Сите кои што ја напуштиле својата земја и својот народ се губитници. Ако некој отишол привремено надвор, но тоа го сторил за некоја идна полза за заедницата на која и припаѓа, може да се разбере. Тие кои трајно се одвоиле колку и да успеале во приватниот живот секогаш ќе бидат губитници. Затоа што ниедно вртење на грбот и напуштањето на полето на битката не донело победа.
Животот е борба и прекрасно е што е така. Страшливците бегаат и се правдаат. Се гордеам што сум во малобројниот македонски народ кој покажа невидена цврстина во исклучително тешки времиња како од памтивек така и во изминативе две децении. Останавме овде, како Македонци и ја зачувавме верата во Господ. А која друга духовно-културна и национална битка е на Македонецот. Битката за Германија, Австралија, Шведска...??? За кого и за што?
Настрана од политичарите и дел од побогатите, сите други Македонци во Македонија се херои за се она кое го поднесуваме! Тие кои се надвор барем би покажале поштеност ако споменатите 2 вистини ги признаат. Дека се дезертери и дека треба да им се честита на оние кои останале овде на самото место на тешка животна битка. Ако се поштени и искрени...
Прво појди и самиот во земја кај што не го знаеш добро јазикот, кај што немаш на почеток ниту еден познат, ниту близок.... да треба за се’ сам да се снаоѓаш, да преживееш и да се снајдиш по институциите, да создаваш контакти и пријателства одново, да се навикнуваш на нова клима, на нова храна, на нов менталитет, нов начин на живот.
Кога ќе искусиш сето ова, тогаш твоето мислење ќе има некаква издржаност. Во спротивно, твоето мислење е релевантно исто колку и тоа на Иван исцелител.
А ти големиот патриота, сигурен сум оти уште дома седиш во истата куќа со мама и тато, утре и невеста ќе им донесиш (ако немаш веќе донесено) и ќе се стискате сто души во 50 квадрата. Кола ќе возиш од минатиот век и ќе работиш за месечна плата колку две дневници на запад со која ќе можиш само храна да платиш, а сметките еден месец еден дел ќе плаќаш, друг месец другиот дел... и така со заоставање. Ќе се поболиш и нема да сакаат да ти пратат брза помош, ќе треба пасош да вадиш нов и ќе се смрдуваш во мвр во гужва со уште илјада немиени чекајќи во ред 3 саати. Ќе возиш во хаотичен сообраќај како во Индија, по асфалт изрешетан како во Сирија од војната, ќе дишиш воздух кој е 1000 пати позагаден од дозволената граница. На секој чекор ќе се плашиш некој да не те укради, да не те заеби нешто, некој дали ќе те нападни или дома ќе ти провали, дали акумулаторот ќе ти го украдат од колата, раткапните или некој намерно ретровизорот ќе ти го скрши.
Во меѓувреме комшијата ќе ти треска музика до даска оптеретена до 12 навечер, а ти треба во 6 да си на нога, за да трчаш со јсп на време да стасаш, оти до работното место со јсп да стасаш ти треба колку до Германија со авион да долеташ. И дури се возиш пак истата слика со еден куп беда и сиромаштија во автобусот, кој немиен мириса на шест метри оддалеченост, кој со зарзаватите се качил, па 5ка иди накрцана ко вагон со евреи за во Треблинка.
И во тој момент ги здогледуваш спомениците на сите наши дејци како гордо се извишуваат во шаховска формација подредени на плоштадот, ја гледаш триумфалната порта и си горд што живееш во таа библиска, вечна и господова земја, тивко колнејќи ги предавниците на македонскиот благороден сој кои бегаат по светот од лулката на цивилизацијата.