Се чувствувам поголем Македонец од многумина овде

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.197
Поени од реакции
12.102
Најважно од се'е да можам да придонесам нешто за оваа држава, зашто ако сум зел нешто, треба и да вратам, вели Џими.



Симон Поликарт, популарниот Џими, човекот што со сентенцата „ти, да не си расист“ влезе во нашите домови и стана миленик на децата, е прв и единствен Афромакедонец, кој јавно најави лобирање за Македонија на африканскиот континент. Џими е 30 години во Македонија. Како 23-годишно момче дојде од местото Јола во Нигерија. Со дваесетина сонародници бил испратен прво да учи средно рударско училиште во Пробиштип, а потоа и Геолошки факултет во Штип. Како студент се запознава со Билјана и врската ја крунисаа со брак. Во 1991 го добија првиот син Адамс, а една година подоцна и вториот Анџело или Ангел, на македонски.

* Имавте ли проблеми во средината во која живеевте?

- Во почетокот, во Пробиштип имаше поделени реакции, но општата слика беше добра. Не можам да се пожалам и да кажам дека е лошо, иако повеќето од луѓето во провинција немаа видено човек од Африка, освен на телевизија. Но, не ме гледаа со презир, туку од љубопитност. Навистина, Македонците се гостопримливи луѓе. Ако човек се постави правилно, правилно ќе биде и прифатен.

* Со што те „излажа“ Билјана?

- Се сакавме, а беше и време да се оженам.

* Како те примија нејзините?

- Па, како секои родители во таков брак, нормално, во почетокот имаше проблеми. Во тоа време ретко имаше или воопшто немаше луѓе што таквите работи ги примаа нормално. Но, подоцна, кога дојде првиот син, почнаа да го менуваат своето мислење и се помирија со ситуацијата.

* А, децата? Почувствувале ли тие проблем?

- Едноставно, не можеш да кажеш не. Има моменти кога се свесни за тоа, но верувам дека не им претставува проблем, зашто се обидуваат да се адаптираат и да се привикнат на секојдневието.

* Заврши за геолог, успеа ли да најдеш работа по струката?

- Не, зашто веќе постоеше кризата во Македонија. Во почетокот работев како шанкер во кафеана, а потоа отворив своја. И првите десетина години во брак од тоа живеевме. Па Билјана најде работа во „Машинопромет“. Фирмата пропадна и сега е дома, под завод.

* Паднавте ли некогаш во искушение да заминете во Нигерија?

- Тоа беше во почетокот, кога децата беа мали. Тогаш се трудев да се вратиме сите заедно, ама не беше можно од многу причини, најчесто финансиски. Заклучив дека не е едноставно туку-така да се спакува цело семејство и да се сели од еден на друг крај на светот. И, еве, останавме.

* Кога велиш тогаш, значи се обновуваат таквите размислувања. Кого имаш во Нигерија?

- Не, таа желба мина. Таму имам семејство од девет члена, татко, мајка и седум деца - три сестри и четворица браќа. Сите живеат во Нигерија, ама не во исто место.

* Како стигна до рекламата што те направи познат?

- Имав другар, кој е во Австралија, и тој беше пријател со луѓето од К-15. Им кажал за мене и тие еден ден се јавија, ме прашаа дали ќе сакам да снимам реклама со нив. Ја прифатив поканата и така го снимивме спотот.

* Ти смени ли тоа нешто во животот, се почувствува ли популарен, ти отвори ли некои врати?

- Рекламата имаше и добри и лоши страни. Лошата е што секој сака да се поздрави, да разговара со тебе. Но, како популарност, имаше моменти кога беше од помош и ми отвори некои врати, на пример, на граница. Еднаш имаше огромна редица и се обидов пеш да ја минам, ама еден од цариниците ме врати назад. Кога, ете други двајца почнаа да викаат по мене „Еј, горска вода, што бараш тука?“. „Па, да се вратам во Македонија“, им велам. Ајде поминувај.

* Одамна кажа дека не си расист. Сега стануваш лобист за Македонија. Каков е твојот ангажман во поглед на промовирање на Македонија во Африка?

- Моето лобирање за Македонија не почнува сега, тоа го правам одамна. По 1991, кога почна да се распаѓа Југославија, нигериската амбасада во Белград ја опфаќаше и Македонија и имаше потреба тука да има конзулат. Во тоа време тука имаше луѓе од УНПРОФОР, а меѓу нив најмалку 150 беа од Нигерија. И ним, по задача на нигерискиот амбасадор во Белград, имав задолжение логистички да им помагам, да ги запознавам со културата и со начинот на живеење во Македонија. Тогашниот нигериски амбасадор беше неколкупати во Македонија, а последниот пат имавме средба со претседателот на Стопанската комора и со претставници на фирми за кои сметав дека имаат голема можност за соработка со Нигерија. За жал, се' остана така нереализирано, иако сега таму има демократска власт.

* Колку е реална можноста за соработка помеѓу македонски и нигериски фирми, запознат ли си со некои детали?

- Уште од времето на бивша Југославија во Нигерија имаше три фирми - „Енергоинвест“, „Енергопроект“ и „ЕМО“ од Охрид. ЕМО и сега, по неговата приватизација, работи таму, само под друго име. Имаше и нови неколку обиди за соработка, но поради отсуство на промоција на македонски фирми, нема конкретна соработка. Инаку, потребите на Нигерија се реални. Една од врските што се одржуваа беше и таа со „Алкалоид“. Оваа фирма, со квалитетот на своите лекови и со поранешните врски може лесно да се пробие таму, а истото важи и за градежниците.

* Те користат ли Македонците за контакти?

- Досега да, неколку приватни фирми неколкупати имаа контакти со фирми од Нигерија, чии претставници беа дојдени тука.

* Како се чувствуваш повеќе, нигериски амбасадор во Македонија или македонски во Нигерија?

- Одговор на ова не давам, педесет-педесет. Така се чувствувам, повеќе сум тука, отколку таму.

* Кога последен пат беше во Нигерија?

- Пред три години. Отидов сам. Со Билјана и со децата бев еднаш, зашто билетите се скапи.

* Контактираш со семејството?

- Па, модерната технологија непречено го овозможува тоа.

* Што те натера да влезеш во политиката?

- И досега, индиректно, бев во политиката. Бев член на партијата на Нестор Огинар, која не беше успешна на последните избори, а работев да основам и друга партија. Уште во време кога се распаѓаше Југославија со моите другари разговаравме да формираме партија, за ВМРО-национална партија за Македонија. Зашто, во бивша Југославија се развиваше национализмот. Сите во Штип ме знаеја како вмровец, па и ден-денес така ми велат, иако не сум член на партија со предзнак ВМРО. Работата е во тоа што секој народ посакува да има нешто свое, нешто препознатливо, нешто национално. Македонија и Македонците се препознатливи по нешто што е македонско. И сметам дека ТМРО е таква партија, а таму сум, пред се', поради личните контакти што ги имав со луѓе од таа партија. Денес сум таму, утре може да биде некоја друга.

* Што е македонското кога станува збор за националниот идентитет?

- За жал, последниве години се' повеќе се чувствува потребата да се погледне и побара во архивите, низ времето, низ историјата, минатото на овој народ, за да дојдеме до заклучок што е македонско. Одговорот на прашањето одвај се појавува, но знам дека има, има нешто што е македонско. Македонците се многу гостопримливи и вредни луѓе.

* Сметаш дека Македонија не треба да преговара со Грција за името?

- Прво, од моја гледна точка, кога тргнав 1977 година од Африка, јас знаев дека одам во Македонија. И сиве овие години знам дека живеам меѓу Македонци и историјата кажува за тоа. Значи, овие работи не се измислени, постоеле, постојат и ќе постојат како народ Македонци и место, држава Македонија. И сега, како би можело да биде поинаку. Ако сме биле Македонци, сме биле Македонци, ако не сме биле, нема проблем, тоа е едноставна работа. Или сме иле не сме. Значи, разговори може, преговори не. Има разлика во тоа. Да се преговара за името, мислам дека не држи.

* Што би бил максимумот што го очекуваш од ангажманот во политиката?

- Не сум во политиката за да добијам нешто. Тоа го правам зашто Македонија ми нуди место за живеење, ми даде можност да се школувам, да се развивам интелектуално, материјално, во секој поглед. Тука имам семејство. Најважно од се' е да можам јас да придонесам нешто за оваа држава. Ако сум зел, треба и да вратам.

* Чувствуваш дека нешто си земал од државата?

- Во контекст дека ми нуди место за живеење, да имам семејство, работа, егзистенција, образование - да.

* Со што се занимаваш во моментов?

- Имам невладина организација, фондација „Галилеј-Балканс“ и наша програмска цел е да им помогнеме на институции што работат со хендикепирани и со изнемоштени лица, на семејства со такви лица, како и директни контакти со сиромашни или со групи.

* Дипломиран геолог си, но немаш ни ден работен во струката?

- Работите не излегуваат како што ги планираме. Верувам дека има Господ, дека тој влијае врз животот на луѓето и јас го прифатив животот каков што е.

* Си помислил ли каков би ти бил животот во Нигерија?

- Беше предвидено да се вратам во Нигерија. Моите колеги сега се на функции, министри... Но, суштината на животот е да имаш семејство, да го одгледуваш во мир и спокојство. Ако Македонија го нуди тоа, јас сум задоволен. Ако мене, на ТМРО и на сите ни е цел Македонија, не треба да гледаме да земеме нешто од неа, туку да и' вратиме за да има идната генерација со што да се бори за правата на сите на ова поднебје.

* Кога би ти понудиле да го смениш местото и начинот на живеење, што би избрал?

- Не верувам дека има нешто што би можело да ме привлече за да го сменам местото на живеење. Зашто ги сакам Македонија и народот, се чувствувам дека сум поголем Македонец од многумина други. На друго место не би бил задоволен.

Дневник
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Посакувам само да имаше и да има повеќе вакви луѓе кои ќе се борат за доброто на државата во која живеат. (и Богами со право се чуствува поголем)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Што да кажам за човекот освен :aplauz::bravo::cuc:
 
Член од
21 декември 2007
Мислења
168
Поени од реакции
1
Pameten covek. I kazuva mnogu pametni raboti. Na primer:

Прво, од моја гледна точка, кога тргнав 1977 година од Африка, јас знаев дека одам во Македонија. И сиве овие години знам дека живеам меѓу Македонци и историјата кажува за тоа. Значи, овие работи не се измислени, постоеле, постојат и ќе постојат како народ Македонци и место, држава Македонија. И сега, како би можело да биде поинаку. Ако сме биле Македонци, сме биле Македонци, ако не сме биле, нема проблем, тоа е едноставна работа. Или сме иле не сме. Значи, разговори може, преговори не. Има разлика во тоа. Да се преговара за името, мислам дека не држи.

Bravo za Dzimi! Skromen covek, koj znae sto e vazno vo zivotot, i sto najvazno. Mnogumina ne go znaat toa. Vera vo Bog, semejstvo, da se pripaga nekade, bez razlika sto mislat drugite za toa nekade.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Интересен ми е Џими,а и правилно зборвит.:wink:
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Го прочитав целото интервју во дневник и се запрепастив!
Како уште можат да се поднесат во својата кожа некои лајна што се нарекуваат Македонци!(без ралика на етникум)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
E mozat, bidejki se nepismeni partiski poslusnici.

Go Jimmy!
edino TMRO i ne mu e bas nekoj izbor, ama koga ke pogledneme poubavo, nitu pak ima nekoj izbor vo Makedonija.

Bravo za Jimmy, covek za primer.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Го гледав синоќа...алал да му е.
 
Член од
21 декември 2007
Мислења
168
Поени од реакции
1
TMRO mu e bas odlicen izbor. ako toa bese partijata na onoj Sehtanski
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
браво џими стварно некои луѓе треба да го прочитаат ова интервју и да се засрамат
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
330
Поени од реакции
159
go gledav na biseri go znae cisto makedonskiot duri i poubavo od nekoj makedonci :D bravo za dzimi :salut::bravo:
 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168
хехе ги знам двајцата синови,адам и анџело и стварно се супер,сите во штип ги познаваат
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Не го познавам лично но според изјавите и интервјуто (на ТВ) изгледа како душа од човек.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Да да и ја го гледав, стварно да се сите како него ехее
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
bravo sver alal da mu E !
neznam kaj se kriel do sega ?? :)
pozZ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom