Се сруши хеликоптер на АРМ близу скопското село Блаце

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Селтик и другите, не мислите дека си играте со емоциите на луѓето??
какви им биле телата не знам, ама знам дека мртви им биле сигурно, што е навистина трагедија, од која и да е причина да паднал хеликоптерот.
Да не се повтори.


Не ја политизирајте темата повторно.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20
Поени од реакции
0
Јас имам прочитано дека на ми-17 во случај да откажат 2 та мотора перките вртат уште 5 до 7 минути,за кој хеликоптерот може безбедно да слета...Но сепак премногу е мала веројатноста да откажат 2 та мотора..
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Селтик и другите, не мислите дека си играте со емоциите на луѓето??
Arno velis, a koj da go banira sitel ?
Denes zaedno so vestite za ovoj nastan za koj povtorno tie imaat ekskluzivni informacii od preslusuvanjeto na crnite kutii objavuvaat radosen rejting za premierot.
Ccccccc.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Која ти е идејава со линкот???
Да видиме како летале пред да паднат??
Не мислиш дека е невкусно?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Која ти е идејава со линкот???
Да видиме како летале пред да паднат??
Не мислиш дека е невкусно?
Воопшто не мислам дека е невкусно, зашто па би било?
Немам намера да си играм со чувства,а ниту имам намера да ги паметам загинатите само по трагичната несреќа.


Ова видео е во нивно сеќавање!
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Сепак, барем така да го прикажеше, малку подоцна, не денес, јебига. Уште не се погребани.

Ваљда не си СИТЕЛ.
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
309
Поени од реакции
0
Izkazhuvam sochuvstvo za tragediata ! Golema nesrekja i zaguba za site ....

Вториот дел од постот не ти е потребен - Гарфилд! Благодариме за сочувството!
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Единаесет животи. Единаесет, здрави, прави, посветени работници. Мировници! Ви текнуе, тоа е онаа група на луѓе која сопствените животи ги става во ризик, да го брани мирот на оние ним непознати, од дебилите, кретените и извитоперените суштества на овој свет.

И ги дадоа животите, заколнати во служењето на својата држава во секој поглед и на секој начин.

Без разлика на кој е нашиот став кон Нато, плукањето врз ползата од истото е газаење врз работата на овие единаесет професионалци. Кои својот професионализам го понудиле во обидот да се создадат услови за конечен мир во Босна. А дел од загрижените овде, ја користат нивната трагедија за распламтување на емоциите кои Босна ја доведоа во ситуација од која овие 11мина се обидуваа да ја извадат. Тие биле дел од тоа! Тие своите работни саати ги посветувале на тоа, одвоени од своите фамилии, со вербата во подобро утре за себе и за нивните комшии.

Заслужуваат многу повеќе, барем во овие мигови, од нашите „стручни“ дркања и шпекулации и самосожалувања. Да ги испратиме достојно како што заслужуваат, па потоа слободно впуштете се во грижливото анализирање на условите во Армијата, доколку за 3 дена темата не ви застари, нешто кое воопшто не би изненадило.

Вечна им слава, со надеж дека семејствата ќе успеат да најдат мир во овие за нив тешки моменти.
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Значи немогучи сте...не е битно што е битно е да се кака и да се расправа кој е крив и што е само од чаршиски муабети,нели ќе ви беше полесно да сочуствувате со семејствата на загинатите војници барем еден ден без да ве интересира политиката,отколку да се замарате со тоа кој го урнал или дали некој го урнал и дали е вмешано СДСМ или пак ВМРО,и во секоја ситуација да се вмешува политиката,грдо е ова што го правите...грдо е да се постираат линкови од видеа и слики веќе е небитно,тажно е млади животи загинаа...вечна им слава и нека почиваат во мир,и сочуства до семејствата
 

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Вечна им слава, немам што друго да додадам. :toe:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Хеликоптерот бил подготвен за слетување, но добил наредба да почека, бидејќи во исто време на аеродромот „Александар Велики“ требало да слета и авион наМАТ,кој доаѓал од Цирих

Хеликоптерот на АРМ непосредно пред слетувањето добил наредба да почека и да му даде предност на патничкиот авион кој доаѓал од Цирих, дознава „Дневник“. До последниот момент од комуникацијата со контролата на летање на скопскиот аеродром, пилотот на армискиот хеликоптер „Ми-17“ не пријавил дефект на леталото, покажуваат првичните сознанија за несреќата. „Дневник“ неофицијално дознава дека пилотот последен пат му се јавил на контролорот во 12.13 часот. Се' уште е мистерија што се случувало со хеликоптерот од 12.05 часот во саботата, кога влегол во македонскиот воздушен простор од Косово, до моментот на несреќата. Според извори од Контролата за летање, екипажот на хеликоптерот не пријавил ниту дефект ниту итна ситуација кога влегол на македонска територија. Тој влегол во земјава над котата „Когат“ на границата со Косово. Од Контролата тврдат дека пилотот тогаш побарал да биде воден со радар во процедурата за слетување бидејќи имало сложени метеоролошки услови и намалена видливост до 3.000 метри поради магла. Наши извори, пак, објаснуваат дека од истите причини контролорот го насочил пилотот при слетувањето да го користи системот на инструменти.

Македонските мировници полетале од сараевскиот аеродром „Бутмир“ во 10.10 часот при нормални услови за летање. Поради тоа летот бил пријавен дека ќе се врши по процедурата ВФР (виа фар), односно по визуелно барање на котите, што значи дека пилотот има прегледност на условите на копно. Тоа значи хоризонтална видливост од минимум пет километри и надвишување над облаците од 1.000 фити. Во саботата напладне овие услови на скопскиот аеродром не биле задоволени. Затоа била променета процедурата на слетување.

Армискиот хеликоптер летал по воена рута преку Беране во Црна Гора, поминал над Косово и ја поминал нашата воздушна гранична линија над преминот Генерал Јанковиќ - Блаце. Потоа ја прелетал Скопска Црна Гора и бил подготвен за слетување на воениот дел од аеродромот „Александар Велики“. Според нашите информации, пилотот побарал од контролорот да лета на точката Папа Танго, која претставува уред во близина на пистата и им бил добро познат на воените воздухопловци. Но, добил инструкции да користи друга точка. Бидејќи слетувањето се вршело преку радар, според процедурата, хеликоптерот бил упатен да направи полукруг на јужната страна на аеродромот во правец на Катланово. За време на овој маневар, леталото било на висина од 700 метри над земјата. Но, во исто време на аеродромот требало да слета и авион на МАТ, кој доаѓал од Цирих, па на хеликоптерот му било наредено да почека со слетувањето.

Во Контролата за летање велат дека според процедурите, патничките авиони имаат предност за слетување пред воените хеликоптери, бидејќи се побрзи. Оттаму тврдат дека воените летала може да имаат предност само во итни ситуации, ако носат повредени, ако се погодени или ако имаат друг проблем.

Авионот на МАТ слетал на „Александар Велики“ во 12.10 часот, а три минути подоцна контролорот ја имал последната комуникација со хеликоптерот. По две-три минути, контролорот повторно го побарал екипажот, но немало одговор. Откако по неколку минути повторно не успеал да воспостави контакт со воениот пилот, била известена Службата за потрага и спасување.
 

mirkec

Неостварена желба
Член од
26 јуни 2007
Мислења
502
Поени од реакции
3
Нека им е вечна слава на моите драги колеги, другари и пријатели.
Со некои од нив имам остварено толку многу часови налет во истиот тој хеликоптер. Часови и часови, денови и години, во добро и зло.
Судбината доведе до тоа, јас да не бидам во тој кобен час со Вас. Знаете и самите колку посакував заедно да одиме во оваа мисија. Можеби и немаше никој да го чита овој пост посветен за ВАС, но ете судбината решила јас да го напишам.
- потполковник Спасовски Тони, ти текнува ли кога ти реков, еве слетавме во Охрид, а не го пипнавме езерото поради обврски ?
- мајор Ристовски Горан, кој ќе ме расположува кога ќе стигнам на работа ?
- капетан Спасовски Бране, не дочека да бидеш мајор, иако така те викав веке неколку години.
- капетан Ѓорески Игор, ти реков да не се секираш и дека нема повеќе да те одредувам дежурен на аеродром.
- заставник Василев Славчо, го чувам сончогледот што го грицкавме пред да заминеш на мисија.
- заставник Давитковски Тони, со кого ќе одам на скијање и во бања, Жиле ми отиде во пензија ?
- постар водник Шириќ Јанко, ти си ми класа, заедно сме од 1987 од Сараево, како да и објаснам на Дијана што се сличи ?
- постар водник Тасковски Александар, добар како и брат ти кога беше со мене.
- постар водник Ивановски Мики, со кого ќе играм одбојка позади хангар, кажи ми ?
- водник Васиќ Александар, не се секирај супер ти се проверките физичко.
- професионален војник, Велјаноски Златко, зошто те спасував во војната кога беше ранет, за вака да ми враќаш ?

Извинете, не можам повеќе да пишувам сега. Не можам. Не ја гледам тастатурата веќе. Никогаш не сум заплакал, зарем Вие ме натеравта сега? Имаше ли потреба ? Трагедија голема.
Не можам.
 

Anuskan

~Keep Smiling~
Член од
13 јануари 2008
Мислења
191
Поени од реакции
10
Воените пилоти со години се жалат на бавните процедури за набавки на делови и за сервисирање на воздухопловите.Во минатото лето, во јули, малку пред серијата пожари, сите хеликоптери на АРМ беа приземјени зашто останаа без масло, поради пропусти во процедурите за јавни набавки.
Министерството за одбрана тврди дека хеликоптерот „Ми-8/17“, кој завчера се урна на шест наутички милји пред слетување на воениот дел на аеродромот кај Петровец, бил технички во најдобра состојба,
во споредба со трите такви воздухоплови во составот на АРМ, од кои еден е приземјен поради дефект. Но, според формацијата на вооружените сили, во составот на Воздухопловната извидувачко-напаѓачка група (ВИНГ), реформираното Воено воздухопловство, треба да има вкупно седум такви летала: шест „Ми-8/17“ во Транспортниот сквадрон и еден модифициран хеликоптер во ВИП-сквадронот. Одбраната не одговори во каква состојба се другите летала и колку од нив се приземјени додека чекаат сервисирање или ремонт.
Министерство за одбрана до денес нема избрано центар за одржување на леталата, иако со години најавува стратегиски партнер,
со што треба да се избегне по неколку месеци долгата процедура за набавка на делови, за одржување и ремонтирање на воздухопловите. До денес леталата се ремонтираат во ремонтните заводи во Украина.
НАТО неколкупати предупреди дека одбраната не ги троши парите од буџетот наменети за опремување и вежби
. Според планот, до 2012 година се предвидени по околу 25 милиони евра за опрема годишно.

Срамота ... војската треба да биде третирана на највисоко ниво,и прво за таму да се обезбедат финансии па после за друго ...бруки,не сме ние држава ...
Eh da e samo za vojskata toa. Tatko mi u policija maka maci so takvi birokratski sranja u helikopterska edinica!!
UAAA BIROKRATIJA!!!
 

Anuskan

~Keep Smiling~
Член од
13 јануари 2008
Мислења
191
Поени од реакции
10
Која ти е идејава со линкот???
Да видиме како летале пред да паднат??
Не мислиш дека е невкусно?
Voopsto ne e nevkusno. Bash e super da se vidi sto pravele, koi bile lugevo, a ne samo da se zbori za nesrekata i nivnata smrt.
Nivnite dela se pogolemi od nivnata smrt! Luge koi ucele, rabotele i se trudele da stanat del od vozduhoplovnata edinica na ARM!
Alal da im e sto si gi ispolnile sonistata! Pocivajte vo mir!

Najzakon e vozenje so helikopter i mene mi bilo zelba toa ama site okolu mene me odgovaraa demek zasto zensko sum bila!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom