Се каете ли што сте се иселиле од Македонија?

M

mordekaj

Гостин
Сите кои што ја напуштиле својата земја и својот народ се губитници. Ако некој отишол привремено надвор, но тоа го сторил за некоја идна полза за заедницата на која и припаѓа, може да се разбере. Тие кои трајно се одвоиле колку и да успеале во приватниот живот секогаш ќе бидат губитници. Затоа што ниедно вртење на грбот и напуштањето на полето на битката не донело победа.
Животот е борба и прекрасно е што е така. Страшливците бегаат и се правдаат. Се гордеам што сум во малобројниот македонски народ кој покажа невидена цврстина во исклучително тешки времиња како од памтивек така и во изминативе две децении. Останавме овде, како Македонци и ја зачувавме верата во Господ. А која друга духовно-културна и национална битка е на Македонецот. Битката за Германија, Австралија, Шведска...??? За кого и за што?
Настрана од политичарите и дел од побогатите, сите други Македонци во Македонија се херои за се она кое го поднесуваме! Тие кои се надвор барем би покажале поштеност ако споменатите 2 вистини ги признаат. Дека се дезертери и дека треба да им се честита на оние кои останале овде на самото место на тешка животна битка. Ако се поштени и искрени...

:pos::pos::pos::pos:
Јованке дај една медаља!!!
:pos::pos::pos:
Леле шо убаво му стое,Јованке дај уште една...:D
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Ако трајно си заминал од Македонија, кои и да се причините, не се оправдани и ти СИ ГУБИТНИК.
Па момак, тие што имаат завршено машински факултет и останале во Македонија да возат такси, да ти кажам се осеќаат дури помалку и од губитници.
 
W

Werther

Гостин
Па момак, тие што имаат завршено машински факултет и останале во Македонија да возат такси, да ти кажам се осеќаат дури помалку и од губитници.
Ангелина, ти каков факултет имаш завршено ?
 

Shemsa

Певаљка
Член од
2 октомври 2012
Мислења
174
Поени од реакции
285
Ја имаме честа да бидеме носители на верата во Спасителот и нема порадикална вистина која е и причина за сите наши борби внатрешни и надворешни како поединци и како народ.
Брате македонски, спасителот веќе дојде, а ние не го препознавме! Име му е Страшо Ангеловски! Сега сме сите осудени на пропаст.
 
W

Werther

Гостин
Брате македонски, спасителот веќе дојде, а ние не го препознавме! Име му е Страшо Ангеловски! Сега сме сите осудени на пропаст.
Шемса, ај фрли гравот види дали горостасов sardaukar е во некаква роднинска врска со Лавот пресвет.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
Брате македонски, спасителот веќе дојде, а ние не го препознавме! Име му е Страшо Ангеловски! Сега сме сите осудени на пропаст.
Во клипов е кажано се’. Ама кому му пишувам. Џабе.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Во клипов е кажано се’. Ама кому му пишувам. Џабе.
AAAAAAAA! Ние сме мајчина земја! Мислев дека ќе не однесеше у мајчина!
:pos:

Какви се тие природни држави? o_O

Ако некој се тужи за меѓа, нека го викне Страшо за сведок :)))))
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.999
Поени од реакции
11.980
Море нека се отворат границите и бегам за Косово :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Сите кои што ја напуштиле својата земја и својот народ се губитници. Ако некој отишол привремено надвор, но тоа го сторил за некоја идна полза за заедницата на која и припаѓа, може да се разбере. Тие кои трајно се одвоиле колку и да успеале во приватниот живот секогаш ќе бидат губитници. Затоа што ниедно вртење на грбот и напуштањето на полето на битката не донело победа.
Животот е борба и прекрасно е што е така. Страшливците бегаат и се правдаат. Се гордеам што сум во малобројниот македонски народ кој покажа невидена цврстина во исклучително тешки времиња како од памтивек така и во изминативе две децении. Останавме овде, како Македонци и ја зачувавме верата во Господ. А која друга духовно-културна и национална битка е на Македонецот. Битката за Германија, Австралија, Шведска...??? За кого и за што?
Настрана од политичарите и дел од побогатите, сите други Македонци во Македонија се херои за се она кое го поднесуваме! Тие кои се надвор барем би покажале поштеност ако споменатите 2 вистини ги признаат. Дека се дезертери и дека треба да им се честита на оние кои останале овде на самото место на тешка животна битка. Ако се поштени и искрени...
Прво појди и самиот во земја кај што не го знаеш добро јазикот, кај што немаш на почеток ниту еден познат, ниту близок.... да треба за се’ сам да се снаоѓаш, да преживееш и да се снајдиш по институциите, да создаваш контакти и пријателства одново, да се навикнуваш на нова клима, на нова храна, на нов менталитет, нов начин на живот.
Кога ќе искусиш сето ова, тогаш твоето мислење ќе има некаква издржаност. Во спротивно, твоето мислење е релевантно исто колку и тоа на Иван исцелител.
А ти големиот патриота, сигурен сум оти уште дома седиш во истата куќа со мама и тато, утре и невеста ќе им донесиш (ако немаш веќе донесено) и ќе се стискате сто души во 50 квадрата. Кола ќе возиш од минатиот век и ќе работиш за месечна плата колку две дневници на запад со која ќе можиш само храна да платиш, а сметките еден месец еден дел ќе плаќаш, друг месец другиот дел... и така со заоставање. Ќе се поболиш и нема да сакаат да ти пратат брза помош, ќе треба пасош да вадиш нов и ќе се смрдуваш во мвр во гужва со уште илјада немиени чекајќи во ред 3 саати. Ќе возиш во хаотичен сообраќај како во Индија, по асфалт изрешетан како во Сирија од војната, ќе дишиш воздух кој е 1000 пати позагаден од дозволената граница. На секој чекор ќе се плашиш некој да не те укради, да не те заеби нешто, некој дали ќе те нападни или дома ќе ти провали, дали акумулаторот ќе ти го украдат од колата, раткапните или некој намерно ретровизорот ќе ти го скрши.
Во меѓувреме комшијата ќе ти треска музика до даска оптеретена до 12 навечер, а ти треба во 6 да си на нога, за да трчаш со јсп на време да стасаш, оти до работното место со јсп да стасаш ти треба колку до Германија со авион да долеташ. И дури се возиш пак истата слика со еден куп беда и сиромаштија во автобусот, кој немиен мириса на шест метри оддалеченост, кој со зарзаватите се качил, па 5ка иди накрцана ко вагон со евреи за во Треблинка.
И во тој момент ги здогледуваш спомениците на сите наши дејци како гордо се извишуваат во шаховска формација подредени на плоштадот, ја гледаш триумфалната порта и си горд што живееш во таа библиска, вечна и господова земја, тивко колнејќи ги предавниците на македонскиот благороден сој кои бегаат по светот од лулката на цивилизацијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom