење.
Е сеа ај, ракомет/кошарка почесто има дешавки, али фудбал... Си отидов на полувреме
Друго што ме нервира...
- Како бе цела Македонија преку ноќ почна да се разбира у ракомет? Буквално сите? Жени/девојки што немаат по 1 утакмица глеано претходно наеднаш почнаа да пцујат, и да разбираат што се десил, кој бил крив, како требало некој на некого да подаде, како Шундо ова-она напраил...
Секоја чест за ракометарите, ама искрено ја мрзам еуфоријава од “квази навивачиве“ и поготово навивачките. Еден клип глеав прееска у канал 5 како навивале... ми се згади, жени пцујат растураат...
Ко што преку ноќ научија ракомет, да се насочат на нешто друго попдродуктивно, има бајаги да напреднеме ко земја. Очигледно бајаги се паметни припадничкиве на понежниов пол кај нас, ние сме ги потцениле уствари.
И да... Така ме нервираат постови на форумот кои се на македонски, ама со енглески примеси ... не знам што мислат тие што ги пишуваат, дека им даваат некој “шмек“ уствари?
- Не бе бате, идиотски делува... Само ти мислиш дека ако пишеш некој интернационализам кој си го слушнал у најновата епизода на Хаус си попаметен, се лажеш!
Помлади деца има овде на форумов, а и серииве што денес се на мода се турски, индиски итд итд, можеш да замислиш ако почне младинава да вметнува турцизми како би изгледал еден пост
Така што,
chill out и прекинете со англиски зборови у постови,
it's enough
! Ја ова добронамерно, мислам мене што ме нервира си кажувам,
if you know what I mean...Стварно е
stupid овој начин на пишување
како не ве мрзи alt-shift толку често стискате, стварно не ве сфаќам.