Ооо сериски убијци, пред спиење 1001 ноќ можам да ви раскажувам за нив. Секогаш ме интересирале, знам за над 100 случаеви, си правев истражувања сама, ги барав, како го поминувале детството, односот со родителите, карактер, врски, дружби, изглед, место да земам да се занимавав со нешто продуктивно, јас докторирав за овие.
А еден од моите омилени сериски убијци е Чикатило, познат како "Граѓанинот Икс".
Руски сериски убиец роден 1936, убивал некаде од 1978 до 1990, иначе одговорен граѓанин, член на комунистичката партија, учител, сопруг и татко на две деца, и исто така одговорен за свирепи и садистички убиства на 60 млади лица и деца.
Убиствата сите до едно ги извршувал додека патувал на божемни деловни патувања, бирајќи си жртви на железничките и место на деловни состаноци ги мамел накај шумите каде
ги силувал, пукал во нив, им го одгризувал јазикот, гениталиите, брадавиците, им ги распарувал стомаците, им ги корнел прстите, ноктите и на сите им ги вадел очите зошто, како што подоцна кажал, верувал дека полицијата во очите на жртвите може да го види лицето на убиецот.
Додека ги вршел сите овие садистички и болни чинови, жртвата во повеќето случаеви била сеуште жива, а Чикатило, кој иначе бил импотентен, својот врв го доживувал над телото на своите жртви, кога конечно ќе испуштеле душа, па над нив мастурбирал и ејакуирал над нивните мртви и распарани тела. Гениталиите и внатрешните органи кои Чикатило ги вадел од своите жртви, никогаш не биле пронајдени покрај телата или во нивна близина, па затоа и се препишува на тоа дека ги јадел. Меѓу жртвите, кои во најголем дел биле деца, имало и млади жени кои биле или со нарушено ментално здравје или тешки алкохоличарки кои за шише алкохол ги убедувал да дојдат со него во шумата.
После долгогодишни неуспеси за негово апсење од страна на руската полиција, а една од причините кои и денес се неразјаснати, после неколку негови убиства, Чикатило бил првиот и единствен осомничен, но бил ослободен од сомнежи, којзнае зошто.
Конечно, во операцијата Шума, за случајот со неговите убиства, многу години подоцна и со 60 жртви зад себе, во 1994 Чикатило е уапсен и осуден на смртна казна. Пукано му е во главата и тука завршува приказната за главниот лик кој бил инспирација и за филм.
Еве ви го
филмот.
А еве ви го Чика.
Прегледај го приврзокот 303889