Се очекуваат 900.000 ноќевања во ски-центарот Кожув

Член од
7 ноември 2011
Мислења
23
Поени од реакции
10
Мрчачи,само да мрчите нешто!Па снег од 2 метри, дали е на алпите,дали е на Хаваи или кај на мајкати во двор е природна непогода.Па уште сте храбри, извинете доволно глупи да споредуваат и да се правите паметни како на други места тоа ке се средело.Абе Вие овде повекето сте сеирџии на туѓа мака да се изивувате.Ако немозете да помогнете барем немојте на тугја мака да се смеете.Мрчачи неписмени.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Дечко ти изгледа не ги сваќаш работите како стојат. Како може една Австрија да споредуваш со Македонија?????
Значи според тебе во Австрија исти се планините, исти се ски центрите, се е исто. Дај ти се молам следниот пат кога ќе сакаш да искоментираш нешто, размисли два пати.
Не е исто, понапредни се!
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Ова видео горе што го гледам прилично сум изненаден колку многу возила и скијачи имало за нова година и тој период, ама уште поизненаден сум како тоа Кожув планира да се развива кога во ек на туристичка сезона и 3 метри снег, не е расчистен патот до горе значи блокиран за возила барем така беше со последниве врнежи во февруари... Смејурија бе.

Тука им пишува http://www.skikozuf.com.mk/
 

LMC

Член од
26 август 2011
Мислења
147
Поени од реакции
45
Има ли податоци колку го посетиле Кожув досега ?
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Днеска такмо отварам страницата на Кожуф да видам за што се работи и читам со големи букви
КОЖУФ НЕ РАБОТИ ЗАРАДИ НЕПРЕОДНОСТ НА ПАТОТ!
:unsure:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Моментална состојба на патот за Кожув.Како квалитетно го изградиле доказ е последната слика.

 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.487
WOW! Не бе нема нешто во државава што не е фуш направено
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.134
Поени од реакции
15.857
Тешка работа ова свлечиштава, не знам како може да се минимизираат.
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Најважно е тоа што беше извршен технички преглед на сите жичарници, а проблемот кој лани го имавме со патот до ски-центарот, годинава е решен. Она што е голем плус и новитет оваа година е склучениот договор со Руската ски-федерација. Според Наков, станува збор за интернационална ски-школа каде што руски ски-инструктори ќе обучуваат наши луѓе и луѓе од соседна Грција

Со над половина метар снег, осум патеки за скијање и топлото гостопримство од страна на домаќините, ски-центарот "Кожуф" и оваа година е подготвен да ја започне новата туристичка сезона. Во ексклузивната изјава за Вечер сопственикот на планинскиот комплекс Кожуф, Ангел Наков ни ја потврди забрзаната подготовка за оваа сезона која официјално ќе почне на 5 јануари.

- Нашите екипи ги прават последните подготовки за отворањето на ски-центарот за оваа сезона. Најважно е тоа што беше извршен технички преглед на сите жичарници, а проблемот кој лани го имавме со патот до ски-центарот, годинава е решен. "Македонија пат" се погрижи тој да се нормализира и да биде пристапен како во сите останати европски центри. Сепак, се работи за голема државна инвестиција од страна на државата која беше околу 8 милиони евра, а самиот пат се работеше две години. Идејата за центарот почнала да се развива од 1990 година. Најпрвин направиле испитувања на климатските услови за изградба на ски-центар и студија за природните богатства на планината. Оттогаш компанијата финансирала да се подготват генерален и детален урбанистички план, изјави Наков.
Она што е голем плус и новитет оваа година е склучениот договор со Руската ски-федерација. Според Наков, станува збор за интернационална ски-школа каде што руски ски-инструктори ќе обучуваат наши луѓе и гости од соседна Грција.
- Горди сме што оваа соработка и склучен договор е прв пример во Европа. Огласот за пријавување на надежните инструктори е од 20 јануари, а стартот на школата е на 25 јануари. Она што е интересно е дека на конкурсот освен кандидати од Македонија, можат да се пријават и Грци, додаде Наков.
Оваа година ќе бидат пуштени осум скијачки патеки со должина од 18 километри, а жичниците се во функција и се комплетно исправни.
- По бројот на скијачките патеки "Кожуф" е трети скијачки центар на Балканот, по Банско и Копаоник. На располагање ќе има околу 200 легла, но туристите ќе имаат можност да се сместат и во викендичките на Смрдлива Вода и во хотелите со коишто соработуваме годинава, рече Наков.
Како и лани, така и оваа година сопственикот на планинскиот комплекс "Кожуф" очекува дека најголемиот број туристи ќе бидат од соседна Грција. Според информациите само во Солун има околу 103 илјади рекреативни скијачи. Гости се очекуваат и од Русија, како и од цела Македонија. Ниските цени на ски-картите, како и сместувањето во апартманите ќе биде причина плус зашто да се посети овој прекрасен зимски комплекс.
- Годинава цената на ски-картите ќе изнесува околу 14 евра, сместувањето во апартман за четири особи е околу 40 евра, додека услугите во рестораните каде што може да се напиете топол чај или кафе за само 60 денари се доволен повод да не посетат и да уживаат во зимската идила. Она што ски-центарот Кожуф го прави поразличен и вреден да се посети е најдобриот систем на жичарници како и огромната комфорност. Капацитетот на Кожуф е околу 5.500 луѓе, изјави Наков.
Местото на кое е изграден ски-центарот "Кожуф" било напуштено по немирите во пограничниот појас за време на граѓанската војна во Грција. Низ планината се движеле само овчари, кои на коњи се пробивале до планинските бачила по стари воени патишта од Првата светска војна. Тоа го поттикнало Наков да размислува и за реализирање други туристички планови, па покрај скијањето да се развијат и историскиот туризам, маунтинбајкингот, јавањето коњи, параглајдерството, пешачењето, ловот и речниот риболов. Во план е и богат ноќен живот со клуб за 700-800 луѓе, казино и друг вид забава. http://vecer.com.mk/?ItemID=D1CC9FC0D7C70A48BFC8150A50E51F97
 

Kajgana Shop

На врв Bottom