Ситница што ме нервира

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.930
Поени од реакции
12.511
Моменти, кога сакам да сум сам, кога излегувам од кафич на цигара со пијалокот со надеж да се конзумирам самиот со одличен блуз по желба и кога ќе излезе уште некој за да ми прави друштво а уствари ми прави дисторзија.:sick:
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
спортска, спортска дефинитивно.
: @
 
Член од
10 август 2009
Мислења
63
Поени од реакции
17
Кога некој ке пушти музика од мобилен, и добра да е песната, нервира!
И кога некој мисли дека збори нормално, а уствари се дере.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
- Koga nekoj 5 pati edno po drugo ke mi kaze nesto da napravam. Primer: Frli go dzubreto. Ja: Sega, za 5 min. I posle vo tie 5 minuti uste 5 pati ako mi kaze istoto i mi se cini mozam da poludam :icon_mrgr:
- Ako nekoj pravi muabet na telefon i od pozadina nekoj pameten misli deka treba glasno da vika da slusne i drugiot, znaci ako sakam da prajme grupen muabet ke go pustam tel za site. :facepalm:
- Nemiejne na racete posle rabota, odejne vo WC itn. Pogadno nesto nemat, pa lugje, si davame race za pozdravuvajne, pravime jadejne so niv itn. bar miete gi redovno i posebno posle odejne vo WC.
- Buckajne so mrsni prsti na ekran. Moze i da se pokaze nesto na ekran bez buckajne na ekranot. Mnogu me nervira ko so igli da me bockat nekoj :icon_mrgr:
- Nepocituvajne na privatnosta/intimnosta: Znaci nekoj ako misli deka moze da mi cepka na tel ili kompjuter i da bucka kaj ne treba ke si dobie drska reakcija od mene. Premineta e granicata. Ako sakam nesto da spodelam so nekogo ke mu kazam, stom ne sum mu kazal znaci ne e za nego. Kratko i jasno.
- Idejne na gosti bez najava. Znaci barem 5 minuti pred da dojde neka javi da znam. Mozet ne mozam, mozebi momentalno ne sakam gosti? Razbiram pod itno ili spontano ako ispadne ama ne e tesko na kratko da se javis, posebno na sabajle. Vo Makedonija praktika e, posebno vo pomali mesta da ja cuvas vratata nezaklucena pa nekoj podmuklo moze da ti dojde bez najava. E nema, klucot i cao.

E ovie raboti me nerviraat posebno, sigurno su propustil i nesto drugo ama stom ne mi teknuvaat na prvo, tie se sporedni. I da dodadam samo, deka ne mrcam na prazno tuku gornite raboti ja gi pocituvam i ne gi pravam, znaekji deka me nerviraat.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
  • Кога некој слуша музика на мобилен или на мп3 - плеер, а се слуша во радиус од 5 метр и!:mad: Особено ако е некој иритантен хип-хоп, оп троп етцетера!
  • Кога ќе ми дадат текст за средување, и ќе ми кажат дека рокот за предавање бил до вчера!!! И згора на тоа, ќе ми речат: ДОЦНИМЕ!! У тие НИЕ спаѓам и јас, а уште не сум го отворила зипот?!:facepalm:
Всушност, тоа не се ситници.
 
Член од
13 февруари 2009
Мислења
6
Поени од реакции
2
Нерви 24/7 ..преизгорен со кладилниците.. и пак таму пак таму
а ситници ме нервират 29385 29850285 да не почнам ...ке треба реферати да пишувам :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Кога патувам наутро за Битола, надвор си врни дожд, на слушалки си пуштам некое интересно музиче, но шоферот бувнува во во автобусот некој гласен турбофолк кој почнува да ми се меша со звуците кои ги примам од мобилниот, па дури и погласен е од нив.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Нема што не ме нервира во последно време и мува да помине на нерви ми иде.
Ова што го спомна игорче со ѓубрето :cuc: Значи тотално можам у момент да полудам како еднаш да ми каже не е доволно :facepalm:
 

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Мразам и кога во продавница некој пред мене го тупи.....ама онака апла го тупи место само да си плати, стави стварите во кеса, и си излезе...како што правам јас :)
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Ме нервираат мал милион ситници.
Ме нервира кога некој нема убаво да ја затвори чешмата.
Ме нервира кога некој касни.
Ме нервираат мали разгалени мрсуливи дечишта.
Ме нервира кога заради некоја ситница ќе ми пропадне важен план.
Ме нервира што се нервирам за глупости.
Ме нервира кога некој упорно ме замара иако гледа дека го игнорирам.
Ме нервира и комшивката неколку спрата над мене што пее опера у 3 саатот по полноќ.
Ме нервира и кога времето е никакво.
Ме нервира кога телефонот ќе ми заѕвони баш кога конечно сум успеала да заспијам.
Ме нервира кога ќе се стуткам убаво под ќебе, и таман кога ќе ја фатам правата позиција, ми текнува дека морам да станам да го изгаснам телевизорот пошто сум заборавила да го земам далечинскиот.
Ме нервира кога ми се јаде нешто благо, а у моментот нема баш ништо, па морам да се симнувам да си купам.
Ме нервира кога чекам пола саат редица у банка за да платам една минимална фактура.
Ме нервира кога осеќам дека времето не ми е добро организирано.
Ме нервира кога дечко ми ќе заборави да ми се јави.
Ме нервираат луѓе кои претерано многу се фалат.
Ме нервираат антипатични продавачки во бутик/супермаркет.
Итн, итн, итн... само толку ми текна во моментов.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Многу ме нервира кога некој настан треба да почне во 18ч, и сите се тука во 18ч, ама се надвор и пушат цигара!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom