Кој ќе одговара за компромитирањето на истрагата?
Бранко ГЕРОСКИ
Сочувствувајќи со болката на семејствата на загинатите воздухопловци на АРМ, ги предупредувам да соберат сили и веднаш, најенергично, да побараат да се спречи обидот за заведување на истрагата за трагедијата.
Компромитацијата на истрагата, со јавно објавување на транскриптите од разговорот на пилотите со контролата на летањето, неодоливо потсетува на забошотувањето на вистината за авионската несреќа на претседателот Борис Трајковски. Како и тогаш, така и сега, исходот веќе се „бара“ и ќе се „најде“ во некоја банална грешка или, поверојатно, одговорноста ќе се префрли на настраданите. Бидејќи, како што вели народната, мртвите усти не говорат.
Во нормална држава, за вакво протекување на витални информации на истрагата, со очигледна намера да се прејудицира нејзиниот исход, некој би морал дебело да одговара. И политички и кривично.
Zreli za nato a? Sitel prv doznava ??? Zosto ??? Samo za popularnost na partiskata TV sitel, nekoj dal info. koi ne smeel da gi dobie nikoj do krajot na istragata.