Секти

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Што треба да правиме а што не ако некој близок е член на секта:
- да настојуваме да останеме во контакт со личноста без разлика дали тоа таа го сака ;
- да изразуваме искрена лјубов спрема него во секој прилика
- да водиме дневник за неговите коментари, ставови, и настани поврзани со

- да ѓи забележиме сите имиња, адреси и телефонски броеви на луѓето поврзани со сектата;
- да побараме помош и информации од организациите за противсектанско делување
-да ѓи прочитаме сите книѓи за сектите и контрола на мозокот;
- да го потсетуваме блискиот на предсектанскиот живот. На пример да му покажуваме слики од луѓе кои им значеле нешто во минатото, да го потсетуваме на активностите кои што ги извршувал со задоволство во предсектанскиот живот или да му ја пуштаме музиката која ја сакал;
- да не трагаме по решение за проблемот без претходно добро да се информираме за сектата во која членува нашиот близок;

- да не осеќаме ние виновни за тоа што некој од нашето семејство се приклучил на некоја секта;

- да го имаме на ум тоа дека иљадници семејства во светот во истиот момент се соочуваат со истиот проблем;

-да не се однесуваме како противник на сектата или нејзиниот водач пред него
- да не влегуваме во конфликт со некој член на сектата;
- да не му даваме пари на сектантот;
- да не се запоставуваме себе си или фамилијата;
-никогаш дане губиме надеж дека ќе успееме да го извлечеме од канџите на сектата

od kaj ti e ova?
 
iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Dobro de prashav od kaj e a ne dal mu e dobro zasho nigde neam sretnato vakvo nesho.
 
Член од
30 април 2008
Мислења
71
Поени од реакции
2
kako nasive luge ne mozat da svatat deka tie sekti im go unistuvaat zivotot mnogu se "lesnoumni"i se prelazuvaat za edna vreka brasno koj potoa 1ooo pati ke im bide platena od nivna strana
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Sektite se dela na necestiviot vo denesno vreem mnogu gi ima dokolku covek sakada se odbrani od takvite potrebn oe samo "trezvenoumie" i se ke bide ok, dokolku sak nekoj da doznae poveke za sektite neka ja procite knigata "Pravoslavijeto i sektite" knigata e stvarno mnogu dobra, izleguva od "Gakonija".
 
iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
kako nasive luge ne mozat da svatat deka tie sekti im go unistuvaat zivotot mnogu se "lesnoumni"i se prelazuvaat za edna vreka brasno koj potoa 1ooo pati ke im bide platena od nivna strana
Tochno taka lugeto pagaat na sitnici, i taka im se unishtuvaat zivotite.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Голем дел од сектите своевремено биле големи верски движења,кои биле потчинети и интегрирани во оваа религија која денес е актуелна.
И која се сожалува на секташите,кои се наводно наведени од лаги,слепо вртејки грб на фактот дека нивниот пост-распетие-бог е всушност каша од неколку фигури обожувани во паганизмот и источните религии...
Сега оние кои одат кон корените(значи не зборувам за сите секти)се далеку од субјекти за сожалување.Едноставно,ги следат старите мудрости кои нив им даваат сатисфакција и духовен мир.
Ќе ве убие стравот бе.Разбирам како функционира чудовиштето и колку е истенчено искуството во перење мозоци на етаблираната машина,ама прашање е тоа кој треба да биде субјект на сожалување?
Јас лично сметам дека треба да се сожалуваат следбениците на масовното МУ!:)
 
Член од
12 јули 2008
Мислења
12
Поени од реакции
2
Здраво!

Извинете, ама куп глупости прочитав на темава секти од многу форумџии. Дозволете малце да ве просветам:

Зборот секта доаѓа од латинскиот збор sequi кој значи следам некого или нешто. Па така зборот секта правилно може да се преведе со македонскиот збор следба.

На пр. ако некој го следи Исусовото учење или Мухамедовото тој е секташ, ако некој е член во некоја политичка партија тогаш и за него дословно би можело да се рече дека е секташ.

Постои објаснение дека наводно терминот секта доаѓа од италијанскиот збор secare = одвојувам, одсечувам мислејќи на тоа дека ете некоја група верници се одвоила од некоја поголема религија и си формирала свое толкување на верата или измислила нова вера. Од научно-филолошка точка на гледиште ова е сосема погрешно.

Но во денешно време овој термин има погрдна конотација и се употребува за верските заедници и религиозните групи кои од (обично неоправдани) причини не го уживаат статусот на службена религија на некоја држава или се бројно помали.

Поради масовната неинформираност се измислуваат фантастични, честопати језиви урбани легенди за нивните практики и членови, кои(членовите, следбениците) пак најчесто не се ништо подобри ниту полоши од, да речеме луѓето крстени во православна или католичка црква или луѓето што одат во џамија или луѓето кои се сметаат себе си за атеисти.

Единствена разлика е во нивното верување и како тие ги толкуваат светите списи(нпр.Библијата или Куранот или Ведите итн...).

Далеку посоодветен и по демократски е терминот верски заедници и религиозни групи. Тука заедно спаѓаат и МПЦ, и Исламска верска заедница, и Пентакостална Црква, и Ваишнавска верска заедница(позната и како Харе Кришна движење), и Христијанска заедница на Јеховините Сведоци итн... итн...

Со уставот на Р.Македонија како и со законот за верски заедници донесен од страна на Републичката комисија за односи со Верските Заедници при владата на РМ забранета е дискриминација на религиозните заедници и тие како и нивните членови и/или следбеници ги уживаат истите права и обврски како и за останатите граѓани на Р.Македонија кои се или не се верници(атеисти).

Во некој од наредните постови ќе објаснам повеќе за некои од верските заедници накратко што веруваат...
 
Без разлика на потеклото на зборот, или неговото значење, потребо е да се проверат податоците во односна историјата на појавата на оваа учење(сосема ново).Се знаи за настанокот на протестантите, и Мартин Лутер, само треба да се виде точно кој што проповеда бидејки овие здруженија се сосема нови, што знач дека немаат ништо заедничко со Вистината.Нека овој пост не биде за навреда кон припадниците на оваквите групи, но сепак треба да се провери........
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
515
Поени од реакции
22
секта
(лат. secta)
секта
помала група верници што се одвоила од главната верска заедница (црквата);
секта
фиг. издвоен затворен круг луѓе што имаат некои свои посебни интереси и сфаќања.
секташ
(лат. secta)
секташ
член на некоја секта;
секташ
оној што се одвојува од целоста, што застранува.
секташи
(лат. secta)
секташи
ce одвојува од пошироката заедница; создава секта.
секташтво
(лат. secta)
секташтво
создавање на секти со издвојување од пошироката заедница;
секташтво
закожурченост, затвореност, издвоеност, отуѓеност;
секташтво
собир на разни верски секти;
секташтво
фиг. затвореност на тесни групи истомисленици (политички, литературни и сл.).

Имам слушено за многу секти, особено за црната ружа. Не сум член на ништо слично и нема никогаш да бидам.
 
By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
кај нас у коце металец се имаа обесено 2 деца што биле членови на некои секти, и во писмата кои ги оставале пишувале дека ке се преродат:uvo:
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Еве ја прочитав темата и научив нешто за сективе.Интересно е сепак.
Еднаш на Дискавери гледав како ФБИ беше во потрага по сектата на Дејвид Кореш.Тоа била некој секта формирана од Дејвид Кореш(не знам како се викаше не ја гледав емисијата од почеток).Тој откатко видел дека му влегле во стапките си го сменил името во тоа Дејвид Кореш.Пред тоа се викал поинаку.Тој се сметал за реинкарнација на Исус(уште колку такви има:)) и господар на својата секта.Придобивал секакви луѓе кои со нивните деца се приклучувале во сектата.Тие немале никакви права.Луѓето кои биле во брак немале право ни на сексуални односи, ни дури на мастурбирање.Децата биле строго казнувани за секоја грешка и им се губеле некои привилегии кои пред тоа ги имале.Само Кореш имал право на сексуални односи, дури можел да бира и 14 годишни девојчиња.Во 90-тите станал и рок ѕвезда.Тоа било негова втора желба и начин да придобие следбеници.Во тие години и полицијата му влегува во трага и кога сите биле собрани во една куќа полицијата упаднала и сакала да ги извлече членовите.Но тогаш, никој не знае како куќата се запалила.Може тоа го направил самиот Кореш, може ФБИ, уште не се дознало.И во тие моменти некои луѓе се спасуваат и неколку деца кои потоа зборуваа и во емисијата.Кореш заедно со уште многу возрасни луѓе и деца гори во куќата.Во тие луѓе се и 4 негови деца кои биле родени во сектата.
 
Член од
12 јули 2008
Мислења
12
Поени од реакции
2
секта
(лат. secta)
секта
помала група верници што се одвоила од главната верска заедница (црквата);
секта
фиг. издвоен затворен круг луѓе што имаат некои свои посебни интереси и сфаќања.
секташ
(лат. secta)
секташ
член на некоја секта;
секташ
оној што се одвојува од целоста, што застранува.
секташи
(лат. secta)
секташи
ce одвојува од пошироката заедница; создава секта.
секташтво
(лат. secta)
секташтво
создавање на секти со издвојување од пошироката заедница;
секташтво
закожурченост, затвореност, издвоеност, отуѓеност;
секташтво
собир на разни верски секти;
секташтво
фиг. затвореност на тесни групи истомисленици (политички, литературни и сл.).
ПОГРЕШНО! Прочитај го објаснението уште еднаш погоре.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
98
Sekti ..gluposti bez veze... kolku da kazam nesto
 
Kajgana Shop

На врв Bottom