Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Со 2 убиства не е сериски убиец, требаат 3 или повеќе, затоа го прашав Ронче кој како и по обичај не ми одговара на прашањата. Знам за 2.Мислам дека во тој момент беше за две убиства обвинет.
Отпосле го осомничија за уште две.
Омразата спрема мајка му и лошите односи со нејзе,ја има потврдено цело Кичево.
Сите жртви биле хигиеничарки и слабо образовани исто како мајка му.
Епа сега ти види.
Профилот совршено се совпаѓа.
Калехон де ла муерте вика дека серијашот најверојтно бил џандар па затоа бил заштитен од полицијата.Апсолутни глупости се тоа.
Никој не би заштитил обичен инспектор за ваква работа.
Премногу докази има против Владо,до толку многу што во случајов поротата за многу краток период би ја донела пресудата.
Да не напоменувам по сто пати,скопската полиција се вмешала во случајот.
Отпаѓа можноста за било какво местење од локалните моќници.
Ја разбирам логиката на Каљехон. Но од друга страна имаме ДНК и наводни трофеи. Но и мене ме влече логиката кон цајкан, ама нема врска. Не навлегувам во теории на заговор.
Знаеш како се шири една урбана легенда? По истата основа може цело Кичево да потврди дека ја мразел мајка му. И едно се нарушени семејни односи, а сосема друго е омраза.
Мора да размислуваме за алтернативи. Една од критиките кон смртната казна е кон погрешно осудените (кои се околу 4-5%)! Ние имаме казна затвор, но и тука постои можност некој да биде погрешно осуден. Обвинителството по секоја цена ќе бара затворска казна, одбраната или ќе се бори за што помала или за ослободителна. Најлесно е да се затвори случајот кој има многу прашалници.