-Кога зборам на телефон, а некој упорно ми се убацува од страна со муабети од типот - Абе кој е? Кој е бе? Пеер кој е? Искрено, што к*р те боли кој е, ако е за тебе ќе ти дадам телефонот, или тебе ќе те барал...
-Кога сме кај телефони, ме нервира ситницата кога ти звонат дома и те прашуваат кај си
-Пак за телефони, немам кредит или батерија или сметката ми е блокирана баш во моментот кога најмногу ми треба (Марфи гаду ниеден)
-Кога неам цигара а ми се пуши ненормално
-Кога не можам да најдам песна што ќе ја слушнам негде случајно
-Ненормално се нервирам кога во муабет некого слушам внимателно и упорно некој си 20 минути, после кога ќе дојдам јас на ред да зборам, те прекинува у сред муабет и пробува да те убеди дека он е во право
-Се нервирам кога чекам автобус кога најмногу ми треба, а тогаш го нема, или касни, или гума ќе му се дупне или го фарбаат ... А кога не ти треба ќе помине 3 пати пред тебе на улица, ако треба и ќе те згази...
-Кога треба да платам нешто и парите ги наоѓам секогаш во последниот џеб
-Кога ми фалат 2-3 денари за цигари
-Кога знам дека ќе ми истече кафето, и упорно се убедувам дека нема да го заборавам, и упорно тече и секогаш без кафе останувам...
-И уште милион други ситници што верувам дека многумина ги нервираат и листава може да биде предолга...