Сериски убијци...

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
И јас не верувам дека некој може да се убие сам во кофа со вода, освен ако нема помош од друго лице :D
Инстинктите на телото се посилни од желбата за самоубиство
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
709
Поени од реакции
933
А во кој тип на серијски убијци би ги ставиле оние во Србија што ги фатија, што фаќале луѓе, и ги парчосувале, дури и играле фудбал со глајте од некои луѓе?
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.518
Имало проштално писмо, во писмото кажува дека не ги извршил убиствата.

Оние кои тврдат дека може да се самоубие во кофа со вода, може да направиме брза реконструкција на случајот. Ајде нека проба да се убие во кофа вода. Дури и оние кои се убиваат со давење (езеро/море), се врзуваат со камења. Кога мозокот ќе нема доток на кислород, телото инстинктивно го бара. Тоа е изменета состојба на свеста. Нема ни теорија да се удавиш во кофа со вода.

Можеш да се обесиш (да речеме со чаршавите) или да голтнеш жилет. Или ако најдеш киселина.
Епа сега размисли,ако напишал проштално писмо пред да умре,што ти кажува тоа?
Кој остава проштално писмо?
Оној кој планира да се самоубие.
Ете ти го крунскиот доказ дека е самоубиство.;)
Тоа што не ги признава убиствата е сосема друга работа.
Автоматски споено мислење:

Околу тоа која професија ја одбираат најчесто психопатите.
Секаде каде што има моќ,пари и возбуда.
Војска,полиција,судство,разузнавање,ризични професии,менаџери и се разбира,политичари.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Епа сега размисли,ако напишал проштално писмо пред да умре,што ти кажува тоа?
Кој остава проштално писмо?
Оној кој планира да се самоубие.
Ете ти го крунскиот доказ дека е самоубиство.;)
Тоа што не ги признава убиствата е сосема друга работа.
Дали е воопшто тоа проштално писмо? Може да биде, но и не мора да биде. На обвинение да напишеш дека не си ти убиецот и си горд на семејството! Битно е како некој може да се самоубие во кофа со вода. Како? Не е можно. И тоа имало цимери кои не приметиле ништо!

Ете гледам дека вие сте запознаени многу детално. Немаш мотив, немаш признание и осомничениот ти е мртов. Тоа што убиствата престанале не е конкретен доказ или факт. Има случаи во историјата каде убиствата и силувањата престануваат по затворањето или убивањето на осудениот, каде подоцна се утврдува дека бил невин! Единствениот доказ во овој предмет е ДНКта, а притоа обвинетиот немал можност да се брани за својата слобода и одбраната да достави свои докази (како алиби, на пример). Како беше? - невин додека не се докаже спротивното.
 
Ќе треба да се вртиме повторно во круг околу доказите.
Зборував во другите постови за одредени докази.

Едно нешто ќе ти кажам,македонската полиција не мести на таков начин со подметнување на докази.Судот е најчесто оној кој е виновен.
Полицијата многу често пушта на суд пријави со многу слаби докази или скоро ич.Судот суди неправедно.

Запамти го ова,да подметнеш материјални докази на некому знае да биде многу заебан процес.Како прво и основно,мораат да знаат повеќе инспектори за тоа.
Како второ,не дај боже ако случајот добие силно внимание во јавноста,местените докази ќе пропаднат за две секунди како кула од карти.
Во полиција има премногу различни интереси помеѓу инспекторите,секој од секого се пази,партиски поделби на секој чекор.

Ти текнува на случајот од Ореше?
Судот ги осуди со премалку убедливи докази луѓето.
Ако беше толку лесно,џандарите ќе им подметнеа еден тон докази и немаше судењето да се влечка со години.

Само да напоменам,во домот на Владо се пронајдени работи кои припаѓале на жртвите.
И пак ќе речам,скопската полиција се вклучила во случајот.

Случајот е кристално јасен.
Знам што ве мачи вас,кофата.(n)

И мене ми е малку чудно,ама тоа е сосема друга тема на муабет.
 
Ме мачат и други работи. Докази се подметнуваат, не навлегувам во тоа. Има и постапка при претресот, треба да присуствува полнолетно лице, да врши надзор.

И судот нема интерес да подметнува докази. Чисто размислувам за алтернативи, како на пример дали имало внатрешна вмешаност од полицијата!

Веќе востановивме дека и во новинарството има доста психопати и социопати, луѓе кои ќе напишат сѐ за читаност и кликови. Луѓе оперирани од чувства.

И да, сериските убијци знаат да собираат докази од злосторството (трофеи). Често пати знаат да ги посетуваат и местата каде го извршиле злосторството, па дури и да отидат и на погребот на жртвата. Затоа и полицијата патролира односно набљудува.

Треба сите прашалници да се одговорат, пред сѐ околу мотивот. Не е само најди логично решение и затвори го случајот. Ја мразел мајка му! Од каде го знаеме тоа!?

Во текстовите пишувал и глупости, онака колку да се, напише нешто. Тоа не смее да помине кај главниот и одговорен уредник. Се работи за реномето на весникот и можноста од тужби. Пласирал неточни информации, покрај индициите.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741

Океј е тоа да си правите завери околу неговото самоубиство кое е малце чудно, но да фрлаш сомнеж на истрагата и да викаш дека пишувал глупости кои уредникот не ги читал? Ти фактички мочаш по институцијата.

Плус викаш мотив, сериските убијци немаат некој мотив освен да го задоволат нивното его.

Мотив се бара кога има причина за убиството, у неговиот случај нема никаква причина. Ниедна од тие жени не му згрешила ништо, само тој решил да ја цвикне.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Океј е тоа да си правите завери околу неговото самоубиство кое е малце чудно, но да фрлаш сомнеж на истрагата и да викаш дека пишувал глупости кои уредникот не ги читал? Ти фактички мочаш по институцијата.
Како може да обвиниш за убиства лица кои се во затвор кога се случувале убиствата? Тоа го напишал во колумната! Одма ти следува тужба за клевета, уредникот мора и треба да ги провери информациите. Не може се да пушти во етер.

За колку убиства бил обвинет?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
Како може да обвиниш за убиства лица кои се во затвор кога се случувале убиствата? Тоа го напишал во колумната! Одма ти следува тужба за клевета, уредникот мора и треба да ги провери информациите. Не може се да пушти во етер.

За колку убиства бил обвинет?
типчето споделувало премногу, затоа го фатиле. Вие може сега да нагаѓате до утре кога немате врска од профилирање. Како него има еден куп други сериски кои главна цел им се жени.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
типчето споделувало премногу, затоа го фатиле. Вие може сега да нагаѓате до утре кога немате врска од профилирање. Како него има еден куп други сериски кои главна цел им се жени.
Ронче, сфаќаш што пишувам нели? Пишував за информациите кои ги споделувал во неговите колумни. Никаде не реков дека е или не е извршител на убиствата. Одбраната немала шанса да си ги презентира своите докази.

За колку убиства бил обвинет?
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.518
Ронче, сфаќаш што пишувам нели? Пишував за информациите кои ги споделувал во неговите колумни. Никаде не реков дека е или не е извршител на убиствата. Одбраната немала шанса да си ги презентира своите докази.

За колку убиства бил обвинет?
Мислам дека во тој момент беше за две убиства обвинет.
Отпосле го осомничија за уште две.
Ме мачат и други работи. Докази се подметнуваат, не навлегувам во тоа. Има и постапка при претресот, треба да присуствува полнолетно лице, да врши надзор.

И судот нема интерес да подметнува докази. Чисто размислувам за алтернативи, како на пример дали имало внатрешна вмешаност од полицијата!

Веќе востановивме дека и во новинарството има доста психопати и социопати, луѓе кои ќе напишат сѐ за читаност и кликови. Луѓе оперирани од чувства.

И да, сериските убијци знаат да собираат докази од злосторството (трофеи). Често пати знаат да ги посетуваат и местата каде го извршиле злосторството, па дури и да отидат и на погребот на жртвата. Затоа и полицијата патролира односно набљудува.

Треба сите прашалници да се одговорат, пред сѐ околу мотивот. Не е само најди логично решение и затвори го случајот. Ја мразел мајка му! Од каде го знаеме тоа!?

Во текстовите пишувал и глупости, онака колку да се, напише нешто. Тоа не смее да помине кај главниот и одговорен уредник. Се работи за реномето на весникот и можноста од тужби. Пласирал неточни информации, покрај индициите.
Омразата спрема мајка му и лошите односи со нејзе,ја има потврдено цело Кичево.

Сите жртви биле хигиеничарки и слабо образовани исто како мајка му.
Епа сега ти види.
Профилот совршено се совпаѓа.

Калехон де ла муерте вика дека серијашот најверојтно бил џандар па затоа бил заштитен од полицијата.Апсолутни глупости се тоа.
Никој не би заштитил обичен инспектор за ваква работа.

Премногу докази има против Владо,до толку многу што во случајов поротата за многу краток период би ја донела пресудата.:toe:

Да не напоменувам по сто пати,скопската полиција се вмешала во случајот.
Отпаѓа можноста за било какво местење од локалните моќници.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
во случајов поротата за многу краток период би ја донела пресудата
Има кај нас порота што решава „виновен“ како во американските филмови? Таму ако поротата го прогласи за виновен, судијата само дава години и начин на казна.
Мислев дека кај нас поротата е повеќе како украс, и дека судијата донесува одлука виновен или не.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.405
А во кој тип на серијски убијци би ги ставиле оние во Србија што ги фатија, што фаќале луѓе, и ги парчосувале, дури и играле фудбал со глајте од некои луѓе?
Мислам дека они не припаѓаат на темава.
Тоа се платени убијци. Има разлика помеѓу хитмен и сериски убиец.
 
Член од
13 декември 2020
Мислења
85
Поени од реакции
139
А во кој тип на серијски убијци би ги ставиле оние во Србија што ги фатија, што фаќале луѓе, и ги парчосувале, дури и играле фудбал со глајте од некои луѓе?
У секој случај тешки психопати но не серијски убијци.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.518
Има кај нас порота што решава „виновен“ како во американските филмови? Таму ако поротата го прогласи за виновен, судијата само дава години и начин на казна.
Мислев дека кај нас поротата е повеќе како украс, и дека судијата донесува одлука виновен или не.
Не го мислев тоа буквално.

Поротата кај нас 0 влијание има во пресудата.
Башка тоа што секакви џаболебари има кај поротниците.
Познавам лично бивш поротник,врска нема од животот,а камоли поротник да биде.
Автоматски споено мислење:

Мислам дека они не припаѓаат на темава.
Тоа се платени убијци. Има разлика помеѓу хитмен и сериски убиец.
Во право си.
На хитменот убивањето му е професија и од тоа печали,додека серискиот убиец убива од психолошки мотиви.
Разликата е огромна.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom