Сериски убијци...

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Не сум ја гледал серијава, но мислам да ѝ дадам шанса.

Она што ме привлече за оваа епизода е агентот Џон Даглас, автор на Mindhunter: Inside the FBI's Elite Serial Crime Unit односно лик од истоимената серија Mindhunter (Холден Форд). Книгата е интересна, но не ми е дочитана, тогаш немав време. Ја има пдф.

Се работи за сериски убиец од Алјаска кој, генерално, убива егзотични танчерки.
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.423
Поени од реакции
9.316
Ооо сериски убијци, пред спиење 1001 ноќ можам да ви раскажувам за нив. Секогаш ме интересирале, знам за над 100 случаеви, си правев истражувања сама, ги барав, како го поминувале детството, односот со родителите, карактер, врски, дружби, изглед, место да земам да се занимавав со нешто продуктивно, јас докторирав за овие.

А еден од моите омилени сериски убијци е Чикатило, познат како "Граѓанинот Икс".

Руски сериски убиец роден 1936, убивал некаде од 1978 до 1990, иначе одговорен граѓанин, член на комунистичката партија, учител, сопруг и татко на две деца, и исто така одговорен за свирепи и садистички убиства на 60 млади лица и деца.

Убиствата сите до едно ги извршувал додека патувал на божемни деловни патувања, бирајќи си жртви на железничките и место на деловни состаноци ги мамел накај шумите каде ги силувал, пукал во нив, им го одгризувал јазикот, гениталиите, брадавиците, им ги распарувал стомаците, им ги корнел прстите, ноктите и на сите им ги вадел очите зошто, како што подоцна кажал, верувал дека полицијата во очите на жртвите може да го види лицето на убиецот.

Додека ги вршел сите овие садистички и болни чинови, жртвата во повеќето случаеви била сеуште жива, а Чикатило, кој иначе бил импотентен, својот врв го доживувал над телото на своите жртви, кога конечно ќе испуштеле душа, па над нив мастурбирал и ејакуирал над нивните мртви и распарани тела. Гениталиите и внатрешните органи кои Чикатило ги вадел од своите жртви, никогаш не биле пронајдени покрај телата или во нивна близина, па затоа и се препишува на тоа дека ги јадел. Меѓу жртвите, кои во најголем дел биле деца, имало и млади жени кои биле или со нарушено ментално здравје или тешки алкохоличарки кои за шише алкохол ги убедувал да дојдат со него во шумата.

После долгогодишни неуспеси за негово апсење од страна на руската полиција, а една од причините кои и денес се неразјаснати, после неколку негови убиства, Чикатило бил првиот и единствен осомничен, но бил ослободен од сомнежи, којзнае зошто.

Конечно, во операцијата Шума, за случајот со неговите убиства, многу години подоцна и со 60 жртви зад себе, во 1994 Чикатило е уапсен и осуден на смртна казна. Пукано му е во главата и тука завршува приказната за главниот лик кој бил инспирација и за филм.

Еве ви го филмот.
А еве ви го Чика.
Прегледај го приврзокот 303889
@831 @andredrezden
Еве и дури сум пишувала некогаш за серискиве убијци.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.423
Поени од реакции
9.316
Профил на кофарот молам. Оправдај ја дипломата.
Ја немам, диплома за дизајн и мултимедија имам, чекај за оваа има време, еве ќе си вежбаме тука. За кофарот имаш утре профилирање.
 
Член од
12 март 2024
Мислења
400
Поени од реакции
538
Ја немам, диплома за дизајн и мултимедија имам, чекај за оваа има време, еве ќе си вежбаме тука. За кофарот имаш утре профилирање.
Now or never! Ќе те пратам на изворот со адам ева и верверичките.
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.658
Поени од реакции
11.670
@831 @andredrezden
Еве и дури сум пишувала некогаш за серискиве убијци.
Да, си пишувала со помош на гугл, ваљда чисто колку да се учевствува, (што би рекле македонските спортисти), во спротивно ќе ти се разјаснеше - по дифолт, зошто она старото дртало од Охрид беше само една истрошена специјалка опседната со пари и материјални богаства. Побогу, повеќето луѓе овде на тужнава планета се со слична дијагноза, побргу ќе финансираат конфликти каде ќе изгинат невини цивили, меѓу кои, за жал, морничаво голема е бројката на деца, отколку да се соочат со фактот дека ,,курцу време пролази" и на крајот од сите краеви се подеднакво безначајни каква што е и надежта на истрошените ,,ванаби" анархо-панкери во т.н. левица...
 
Абе мала сум била, од таму читав само, немав ни книги. Прераскажано е не е копирано :ROFLMAO:

Не можам да те следам, три теми ми менуваш во еден пост, гугл, охриѓанецот, па Левица, не разбрав кое со кое оди, како да поврзам.

Иначе не сум безначајна кај анархо-панкерите во Левица хе хе хе.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 831
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.522
Танески е убиецот на бабите, милион посто сум сигурен во тоа.
И психолошкиот профил е соодветен и многу други индикации укажуваат на такво нешто.
Плус има негова ДНК во спермата во една од жените.
Тоа што се дави во кофа е сосема друга работа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 831

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.795
Поени од реакции
8.380

Баба Анујка: Колку е тежок вашиот брачен проблем?

Најголемиот сериски убиец на пошироките овдешни простори, нема испукано ниту еден куршум иако едно време го носи презимето Ди Пиштоња. По некои статистики потепува и до 150 луѓе, главно млади иио здрави мажи а се работи за - баба. Баба Анујка, моминско презиме Драшкин.
 
Па реално ако размислиш не била и сериски убиец. Се разбирала во хемија, правела точни пресметки и луѓето мислејќи дека е некоја врачарка доаѓале со цел нејзините моќи да ги разболат за пример да не одат во војска или да избегнат нешто. А магичната водичка- арсен и други хемикалии и точно си пресметувала колку арсен е потребно за пример 3 дена жртвата да се разболи. Како што си барале и самите. Е сега не е крива таа што тргнало на лошо и испоумреле. Никого таа не убила фактички со сила. Одамна си размислував за неа дали е убиец или не е.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 831

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.795
Поени од реакции
8.380
Па реално ако размислиш не била и сериски убиец. Се разбирала во хемија, правела точни пресметки и луѓето мислејќи дека е некоја врачарка доаѓале со цел нејзините моќи да ги разболат за пример да не одат во војска или да избегнат нешто. А магичната водичка- арсен и други хемикалии и точно си пресметувала колку арсен е потребно за пример 3 дена жртвата да се разболи. Како што си барале и самите. Е сега не е крива таа што тргнало на лошо и испоумреле. Никого таа не убила фактички со сила. Одамна си размислував за неа дали е убиец или не е.
Убила 150 лица со труење.

Како не е сериски убиец? Да имала тежок живот и скренала но дефинитивно била убиец.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.423
Поени од реакции
9.316
Убила 150 лица со труење.

Како не е сериски убиец? Да имала тежок живот и скренала но дефинитивно била убиец.
Јас колку што знам за неа, ова погоре не го отворив, била некој вид на гаталец, помагала луѓето да избегнат војска, работа, било што и давала магична водичка за да се разболат. Самосвесно со намера иделе и уште и ја препорачувале кај дури. И таа ете се разбирала од хемија и точно знаела сооднос на арсен со вода (лупам онака) за точно толку дена колку што барале муштериите да бидат болни. Се повторувам од погоре.

Е сега ги убила, ги отрула да, кај некои 150 заминало на полошо од разболување, ама интересно е прашањето дали спаѓа во таа клапа на сериски убијци зошто со сила не отрула никој, ваљда од 150 отруени барем за 20 ќе знаеле дека умреле, ама може не мислеле дека е поради неа, може 150 умреле, а 200 избегнале војска, им било лошо неколку дена и толку, после здрави и живи, иде живот даље. Не знам...
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.522
Миодраг Столе Трифуновиќ

На нашиве простори верувале или не, уште во 1948-49 се појавува еден од најсвирепите сериски убијци и тоа во Белград, со прилично висок скор за тоа време, 14-60+ жртви.

Сторијава кога ја прочитав останав вчудоневиден, па морав да пребарувам и на други портали.Испадна дека е вистина.

Столе е сериски убиец во права смисла на зборот, само толку ќе напишам за случајов, а секој кој го интересира нека ја прочита приказната за него, сепак се случува во Белград во ерата на тогашна УДБА и Југословенската полиција која немала никакво искуство со вакви случаеви.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom