Синуси

Член од
25 ноември 2008
Мислења
52
Поени од реакции
0
Јас имам синуси и веќе ми е смачено од тоа!
Купи си "Flixonase" (Фликсоназе) - 1000 денари е!
Мене ми го препорачаа од болницата и го користев еден период ама престанав со терапијата, ама сеа сум подобрен, поодзатнат ми е носот !! Планирам повторно да го користам !!
Na recepta se zima 200 denari e taka, dobro e i za alergii ima poveke namensko dejstvo, ali koga ke prestanam da go koristam pak mi se zatnuva nosot:toe:
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
Jas stavam kapki rastopen med, po 2-3 kapki [rastopen vo sisence so pipeta], nautro i navecer. Ocekuvaj pecenje okolu 10-15 minuti, a potoa olesnuva. Probaj polesno se disi.:helou:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
АБЕ ПРОКЛЕТИ СИНУСИ ОД КОГА ЗНАМ ЗА МЕНЕ ГИ ИМАМ!


мислам дека да ги чував капките за нос од мал што ги купував,цел магацин во 500 квадрати ке напонев

А малку задува или залади е ете ги... неможам да дишам одма со капките за нос , од како знам за себе КАЈ И ДА ИЗЛЕЗАМ СО КАПКИ ЗА НОС СУМ !

па дали е тоа веќе штетно , моментално додека го пишувам ова глава ме боли од нив .. одма над носот кај челото ,

СЕ сум пробал од лампи до мориња , од пареи.. до триста глупости. ќе поминат за период (недела две) па ете ги пак

преку куроф веќе со нив

иначе во екстремни слу4аи има и операции .. така вујна ми , коската кај окото ја нема , прашав зошто ми кажаа дека правела операција на синусите .. и ТОА МЕ ИСПЛАШИ

а сега колку и како што не се разбирам ..
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Синуси...Уф, од 12 години ми се активирани, после лош грип... Среќа моја што не се дружат со крајниците иначе журка ќе ми се деси наоколу... Пробав со се, морска сол, вода, лејки и тикви, подгорување медицинско, ама бадијала е... ќе си течат мрсули додека имам нос:):pos2::toe:

Патем, дека пеам, некако се смирени, за чудо, не ми прават проблеми, само што дувам нос често, и палома можат слободно да ме искористат како маркетинг душкало...Цел пакет паломи трошам месечно:) Сезонски ме фаќа, од септември до мај, а за распуст и они одмараат...Битно се дружиме, тоа е тоа...:toe:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
nemam hronicno vospaleni sinusi, ama obavezno 2 pati godisno akutno vospalenie...
glava prska, mrsuli ko od mozok da mi iskacaat.... uzas :ija:
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Хомеопатија дечки, само тоа ќе ви помогне. Откако почнав да се лечам со тоа, нит синуси ни свети синуси.
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
15 тина дена на море и ко нова сум ! =)
 
Член од
26 октомври 2008
Мислења
8
Поени од реакции
0
Со синуси во авион, не!

Минатата недела летав со авион, и кога слетувавме за тие 5-10 минути, имав многу силна болка во делот над левото око, што едвај се воздржав од дерење и вадење на памет на патниците.

Ко сврдел да имав кој бушеше нагоре низ челото. Летам повторно кон крајот на неделева и да ви кажам помислувам да откажам, пошто не ми се поминува повторно низ одвратната болка.

Сте имале ли вакви маки досега?

инаку сум имал проблеми со синуси пред 10-на години, али лесно ми поминаа.

Утре одам по лекари да видам дали се навистина синусите или е нешто друго. Делот кој ме болеше на притискок на прст сеуште ме боли.

Инаку на своја рака веќе почнав со инхалација со камилица, и со синупрет апчиња кои ми ги препорачаа во аптека . ми препорачаа да земам и антибиотик ако не поминува.

Што мислите?


Зоки
 
Член од
8 јануари 2009
Мислења
169
Поени од реакции
8
аман бре!
Со капки, ламби, мориња се лечи синузит којшто се појавил еднаш или два пати во животот.
Немојте да одете на разни терапии и глупости кај ОРЛ само да ви ги земаат парите.
Првиот, вториот и евентуално третиот пат може конзервативно, а доколку се појавуваат по миљонити пат и цел живот, па ајде да не се лажеме веќе и да профитираме од болните пациенти бре срамота

операцијата е не е комплицирана, се отвара или поголем процеп кај што минуваат каналите до носот за да може секретот да се излева подобро, или си има и други техники. Со тоа ќе ви се решат проблемите и нема да плаќате секој месец на ОРЛ-гот како на ПОП.:tapp:
 

InAnA

biAtch.
Член од
7 октомври 2007
Мислења
72
Поени од реакции
3
јас од коа знам за себе иам проблеми со синусите..
иам и таква црвена ламПАА и морав да се "кварцам" на неа секоја вечер пред легнување по 15 минути, заврзана со црни такенини околу очи..
пред тоа никако несмеев да пропуштам инхалација со special капки на special пластичната направа за инхалирање.. и тоа некои 15 мин.
имаше периоди кога одев секое сабајле и секоја вечер на инекции.. 2 У ЕДНА!
незнам како преживував..

2 недели секое сабајле ги поминав во клиника да вдишувам некој состав од антибиотици, кои би ми го разорале желудникот ако ги пијам во форма на таблетки.. прва смена, прв час забораив као изгледа..
на летен одмор обавезно секоја година на море..

и сите тие тортури за да денес, ФАЛА БОГУУ дишам нормално..
без операција. (иако бев на работ)


иначе за болките..
цитирам "Минатата недела летав со авион, и кога слетувавме за тие 5-10 минути, имав многу силна болка во делот над левото око, што едвај се воздржав од дерење и вадење на памет на патниците.

Ко сврдел да имав кој бушеше нагоре низ челото. Летам повторно кон крајот на неделева и да ви кажам помислувам да откажам, пошто не ми се поминува повторно низ одвратната болка.

Сте имале ли вакви маки досега?"

имаВВ ненормални болки во тој предел.. над левото око.. и СЕКОГАШ само и БАШ таму..
најчесто како резултат што сум измила коса и сум излегла без капа на ладно..
и обавезно, барем без 2-3 пати во месецот не поминува..
се будев од ужасната болка уште во 5 сабајле и неможев да си дојдам на себе цел ден..
не помага ни кафетин, ни аналгин .. онака НИШТО..
единствено ако зеам 2 од апчињата на мајка ми за мигрена..
во авион - ИСТО.. (па зимав пред да се качам)

мило ми е што кошмарот конечно ми заврши.. (се надевам засекогаш)
ахх
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Каква операција синко...

Се продаваат едни ламби со незнам какви зраци, сеа некој ќе напише под мене претпоставувам, ако не, на доктор знаат... и со нив секој ден поминуваш еден краток период и помагаат.
Природен лек е чај од камилица (ако добро памтам), ама врел да испарува и тоа цело тенџере. Ставаш еден пешкир над глава и се обесуеш над тенџерето кое треба да испарува во твојот нос директно а ти да ја вдишуваш пареата. Ова ти е нешто како затворска казна ама помага.
И секако морската вода праи растур. Десет дена на море кај шо твоите синуси ќе бидат во директен допир со солена вода ќе те средат за од прилика пола година мука да немаш... :helou:
Јас се мачев неколку години но на истиот начин како што вели членот се излечив за 2 недели и веке немам проблеми
 
Член од
10 април 2009
Мислења
337
Поени од реакции
16
Идев на пливање и не продолжив баш од тие проклети синуси, многу често се разболував. Секоја година идам на море, велат дека било здраво за синусите али ете џабе.....сеа последниве 5-6 месеци сум немала проблеми па ќе видиме за понатака=)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
мене ми скурчија синусиве , капките за нос дел од мене станаа, незнам што да правам не месец дена туку накај 12 години .. нон стоп ми се воспалени.. капките за нос пишува 5 дена да се користат највеќе јас 12 години сум со нив, многу сум нервозен изгледа од нив .. патем тоа е една од лошите работи од премногу користење.
Некогаш многу ме боли кај челото, и нонстоп ми е носот затнат.неможам да дишам
 
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Ах синуси.. Целиот мој краток живот си мачам мака со нив.Ја бебе алергична на пеницилин сум имала бронхитис ме наклукале таму со пеницлин и после почнуваат маките со синусите... Ламби, инхалации, зрачења, солени води, капки, па дури и ми вадеа мрсули од носот со едни цевки ..(господ го видов тогаш) ... инекции,апчиња и секакви други лекарства да не збориме колку многу.. и сега имунитетот ми е катастрофален најмала промена на време или најмало ветре и ја одма се разболувам ... И испадна дека било се од крајниците ( ми ги воспалувале синусите).. после две операции на крајници ( пошо првата коа бев 5 годинки не ми ја напраиле добро па ми загноиле таму некој остатоци од крајниците на грлото па пак ми праеа пред 2 год) сеа сум ок..еве оваа година дишам некако одвај на нос...се мачам.. пошо 14 години на уста и после тешко е да се одвикнеш..
Бедови еј...
 

NIKA

F.B.I (Fausse Bonne Idée)
Член од
11 април 2006
Мислења
791
Поени од реакции
12
Јас моите ги оперирав! и си немам никаков проблем сега. Ама моето си беше со полипи и синуси, така да мораше. И само едниот ми е изваден. Немам никакви проблеми сега за сега со дишењето. Само ако некогаш дувне силен ветер, ама доста силен и стоиш малку подолго време да те подува, после бате ќе те заболи малко, но не е болка за умирање, плус ДИШИШ слбодно!
п.с. Ааа да, ни случајно да не му текне на некој после операција на синуси да дава луѓето да го штипат за образи. Ц!!!:nenene: Италијанците би рекле ТЕРИБИЛЕ!!!:pipi:

:baeh:...:helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom