Ситница што ме нервира

  • Креатор на темата Креатор на темата King B
  • Време на започнување Време на започнување
После јадење некој шо ц'цкат со устана ..... леле право в нерва ме мават звукот , изми ги забите,чечкалица,мастика, со вода прај нешо само не ц'цкај
 
ме нервира кога на некој му збориш пола саат (сестра ми) а таа или ништо нема да рече или само "Стварнооо?!".. или па само ќе ц'цка и ќе се насмее. ме нервираат реклами. се нервирам што ме нервираат секакви ситници.
 
Ми трча по живци тој адет за време на свадби кога свират со колине дур праат турнеја низ Скопјево, аман, мора ли цело село да знае дека некој се жени/мажи, ми ја бамборат главата со свирењено:cautious:
 
Ме нервира кога ќе сретнам некој и ќе ми каже еј како си, што правиш ама во поминување... Често знам да го застанам и да му кажам, чекај ме праша, сега да ти одговорам... :rolleyes:
 
Ме нервира кога ќе сретнам некој и ќе ми каже еј како си, што правиш ама во поминување... Често знам да го застанам и да му кажам, чекај ме праша, сега да ти одговорам... :rolleyes:

или кога ќе си постави прашање и сам дава одговор
Здраво комшија како си добар си, како бе така:pos:
 
- Највеќе ме нервира некој што гризе нокти и тоа звукот што го прави.
- После јадење некој кога ќе почне да си игра со останато парче храна во устата или некоја семка.
- Кога другар/ка не ми дава да препишам на испит, а он/а имаат се напишано.
:mad:
 
Од секогаш едно нешто ме нервирало салата на маса и некој кога ќе земе лебче и ќе замацка внатре и ќе направи мммммммм ,во тој момент само станувам од маса и си одам пред да кажам нешто што не треба.
 
Koмарци маме им ебам:mad:
Мујо и хасо изнајмуваат во хотел соба. Арно ама цела вечер ги касаат комарците и никако да заспијат.
Утредента одат на рецепција да се караат му викаат на рецепционерот
-Добро бе мајкуму стара што е работава вие го прочистувате хотелов од инсекти
Рецепционерот : абе вие ја имавте остаено сијалицата тие по светолото идат нормално е да ве испокасаат.
Вечерта пак си легнуваат и ја гасат сијалицата. Арно ама се појавиле неколку светулки.
Мујо возбуден целиот :Хасо станви да бегаме евеги со батерии идат.:pos:

Темава нема врска со вицови ама морав да го кажам.:drk:
 
-Кога зборам на телефон, а некој упорно ми се убацува од страна со муабети од типот - Абе кој е? Кој е бе? Пеер кој е? Искрено, што к*р те боли кој е, ако е за тебе ќе ти дадам телефонот, или тебе ќе те барал...
-Кога сме кај телефони, ме нервира ситницата кога ти звонат дома и те прашуваат кај си
-Пак за телефони, немам кредит или батерија или сметката ми е блокирана баш во моментот кога најмногу ми треба (Марфи гаду ниеден)
-Кога неам цигара а ми се пуши ненормално
-Кога не можам да најдам песна што ќе ја слушнам негде случајно
-Ненормално се нервирам кога во муабет некого слушам внимателно и упорно некој си 20 минути, после кога ќе дојдам јас на ред да зборам, те прекинува у сред муабет и пробува да те убеди дека он е во право
-Се нервирам кога чекам автобус кога најмногу ми треба, а тогаш го нема, или касни, или гума ќе му се дупне или го фарбаат ... А кога не ти треба ќе помине 3 пати пред тебе на улица, ако треба и ќе те згази...
-Кога треба да платам нешто и парите ги наоѓам секогаш во последниот џеб
-Кога ми фалат 2-3 денари за цигари
-Кога знам дека ќе ми истече кафето, и упорно се убедувам дека нема да го заборавам, и упорно тече и секогаш без кафе останувам...
-И уште милион други ситници што верувам дека многумина ги нервираат и листава може да биде предолга...


Кога сме кај телефонот ... Ме нервира кога некој барам на домашен телефон и ќе се јаве некој од родители или брат/срстра и пример ќе кажам :
Добар ден или што и да е .. Ми треба Наташа !
И од таму ќе чујам само а кој ја бара ? =.=
 
Ме нервира идиотската песна “Излези момче.... “ - ретко глуп текст : ))

И да... ме нервира MaxTV што касни и што идиотскиве комшии над мене урлаат на секој гол, а јас истото го глеам 15-20 секунди покасно...
И со баскетот исто беше и со ракометот... Кај мене уште “као жустро и неизвесно“ а надвор почнале петарди да пукаат...

Тапа невидена :)
 
Ме нервира идиотската песна “Излези момче.... “ - ретко глуп текст : ))

И да... ме нервира MaxTV што касни и што идиотскиве комшии над мене урлаат на секој гол, а јас истото го глеам 15-20 секунди покасно...
И со баскетот исто беше и со ракометот... Кај мене уште “као жустро и неизвесно“ а надвор почнале петарди да пукаат...

Тапа невидена :)
Жими све! Тоа со головите! >.<
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom