Сите убави мисли ТУКА!

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Големината на еден човек не се проценува тој колку има пари или капитал, големината на еден човек не се проценува како тој изгледа и колку е познат. Големината на еден човек е всушност неговата внатрешна страна, неговата душа и неговото срце.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Навистина не знам зошто тие лудаци се лутат кога ги чуваат таму. Таму човек може да ползи гол по подот, да вие како шакал, да р`жи и да каса. Доколку човек би го направил тоа во јавност, луѓето така би се чуделе, но тоа таму важи за нешто вообичаено. Таму постои таква слобода, за која ни социјалистите никогаш не сонувале. Ј.Х.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Луѓето зборуваат едно, а прават друго -тоа е едно од најзабавните спектакли, кои ни ги предлага нам животот.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
“Learning does not make one learned: there are those who have knowledge and those who have understanding. The first requires memory and the second philosophy”

― Alexandre Dumas
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
„Секоја тајна во душата на писателот, секое искуство во неговиот живот, секоја карактеристика на неговиот ум, е наголемо запишана во неговите дела.“

Што му вредат на човекот сите зборови и се она што ќе го претвори во УМЕТНОСТ, кога не може НИКОГАШ да го објасни она што го ЧУВСТВУВА или она што му се случува во текот на својот ЖИВОТ ?

Единствените луѓе кои ти се потребни во животот се оние кои ти докажале дека ти им требаш во нивниот.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Тенка е линијата помеѓу сонот и реалноста, се што немаме во реалноста го имаме во сонот. Се што имаме во сонот го немаме во реалноста.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.711
Поени од реакции
13.396
Еден навидум едноставен цитат од филм.
„I had this guy leave me a voice mail at work so I called him at home and then he e-mailed me to my Blackberry and so I texted to his cell and then he e-mailed me to my home account and the whole thing just got out of control. And I miss the days when you had one phone number and one answering machine and that one answering machine has one cassette tape and that one cassette tape either had a message from a guy or it didn't. And now you just have to go around checking all these different portals just to get rejected by seven different technologies. It's exhausting.“
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Повеќето девојки бараат таков дечко , кој би ги засмејувал, но во исто време и би ги заштитувал .Со други зборови ним им е потребен кловн-нинџа.
..

"Hell is empty and all the devils are here." - William Shakespeare
.

Мојсеј рекол – се’ е од Бога. Соломон – се’ е од умот/главата. Христос – се’ е од срце. Маркс – се’ е од стомакот. Фројд – се’ е од сексот . А Ајнштајн рекол , дека се’ е релативно . Колку евреи – толку и мислења.
.
.
Лотaријата - е најдобриот и најточниот начин да се одреди количеството на оптимисти во државата
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Подобро мев од пиво , отколку грпка од работа.
--- надополнето: 5 февруари 2014 во 16:45 ---
Подобро ручек без апетит , отколку апетит без ручек.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Нека не те остават добрината и верноста, обеси ги околу својот врат, запиши ги врз плочата на своето срце, така ќе придобиеш милост и добро сфаќање пред Божјите и човечките очи.
(Соломонови Изреки)

Најсигурниот начин да не постанеш многу несреќен е да не бараш да бидеш многу среќен.

Богатството е налик на морска вода....колку повеќе ја пиеш толку повеќе си жеден.

Судбината ги меша картите а ние играме.
-Шопенхауер

"Знајте дека нема ништо повишо и посилно, и поздраво, и покорисно за идниот живот, од некаков убав спомен, а особено ако е тој од детството, од родителската куќа...Еден толку прекрасен свет спомен зачуван од детството, можеби е токму најдобро воспитание. Ако човек носи во сеbе многу такви спомени, тогаш тој е спасен за цел живот. А ако макар еден убав спомен остане во нашето срце, некогаш и тоа може да послужи како спас. ...Не плашете се од животот! Колку е убав животот кога ќе направиш нешто добро и праведно!"

Браќа Карамазови - Достоевски
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
„Луѓето често велат дека мотивацијата не трае долго, но не трае ни туширањето, па затоа се препорачува да се практикува секој ден.“ – Зиг Зиглар

„Ќе го дочекате и денот кога за првпат вистински ќе се насмеете – на своја сметка.“ – Етел Баримор

„Јас сум идеалист. Не знам каде одам, но на пат сум.“ – Карл Санбург

„Дај ми обичен службеник со цели во животот и ќе го претворам во човек кој ќе влезе во историјата. Дај ми човек без цели и ќе ти го вратам како обичен службеник.“ – Џ. K. Пени

„Не можете да имате сè. Каде би го ставиле?“ – Стивен Рајт
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Во Македонија никогаш нема да дознаеш кооолку добро се живее, се’ додека не го вклучиш телевизорот и погледаш вести
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.902
Поени од реакции
11.241
Дали е првата љубов поубава кога ќе ја доживееш или кога ќе се потсетиш на нејзе?

Жарко Лаушевич
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Добрината на човекот е пламен кој може да биде сокриен, но никогаш изгаснат.
Нелсон Мандела

Не постои толку верен пријател како што е книгата.

Мојата цел е на хартија да покажам што чувствувам на најдобриот и наједноставниот начин.

Пишувај пијан, поправај трезен.

Не постои ништо што може да се спореди со пишувањето. Сè што треба да правиш е да седиш позади машината за пишување и да крвариш.

Сè што треба да направиш е да напишиш една вистинска реченица. Напиши ја највистинската реченица која ја знаеш.

Колку постар си, толку е потешко да имаш јунак, а тоа е еден вид на потреба.

„За два месеци може да добиете повеќе пријатели интересирајќи се за другите, отколку за две години обидувајќи се да ги натерате другите да се интересираат за вас.“ – Дејл Карнеги („Како да добиеме пријатели и да влијаеме врз луѓето“)

„Почетната точка на секое достигнување е ЖЕЛБАТА. Имајте го ова постојано на ум. Слабата желба носи слаби резултати. Само мал оган создава малку топлина.“ – Наполеон Хил („Мисли и збогати се“)

„Смеењето го отвора срцето и ја успокојува душата. Никој не треба да го сфаќа животот толку сериозно и да заборави да се смее на себеси.“ – Робин Шарма
(„Калуѓерот што го продаде своето Ферари“)

„Стравот кој дозволувате да се создаде во вашиот ум е полош од ситуацијата која всушност реално постои.“ – Спенсер Џонсон („Кој го здипли моето сирење“)

„Првичната причина за несреќа никогаш не е ситуацијата, туку мислите за неа.“ –
Екарт Тол („Нова земја“)

„Сè што презирате и она на што остро реагирате кај другите, истото се наоѓа и во вас.“ – Екарт Тол („Нова земја“)

„Моќта е во вашите мисли, затоа останете будни. Со други зборови запаметете да запаметите.“ – Ронда Бирн („Тајната“)

„Повеќето луѓе не слушаат со цел да разберат, слушаат со цел да одговорат.“ – Стивен Кови („Седумте навики на високо ефективните луѓе“)

„Човечките суштества се лоши оценувачи, изложени на суеверија, предрасуди и длабока тенденција да го гледаат она што сакаат да го видат, а не она што вистински постои.“ – Скот Пек („Патот по кој поретко се оди“)

„Нашето минато може да објасни зошто страдаме, но не смееме да го користиме како изговор да останеме во ропство.“ – Џојс Маер („Бојното поле на умот“)

„Не може да имате убав живот, а негативен ум.“ – Џојс Маер („Бојното поле на умот“)

„Трпението не е способност да чекаме, туку способност да имаме добар став додека чекаме.“ – Џојс Маер („Бојното поле на умот“)

„Секоја секунда е можност да го промените животот, бидејќи во секој момент може да го промените начинот на кој се чувствувате.“ – Ронда Бирн („Моќта“)

„Егото не е она што вистински сте. Егото е слика за себеси, општествена маска, улогата која ја играте. Вашата општествена маска расте со одобрување. Бара контрола и се одржува со моќ бидејќи живее во страв.“ – Дипак Чопра („Седумте духовни закони на успехот“)

„Светот е она што мислите за него, затоа мислете РАЗЛИЧНО и вашиот живот ќе се промени.“ – Пол Арден („Што и да мислиш, мисли го спротивно“)

„Подобро да жалите за она што сте го направиле, отколку да жалите за она што никогаш не сте го направиле.“ – Пол Арден („Што и да мислиш, мисли го спротивно“)

„Никогаш не чувствувајте срам бидејќи сте се обиделе нешто и не сте успеале. Оној којшто никогаш не доживеал неуспех, никогаш не се ни обидел.“ – Ог Мандино („Најголемиот трговец на светот“)

„Само навика може да покори друга навика.“ – Ог Мандино („Најголемиот трговец на светот“)

„Во бескрајот на животот во кој се наоѓам, сè е совршено, цело и потполно, а сепак животот постојано се менува. Не постои почеток, а ни крај. Само постојано кружење на материјата и доживувањата.“ – Лујза Хеј („Како да го излечите својот живот“)

„Никогаш не ја сфатив потребата децата да ги паметат датумите на битките. Тоа е губење време и ментална енергија. Наместо тоа треба да учиме важни работи како што се: како функционира мозокот, како да ги водите своите финансии, како да ја одберете својата професија, како да станете подобар родител, како да воспоставите врски кои ќе ве исполнат и како да стекнете самодоверба и сигурност во себе.“ – Лујза Хеј („Како да го излечите својот живот“)

„Вашата потсвест има одговор за сите ваши проблеми. Пред да заспиете ако ѝ предложите на потсвеста: Сакам да се разбудам во 6 часот наутро, таа ќе ве разбуди точно во тоа време.“ – Џозеф Марфи („Моќта на потсвеста“)

„Знајте дека вербата е како семе засадено во земја. Засадете ја идејата (семето) во вашиот ум, полевајте ја и оплодувајте ја со надеж и таа ќе роди плод.“ – Џозеф Марфи („Моќта на потсвеста“)

large.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom