Се очекуваат 900.000 ноќевања во ски-центарот Кожув

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
До 900.000 ноќевања на домашни и на странски туристи се очекуваат во ски-центарот Кожув до 2014 година, изјави Ангел Наков, извршен директор на ски-центарот, пренесе МИА

Тој вчера на градоначалникот на општината Кавадарци, Александар Панов, и на советниците им ја презентира стратегијата за осовременување на ски-центарот, со која се предвидува ребрендирање и развивање на планинскиот туризам, нови велосипедски патеки и други активности за привлекување поголем број туристи.

- Проектот е реален и ќе заврши за пет години. Финансиските средства се веќе обезбедени и граѓаните не треба да се сомневаат, туку да очекуваат наскоро Кожув да стане атрактивно место за многубројни домашни и странски туристи - рече Наков.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Нека е нека е, дај боже навистина да се исполни ова. Нели и во Попова Шапка ( или грешка сум? ) беше инвестирано од типци (шеици) од Дубаи кои исто така имаат голема амбиција за проектот и веруваат дека ќе успее. Ај со Господ напред нека ни се множи и збогатува туризмот во оваа наша мала држава.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.662
Поени од реакции
12.054
Што капацитет месечен има воа Кожув? Секој ден 365 дена треба да има 800-1000 ноќевања за да ја постигне таа бројка.
Има шанси???
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.168
Поени од реакции
34.279
Само знам дека со ваква глупа пропаганда нема никогаш да ме натераат да отидам на Кожуф.
Наместо да кажат што имаат да понудат, односно - дека може да понудат највеќе за пристојна цена, секогаш ќе мислам дека во Бугарија е поубаво и поефтино.

За да ги натераш туристите да почнат да доаѓаат на некоја нова локација, треба да ги репрограмираш и да работиш чесно и трпеливо (тоа подразбира и помала заработувачка). Имам впечаток дека сите што стопанисуваат со македонски туристички места сакаат ОДМА и СЕГА да се збогатат, па излегуваат со понуди по скромни од странските - но, цени еднакви и повисоки од нив. Не сфаќаат дека во време на интернет не можеш човек лесно да го излажеш. Не сме будали, гледаме какви понуди има во соседството...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Што капацитет месечен има воа Кожув? Секој ден 365 дена треба да има 800-1000 ноќевања за да ја постигне таа бројка.
Има шанси???
Пресмета до 2014?

Бидејќи тогаш излегува по 600 луѓе.

Најдов ваква информација, не знам колку е реална:

Во наредната 2009 година се најавува пуштање во употреба на меѓународниот хелиодром со кој се очекува тука да скија европскиот и регионалниот џет-сет. Во наредната фаза е предвидена изградба на хотели од висока класа со вкупно 400 легла, како и изградба на неколку помали хотелски капацитети со околу 200 легла.

А за споредба Маврово:
Претседателот на Одделението за развој на туризам во Маврово Душко Шаревски вели: “Нашата цел е Маврово како туристички центар да заживее преку цела година. За таа цел е во подготовка физибилити студија која наскоро ќе се најде пред сите надлежни фактори во државата пред потенцијалните инвеститори како и сите дипломатски претставништва во земјава чии држави можат да бидат потенцијални инвеститори во Маврово. Овој туристички центар располага со 17 хотели од кои некои се комерцијални, а некои се сe уште синдикални одморалишта со вкупен капацитет од над 1600 легла. Но само околу 500 легла ги задоволуваат критеримуите за висока туристичка понуда”, вели Шаревски.

http://www.maticanaiselenici.com/index.php?page=read_news&id=3703



Според останатите податоци за другите зимски центри, создавање на капацитет од 600 легла до 1000 не би требало да биде проблем.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
** наместо да го презентираат својот проект(целокупно инфраструктура,цени,сместувања,погодности....) тие продаваат ветер во магла......ретко кој пали на вакви работи...
 
H

HITCH

Гостин
900.000??? Дветсто илјади ноќевања?!?!?! Ма дај, немој ме зезат! Тоа значи дека сите луѓе само на Кожув ќе треба да одат. :pos: Охрид кај нас е најпосетено место летно време, па ме интересира колку ноќевања се годишно?

Добро бе, кој и како им врши истражувања на глупиве менаџери? Ова значи дека, цело Скопје треба да помине викенд на Кожув и плус преку недела некој да се прелаже да појде! :pos:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.705
Поени од реакции
9.825
Кожув прво треба да го "сјебе" Банско, па после ќе биде што ќе биде.. Треба да понуди од Банско подобри услуги,квалитет и поволни цени
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.793
Поени од реакции
15.818
Сањам те сањам скоро сваке ночи...

Овој Наков на тешки дроги бил кога ја дал оваа изјава..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom