малку забега темава искрено ама
МОРАМ да дадам и мој придонес!
Еј зарем сте толку огорчени од родителите?
Еј па овде не гледам никаква благодарност за тоа што некој се грижел за вас додека да станете вие САМОСТАЛНИ ЛИЧНОСТИ СО СВОЕ ЈАС!
Па добро бе мајку му стара па разбирате ли вие дека родителите не ве гледаат со исти очи ко што ве гледаат секојдневните ликови што ги срекавате на улица?
Знаете ли дека постојат цел спектар од профили на родители (еден премногу заштитник,друг кој нема ни намера да се грижи за своето дете , трет кој своето дете го продава)?!
крајно ме изиритираа сите постови кои велат нешто во стилот ma koj gi e*e roditelite imas 19 godini pravi sto sakas!
Зошто такво размислување? Сепак родителот е тој кој ке те подржи кога никој друг нема да биде тука па и ако имаш 19 и 20 и 50 години...
Јас искрено мислам дека ma4ence својот проблем што го има со родителите е од друг карактер!
по мое мислење е: родителите имаат свој план и своја замисла за тоа како треба да се движи и во која насока животот на нивната керка..
Ако сте од различни класи и ако таа разлика на вас не ви пречи не гледам проблем..се согласувам со makedon4e кога вели цитирам "vazno e deteto da bide nacitano i snaodlivo za da se stekne so status inaku zborovite na tatkoti ke ostanat vistiniti!"
и за крај мој предлог е:
Седни ги мајка ти и татко ти на убав разговор!
Нека трае колку сака..пристапи им со благодарност кон сето она што тие го направиле за тебе и побарај од нив разбирање за она што ке го кажеш..Објасни им колку што можеш поубаво (не препорачувам навлегување во детали) дека ти го сакаш него и дека си многу сигурна и дека тој тебе те сака! Мислам дека не би требало да им кажуваш на твоите за сексуалната врска меѓу вас..
За крај мораш да го викенш момчето и да го претставиш на родителите! Ке ги замолиш твоите родители да бидат отворени да размислуваат со широк поглед,не да бидат тврдоглави..и да не делуваат одбивно! Само така би требало да успее да го видат во него она што ти го имаш видено кај него! немој да им поставуваш услови бидејки само спротивен ефект ке постигнеш..
секако ова би било можно доколку дечкото е искрен..не се срами од тоа што е од понизок РАНК (многу мразам кога некој се однесува така спрема мене или било кој) и што е најважно не се срами да им докаже на твоите родители дека смртно те сака!! тоа што не сте од исти класи на крај краева не би претставувало проблем..кога сте вие веке во врска која планирате да биде продлабочена не гледам тука причина за себичност од било која страна..што ако јас имам пари а мојата девојка нема? па зошто би бил себичен и да не и пружам тоа што го немала доколку ја сакам и чувствувам дека и таа ме сака..и увидам дека не е врската само од корист!(без навреда сепак е ова мој став)..сепак некому би му било срам така да живее (мене да и би се трудел многу околу тоа да не биде така) ако е доволно чесен да не се влече како паразит (не мислам на дечко ти маченце - без навреда те молам)
и за крај најискрено се надевам дека проблемот ке го решиш во најдобри рамки!
Ти посакувам се најдобро!
DeathTracker напиша:
е добро бе луге оваа тема е за секс едукација или "проблемот на Ma4ence" (не ме свакаj погрешно Ma4ence), даjте нешто корисно..
е сега тоа што сакам да го знам или да научам повеке за него е предиграта.. сешто се очекува од едно машко.. таjни зафати?, нешто кое ке ми помогне за брзо и лесно "запалуванjе" на партнерката...
дали да триjaм "таму", како да го правам тоа...
аjде македонски девоjkи кажете ми нешто на таа тема.. JUST HELP ME
и јас барам слична едукација..
бидејки не беше одамна кога запловив во водите на табуто наречено СЕКС и затоа ако може малку потворен разговори девојки ве замолувам да кажете што ве "Пали" .. каде сакате да ве допираат за време на предиграта и што е најважно каде НЕ СМЕЕ..дали сакате шепотење при играта или слично..
јас сум тотално аматер па така да...
и секако доколку сакате прашајте знам дека имам момци кои би ви ги одговориле сличните прашања (вклучувајки ме и мене)!
поздраФ
Моето_е_поголемо напиша:
Можеби не е никаков одговор, јас барем и кажав што мислам, а секако дека вие помладите мислите дека се знаете и дека знаете што е правилно а всушност цело време лутате бидејќи сте изгубени. И не сакав да кажам ама морам да ви кажам дека е многу лесно човек да манипулира со вас (да ве издигне и да ве тресне долу). Искуството не се купува.
п.с. на тинејџер му е важно да биде прв, на зрел човек му е важно да биде последен.
во претходните постови сум го пропуштил овој пост затоа се извинувам по третпат што морам да пуштам нов пост..
ТОТАЛНО СЕ СОГЛАСУВАМ СО Моето_е_поголемо за кажаното!
премногу младите (незнам дали да се ставам во исти кош бидејки имам 19 години) размислуваат во стилот : мене никој не ми може нишо или се што лета се јаде..
многу е лесно да те изманипулира човек ..посебно некој од оние со способност да ти влезат под кожа и кога најмногу се надеваш на нив и нивната подршка ги снемува..и понатаму што: Ги мразиме ги плукаме а зошто? кога не се тие криви..криви сме самите што сме толку тесногледи кон светот и сме тврдоглави..Многу е поучна изерката ја знам од пред неколку години поточно кога имав 13 ама сега го сваќам вистинското значење! премногу летав тој период со паметот и направив премногу работи за кои се каам... но затоа потоа премногу забегувам со темава па уште еднаш ке ви се извинам и упатувам еден топол поздраф до сите колеги форумџии!!