Се каете ли што сте се иселиле од Македонија?

M

mordekaj

Гостин
Абе добро,човекот отвори тема и си постави убаво прашање.Шо сега отекувате со тоа дали и како е у Европа.Та дали испуштале работници,та ваму било вакво ,наму накво.Ако имате шо да кажите у врска со темата арно,ако не,не го дрвите барем.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Систематски против системот (прв дел)

Во развиените земји секојдневието на луѓето функционира во рамките на еден комплексен систем што ги регулира и најситните детали од животот на поединецот и заедницата. Има систем и за најбанални работи (на пример, кому да му се жалиш ако не ти цути јасминот за кој си платил 34,99 долара), а камоли пак за покомплицираните (на пример, како од син на африкански емигрант се станува американски претседател). Луѓето од развиениот свет генерално си го почитуваат системот во кој живеат: за нив не е толку страшно доколку некој се дрогира (на крајот на краиштата, тоа си е негова приватна работа), ама со големи антипатии гледаат кон оние што затаиле данок (бидејќи од тој данок се финансира училиштето во кое учи нивното дете).

Од друга страна, нашите луѓе (а под „наши“ мислам на сите оние чии предци живееле во рамките на Отоманската Империја или, пак, по нејзините рабови) имаат закоравена недоверба и антипатија кон самата помисла на некаковси систем. За нашите луѓе системот е машинерија што не ја гледаш, но таа упорно те гледа тебе и систематски те експлоатира - со векови! Таквата машинерија нашите луѓе ја викаат „држава“, дефинирајќи ги со тој крајно симплифициран термин сите можни институции и механизми што тие ги доживуваат како репресивни, те оттаму не заслужуваат ништо друго освен да смислиш начин како да ги заебеш (дедо ми Цветко викаше: „На човек пари да не борчиш, ама на државата - обавезно!“).

Кога своето општество нашите луѓе го замислуваат како татковина - го обожаваат до заслепеност! Но кога истото општество ќе им го претставиш како државен апарат - реагираат небаре си им опцул мајка. Затоа нашите луѓе сечат вени по „мајка Македонија“, а се крајно скептични кон Република Македонија.
Наспроти „државата“, во нивните глави постои и нешто што се вика „народ“. Народ - тоа сме си сите ние, а држава - тоа се некојси тие. Сѐ што не е народ е држава, а сѐ што не е држава е народ. Ако пак не е ни народ ни држава - тогаш гарант е странски шпион, нема што друго да биде!

Оттаму секојдневието во тие „наши“ предели функционира вака: државата служи за да го молзе народот, а народот смислува финти како да ја заебе државата. Тоа што државата му припаѓа на истиот тој народ, што со неа управуваат народни претставници и што народните синови и ќерки мечтаат да добијат работа токму во државните институции (бидејќи „приватно може и да пропадне, ама државно си е, бе брат, државно!“), тоа за нашиот човек нема никакво значење: нему државата му е душман, па макар и тој самиот да е на државна функција.

За да можат што поуспешно да му се спротивстават на државниот систем, нашите луѓе си прават свој паралелен систем: таквиот систем е базиран на племенски односи во кои припадниците на племето си се држат едни со други, истовремено гаејќи недоверба кон остатокот од светот. Племенскиот парасистем и државниот систем се во перманентен и прикриен судир, во кој државата на племето му смислува закони, а племето возвраќа така што ги прекршува законите, требало-не требало, секогаш кога за тоа ќе се укаже шанса (кај нас само будала чека зелено светло на семафор - паметните и вештите прерипуваат жардиниери на Партизанска). Онаму каде што племето мора да ѝ се повинува на државата, постои тројански коњ што се вика „свој човек“. Имено, секое племе што држи до себе има „свој човек“ во секоја можна институција: пошта, банка, болница итн. Само наивните и неснаодливите гревчиња криват кичма на шалтер - сите други имаат некојси комшија Перо, чијшто баџанак Миле има некој свој „таму“ за да му „заврши работа“ за „онаа работа“.

Во таквиот немилосрден свет на вечна борба нормално е она што е ненормално, но не е нормално она што е нормално. На пример, кога одиш во државна болница нормално е да си носиш свои гази - бидејќи не е нормално да ѝ веруваш на болницата што гледа да ти ги ували нејзините нестерилни резерви. Дури и да решиш да одиш во приватна болница, не е нормално да одиш „на поверење“ за свои пари, туку е нормално прво да си најдеш „свој човек“ што ќе те препорача кај „негов лекар“, кој потоа „ќе припази малку на тебе“ (ко нему да не му е работа токму тоа: да припази на тебе!). По излегувањето од болница следува племенски ритуал во кој сите припадници на племето те советуваат како да се лекуваш - бидејќи е нормално бабите и вујните во медицина да се разбираат многу повеќе од оние на кои медицината им е професија. А доколку во тој период се случат некои аномалии или тешкотии, луѓето не се обраќаат до некоја дежурна служба (што би било нормално), туку во ниедно време ѕвонат кај некој свој познаник, лекар по професија, со молба да им го прегледа детето по телефон (што ниту е нормално ниту е пристојно, ама се смета за најпаметно!).

Или пак ова: нормално е за услугата или производите што ги плаќаме да добиеме фискална сметка. Арно ама, некако повеќе ни се прави ќеф да не ја добиеме, односно да си намигнеме со тој зад тезгата. Зошто? Затоа што сметката претставува некаков ред, а кај што има ред - има и систем. Ете затоа некако подраг ни е продавачот марифетчија, претставник на народот, сирот човек што едвај врзува крај со крај, модерен Робин Худ, кој краде од богатите и им дава на муштериите… Во нашата свест тој не краде од нашата држава, бидејќи наша држава нема - таа е постојано нечија туѓа!
(продолжува)

Авторот е режисер и сценарист

Автор: Дарко Митревски
--- надополнето: 13 април 2013 во 22:07 ---
Систематски против системот (втор дел)

Необјасниво е како Македонците, кои на домашен терен се цареви на анархијата и светски шампиони во непослушноста, доколку се иселат во некоја развиена и средена земја, веднаш стануваат кротки како мачиња. Ќе ги видиш дома: плукаат на улица, паркираат среде тревници, фрлаат ѓубре низ балкон, забошотуваат на работа, ја користат секоја можност да му ја најдат дупката на ѓаволот или, пак, да го најдат ѓаволот лично… Но штом ќе се преселат во некоја држава од типот на Канада, Австралија, Америка, Германија, Шведска или Швајцарија, одеднаш стануваат највредните работници во својата компанија, најфините соседи во својата улица, најучтивите муштерии во локалниот супермаркет, најдисциплинираните возачи на регионалниот автопат… Што би рекол еден мој познаник: арам да им е, ја брукаат Македонија!

Но без гајле, нема честа на Македонија во странство да биде загрозена од вакви навидум предавнички дејанија и поведенија. Па, не се нашите луѓе некаквиси квислинзи, кои за троа стандард и обезбедена егзистенција би му ја продале душата на системот, т.е. нагло би станале дисциплинирани, исполнителни и цивилизирани - и со тоа би плукнале врз себе и своите славни предци. Тамам работа! Станува збор за нешто друго: под маската на лојалноста кон новата татковина, Македонецот џејмсбондовски се инволвира во системот и станува негова петта колона, таен агент што чека погоден миг за да биде активиран и да ги покаже сите свои способности и (не)квалитети. Ма не можеш ти него да го прелажеш со новиот свет! Ја наѕира тој, низ сета негова раскош, привременоста на таа Вавилонска кула. А тоа што е привремено - не е сериозно. А штом нешто не е сериозно - нема потреба да му бидеш лојален. Не дека ќе го надживееш, ама нема ни неговата свеќа да гори до сабајле!

Некој од страна би се насмеал на ваквото резонирање, но Македонецот има дебели контрааргументи. Па, Европската Унија е малтене некни формирана, а ниту САД ниту Нов Зеланд не се баш од античко време! А ако некоја државна творба не е доволно стара (а под „стара“ кај нас се признава само Кина, не заради друго - туку затоа што никој во Македонија поим нема кога е создадена), зошто па ти да бидеш должен на таквата држава да ѝ веруваш? Оти ти ветуваат дека ќе биде вечна? Е, како да не! Па, и за комунизмот така ни ветија - па нѐ затекна кога се распадна! И Турците седеа пет века - па си заминаа за пет минути (и со тоа длабоко нѐ разочараа, бидејќи се испостави дека бадијала сме им го имале стравот цело време)! И Римското Царство траеше… добро, не знаеме баш колку траеше, ама битно повеќе не трае! И оти сега на такви творби, чија издржливост е нешто поголема од рокот на траење на еден тетрапак, ние да им симнуваме капа?

Океј, можеме да симнеме капа онака формално, колку да ни дадат жителство или, пак, социјално осигурување, можеме и насмевка да сложиме на нашата традиционално намуртена фаца, можеме ние тој нивен коњ да го врзуваме каде што газдата ќе каже - ама нема долго да потраат ниту коњот ниту газдата. Можеби не утре, можеби не задутре - ама за едно сто, двесте или илјада години сиот тој свет ќе се распадне ко кула од карти, а ние ќе се келебечиме среќни што сме биле во право.

Мистерија е од каде и од кога датира ваквата семакедонска одвратност кон секој можен систем на овој бел свет. Можеби тоа настанало во оние времиња кога претставници на системот биле разни аги, бегови, валии и кадии, додека нам во тој нивен систем со Устав и закони ни била доделена улогата на пасивна раја од магарешката клупа. И можеби не е ни чудо што во тој систем нашите херои не биле нашите мудри глави (да беше поинаку, делата на Цепенков ќе се продавале како бестселери, а Григор Прличев ќе живеел од тантиеми), туку напротив - нашите херои биле разни ајдути, арамии и слични одметници, кои мангупски умееле да го заебат системот, т.е. со тоа заслужиле ние подоцна да ги славиме како „први форми на антифеудален отпор“ во нашите образовни институции.

Да не ме сфатите погрешно, ама чија мајка во пусто турско син загубила, во независно македонско ќе си го најде во учебник по историја за седмо одделение. Рака на срце, овие марифетчии едно време се здружиле со комитите во организирана изградба на наш сопствен државотворен систем - ама кога се видело дека комитите се несериозни, а нивната Крушевска република не може да потрае повеќе од десет дена, веројатно си рекле: „А бе брат, не нѐ бива нас за држава“. И ете, поучени од овие историски лекции, нам и ден-денес главни херои ни се локалните арамии и транзициските ајдуци, а сопствената држава си ја доживуваме како кривата кула од Пиза: си ја сликаме за убав спомен, ама не стоиме под и зад неа бидејќи може да се урне секоја секунда!

И се разбира, кога ќе отидеме во странство, сиот тој свет на странци и странцизми го гледаме низ призмата на нашата филозофија, која вели, сѐ тече, сѐ се менува - и нема нешто што не може да се заебе! А оти разумен човек да потура кичма за нешто што утре-задутре може да му се свали врз кичмата? Такво нешто не треба да се поддржи, такво нешто треба да се злоупотреби - до максимум!
И немојте ве молам да се кљафтите на овие мои тези - бидејќи во наредната колумна ќе ви пружам конкретни докази.
(продолжува)

Авторот е режисер и сценарист

Автор: Дарко Митревски
--- надополнето: 13 април 2013 во 22:08 ---
Систематски против системот (трет дел)

Во нашите краишта постојано кружат приказни за некои „наши луѓе“ што таму некаде среде белиот свет испаднале поумни, поитри и покурнази од системот во кој отишле да живеат. Ретко кога ќе чуете успешна приказна за некој што заминал во странство, темелно се образовал, нашол некаква работа, работел вредно, па нашол троа подобра работа, па исто така се трудел, па нашол трета работа… за на крајот, по долги години, да стане успешен граѓанин на новото општество во кое решил да се приспособи (странците би рекле: да се асимилира, а ние би рекле: да се одроди!). Всушност, таквите приказни на нашиот дух му се исклучително антипатични - тоа нам ни изгледа како да славиме некои тешки квислинзи и јаничари! Би можеле ние и да ги прифатиме тие луѓе, но само доколку станале цареви на новиот свет. Со други зборови, можеби и би го славеле Мајк Зафировски да беше претседател на „Моторола“, ама како потпретседател нема шанса да заслужи углед во нашите очи!

Нема теорија ниту да слушнете афирмативни приказни за некој трудољубив Македонец што во некоја туѓа земја почнал од нула, без да има диплома, без да знае јазик, без да биде етаблиран во новото општество - но вредно работел за минималец и создал нешто за себе и за своето семејство. Не поминува таа сказна кај нас, бидејќи дури и во очите на неговите најблиски од стариот крај таквиот е слуга, кмет, роб над робовите… Што мисли тој, да скапе до деветто колено за Доналд Трамп да може да си купи уште една зграда на Менхетн? За таква ли перспектива ја напушти златна Кисела Вода?

И затоа, нашите луѓе најмногу сакаат да ги слават оние што нашле дупка во системот. На секоја втора кафеанска маса во Дебар Маало ќе можете да слушнете легенда за некој што испаднал попаметен од странците што го примиле на свое тло. „Не можеш ти нашиот човек да го зафркнеш!“, весело наздравуваат таквите, некаде помеѓу седмата и осмата ракија. Но во што се состои зафрканцијата и кој кого зафркнал?

Еве да речеме низ Лос Анџелес кружи легенда за една Македонка (веднаш да се оградам: ниту ја познавам жената, ниту знам која е) што смислила план како да му доака на системот наречен потрошувачко општество. Имено, во сите трговски синџири во Америка купувачот има право да го врати производот доколку не е задоволен - па така таа, на секои месец или два, ги враќа играчките што еднаш (и само еднаш) им ги купила на своите деца. Нејзините деца имаат обврска да си играат внимателно, за случајно да не ги гребнат играчките - а кога играта ќе им здосади, таа оди во стоковната куќа со сметката во рака и вели дека не е задоволна од производот. Тие зачудено ѝ ги враќаат парите назад, таа со тие пари повторно оди во шопинг - и така нејзините деца на секои месец или два имаат нови играчки. И дотука е сѐ во ред - сѐ додека оваа урбана легенда не им ја раскажав на некои мои американски пријатели. Тие збунето ме сослушаа, потоа седнаа и пресметаа колку време, енергија, нерви и бензин троши таа мајка за оваа операција - и дојдоа до статистички податок дека жената работи со загуба. Имено, да го инвестирала сето тоа во прекувремено работно време, нејзините деца ќе имаа подобри и поскапи играчки, кои ќе беа нивни засекогаш (и немаше да мораат да се тресат од страв да не ги оштетат). Но ним очигледно не им е јасно дека, следејќи ги нивните совети, таа жена никогаш немаше да биде еден од оние народни херои што „не може никој да ги зафркне!“.

Има и други примери: една брачна двојка живеела во Њујорк со години, отворале кредитни картички кај ќе стигнат, за на крајот да избегаат назад во Скопје и со парите од тие картички да си купат стан, без никаква обврска да ги вратат! И сега сето скопско соседство им се восхитува: „Виде? Не можеш ти нашиот човек да го зафркнеш!“, без никој притоа да се запраша дали можеби немало да биде попаметно наместо гарсониера во Пржино да имаат стан на Менхетн, а нивните деца да студираат на некој престижен американски универзитет. Во очите на комшиите посладок е гага ќарот отколку… па, отколку да се трудиш да бидеш успешен човек во Америка.

Мене, пак, некако најгротескна ми е приказната за еден нашинец што цели триесет години живее во Калифорнија - без регулиран престој, без постојани приходи, без социјално, без пензиско, без здравствено, нема жена, нема деца, нема ни куче ни маче, го нема ниту него самиот во системот на американската администрација… но токму затоа што го нема, тој успева да преживее со разни мајтапи, со сметки отворени на лажно име, со долгови направени без идентитет на оној што треба да ги врати, со привремени станови и автомобили што ги вози со страв да не го запре рутинската сообраќајна контрола… „Но не можеш ти нашиот човек да го зафркнеш!“, велат неговите во родниот крај, иако истиот тој човек на таа зафрканција потрошил половина од својот живот.

И дали на крајот на приказната овие мангупи што „не можеш да ги зафркнеш“ испаднале победници? Се разбира дека не. Не ни очекувавме дека ќе испаднат. Тие се како древните ајдути - на крајот на епската песна нив ги чека заслужен колец или бесилка. Па, во што е ќарот тогаш? Во тоа што нам довека ни останува задоволството да си ја пееме таа песна!

(продолжува)

Авторот е режисер и сценарист

Автор: Дарко Митревски
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Мислам дека авторот гледа само од една страна, не сум сигурен но дали овој Дарко Митревски беше тој режисер што отиде у Xоливуд и на првата сцена го избркааа и сега може да си плука колку сака.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Мислам дека авторот гледа само од една страна, не сум сигурен но дали овој Дарко Митревски беше тој режисер што отиде у холивуд и на првата сцена го избркааа и сега може да си плука колку сака
Која една страна? Го прочита ли ти текстот?
 
Член од
27 март 2013
Мислења
43
Поени од реакции
13
Zasto da se mora sekoj si nosi odluka za sebe nikoj so sila ne moze da te natera da se isleish

A ako se kaes vrati se se nazad ednostavno e

Nisto ne se mora mora samo da se umre .... :)
Ако е толку лесно за враќање сигурен сум дека досега барем половината би била во МК.

А каде и како да се вратат тие што имаат мешани бракови и деца родени во странство, или такви како јас што морав да се откажам од МК државјанство.

Стан во МК кошта исто колку и во Европа.

Овде смамо се пишува за пари и ништо друго, парите се потребни само повеќето од овие луге станале робје на Материјата тј, (парите), купуваме комплекси за пари.

Европа е добра само за Арапите кој имаат по 10 деца земаат дечки додаток и си ги прчат, по цел ден во чаршиите. А останатите се Бели Црнци.
 
Член од
1 јуни 2012
Мислења
277
Поени од реакции
31
Epa logicar mesto nie da gledame da se naseluvame u Makedonija nie gledame da se iseluvame,i posle PA KAKO ZAPADNA MAKEDONIJA NEMA NIEDEN MAKEDONEC pa ke nema sto sakas da ima ? i kosovo imase 50% srbi po vtorata svetska vojna po sea ima 10% zatoa sto se razbegaja po evropa i srbija.

Не те разбирам ништо еве јас сум од западна Македонија и во странство сум, аку останев во Македонија каде во моето село има 3-4 илјади жители па 2 се во странство за останатите нема што да јадат што аку слезат останатите?
 

EdoSlav

ТОРБЕШ СО ТАПИЈА
Член од
21 март 2009
Мислења
13
Поени од реакции
4
Problemot je sho vo zapadna Makedonija, makedoncite si go prodavajet imotot na Albanci, i begajet niz drugi gradovi. Samo Torbeshite ne prodavajet nishcho nikomu, i iako 90% se vo tugjina. svakoja godina tije verno se vracajet vo MK, no ne se vracajet za Makedonija, tuku samo za rodnite krajevi, Gora, Reka, Zhupa, Drimkol itn.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.094
Поени од реакции
81.043
Дур сме кај Јужна Кореа. Македонија, Молдавија, Украина, Белорусија и Русија се единствени Европски држави кои неможат да влезат таму без виза и нивните државјани неможат да аплицираат за стипедии на тамошните универзитети.
Али затоа, веруем, жителите на овие држави имаат бар некаква шанса да влезат во мноооогу поавангардната Северна Кореја, за разлика од жителите на земјите кои влегуваат без проблем во јужна...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Ако си сериозен за натака прати ми порака по ПП кажи што сакаш да работиш ќе ти дадам и јас инфо.
.
Mалку надвор од темава- ама не е лошо да му најдеш нешто, препорачаш, насочиш да подработи членот од форумов: Hip.Hop_MKD.

Веројатно си запознат со она што тој го пишуваше овде?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во духот на каењето еве една колумна, како не треба никаде да одите и ако сте толку паметни треба да останете овде мафтајќи знамиња во надеж некој сончев ден вашиот задник ќе го седнете во административно столче.
Драг Мој Алекс јас на овој текст би ти рекла само кратко: Не сери!

Иднината сами си ја градиме

„Мои сограѓани Американци не прашувајте што може вашата земја да направи за вас туку прашајте што може вие да направите за вашата земја“ така Џон Кенеди им се обрати на неговите Американци за време на неговата инаугурација. Изрека по која треба да се води секој народ не само американскиот. Па така добро ќе е и ние македонскиот народ, а поготово младите тоа го сфатиме сериозно и најпрво ќе прашуваме што треба да направиме за татковината, а не татковината што треба да направи за нас.
Секојдневно од некои слушаме коментари како не им се живее тука, како земјата им е крива за се, ќе бегале надвор, овие и оние се виновни, како ништо тука не се работело и ред слични коментари. Но што ако не успеат надвор од земјава? Кого тогаш ќе обвинуваат? Дали и таа нова земја ќе им биде виновна? Дали и таму нема да им се живее? Дали и неа ќе сакаат да ја напуштат?
Таквите коментари секојдневно се искористувани во манипулациите на одредени јавни лица и медиуми на кои единствена цел им е лична материјална корист. Бидејќи истите немаат позитивно национално чувство и љубов кон нацијата, својот народ, неговите вредности, историја и традиција, преку своите манипулации се обидуваат патриотизмот да го прикажат како да нешто негативно и најцрно и се обидуваат да го омаловажат неговото значење. Мнозинството не потпаѓа под овие манипулации, но за жал одреден дел од народот поготово младите потпаднуваат.
Но патриотизмот не е негативен. Патриотизмот означува позитивно чувство и поддржувачки став спрема татковината. Гордост за достигнувањата во културата и желба за зачувување на карактерот и основата на културата и традицијата. Исто така патриотизмот значи ставање на националните интереси пред личните, па кога допринесуваш за националните интереси, интересите на својата земја следствено допринесуваш и за себе но и за сограѓаните. Допринесуваш за создавање на подобра иднина. Не е лошо туку е добро и убаво да ја поддржуваш татковината, убаво е да ја сакаш и да се гордееш со културата на својата земја, да се грижиш за она кое се пренесува од колено на колено и успеало да остане посебно многу години наназад. Затоа и на манипулаторите кои сакаат да го прикажат патриотизмот како нешто друго, кои сакаат да ја оцрнат државата обидите за прелажување им пропаѓаат уште на почеток кај мнозинството граѓани.
Слушаме и дека земјата не се грижела за вредните, дека не се создавало за квалитетните, умовите морале да ја напуштат татковината. Како тие си ја сакале земјата но таа не им возвраќала, не ги сакала. Се обиделе ли тие да променат нешто во врска со тоа? Зошто самите не се погрижат за земјата да им возврати? Ако тие навистина ја сакаат земјата тогаш не треба да сакаат да заминат туку да останат и како млади, квалитетни и вредни умови да се
изборат за промени и да направат државата да се грижи за тие како нив. Бидејќи се умни и квалитетни верувам дека нема да им претставува проблем да успеат во тоа и верувам дека може да се создадат услови за во иднина да нема да имаме такви кои ќе викаат дека земјата не се грижи за нив, нити ќе помислат дека мора да заминат да да бидат вреднувани. Некои ќе речат дека надвор биле повеќе платени. Но ако си ја сакаат земјата тогаш националниот интерес би требало да го ставаат пред личниот па како своја жртва може да ја сметаат помалата плата за нивниот труд наспроти онаа надвор. Таа нивна жртва ќе помогне да се подобрат многу нешта во оваа наша татковина. И кога нивниот труд ќе даде видливи резултати, ќе бидат вреднувани, ќе знаат дека успеале и ќе знаат дека нивната жртва се исплатела. Младите треба да се покажат како најголеми борци за својата земја и за својот народ и да се грижат за нејзината култура за нејзините вредности. Треба да се движечка сила во своето опшество, затоа што тие се оние кои утре ќе бидат лидери и тие кои ќе го трасираат патот по кој ќе се движи државата.
Ништо не може да се промени ако нема кој да го побара тоа и не само да го бара туку да се избори и да го добие. Не може да се создаде подобра иднина во земјава ако се бега. Државата нема да биде поубава ако младината си замине. Условите нема да се подобрат ако нема кој да ги подобри.
Дека заминувањето не значи подобрување најубав пример е македонското село. Стотици села згаснаа поради напуштањето од страна на младите. Урнатите покриви и ѕидови се сеуште непоправени, а нивите необработени. Не би сакале тоа да ја снајде буквално целата земја. Не сакаме да ја видиме разурната и пропадната, напротив сакаме да ја видиме поубава и подобра. А се може да се подобри само кога самите ќе придонесуваме кон тоа, кога ќе бориме, трудиме, работиме, паметно ги искористиме нашите капацитети и енергијата ја трошиме за да создаваме нешто продуктивно.
Ако тоа го направиме ќе се подобрат условите, ќе се изгради и создаде подобра иднина. Ќе се направи нешто добро за нашата земја, а кога ќе треба таа ќе може да ни возврати и ќе направи нешто добро за нас, а и за тие по нас.

Автор: Александар Трајаноски
 
Член од
23 јануари 2012
Мислења
885
Поени од реакции
912
Планирам за една година кога ке го завршам средното училиште и кога ке биднам пунолетен да киднам некаде да направам некои доообри пари и кога ке се вратам нормално некој добар бизнис и живееш како газда... Е сега тоа ке биде ако се си оди според планот, само вредна работа и трпение... И да, да не заборавам има шанси македонската химна да го смени насловот во: ИДИ ДОК СИ МЛАД !!! :)
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Планирам за една година кога ке го завршам средното училиште и кога ке биднам пунолетен да киднам некаде да направам некои доообри пари и кога ке се вратам нормално некој добар бизнис и живееш како газда... Е сега тоа ке биде ако се си оди според планот, само вредна работа и трпение... И да, да не заборавам има шанси македонската химна да го смени насловот во: ИДИ ДОК СИ МЛАД !!! :)
afganistan?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Во духот на каењето еве една колумна, како не треба никаде да одите и ако сте толку паметни треба да останете овде мафтајќи знамиња во надеж некој сончев ден вашиот задник ќе го седнете во административно столче.
Драг Мој Алекс јас на овој текст би ти рекла само кратко: Не сери!
Јебига Леа за многумина иднина е мафтање партиски знамиња и прошетки по митинзи.
А толку ни е се розево у државава шо секој муабет шо ќе го чуеш од случаен минувач е пофалба за добриот живот у странција.
Глупаци бе, бегаат од убаина Македонска.
Шо ни фали овде? Ништо, освен некои ситници шо кај да е ќе се средат :icon_lol:
Се функционира беспрекорно:едношалтерски систем, здравство, образование, нема селективно спроведување на закони, секој може да се вработи без партиска книшка и врски, се вреднува знаење, нема казни за дишење воздух, едини сме у свет шо не плаќаме парно кое не го користиме, можеме да излеземе на протест и да си ги бараме нашите права без некој да не прогласи за предавник, платите растат во согласност со растот на трошоците за живот, стапката на невработеност не се намалува со бришење од евиденција, не те третира ко вол газдата и секогаш ти ја исплаќа макотрпно заработената плата/дневница...
Стварно треба да си луд, предавник и да дозволиш комуњари од одредени медиуми да те тераат да избегаш од ваква убаина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom