Секс/врска/брак со партнери од различна религија/националност

M

Muranyi

Гостин
Јас потекнувам од мешан брак,татко ми и мајка ми покрај различната националност имаат и различна вера.Како таков,навистина имав големи потешкотии и проблеми во прилично доста од љубовните врски,факт е дека на добар дел од девојките им се важни овие работи.Многу бев повредуван и од едната и од другата страна,имав голем комплекс,додека бев момче,сега кога созреав сфатив дека залудно сум се бедирал.Ако некоја вистински те сака,ќе те прифати таков каков што си,нема да и е важно како се викаш,презиваш или одиш во црква или џамија.
Мене воопшто не ми е важна националноста и религиската припадност на партнерката,важни ми се нејзините квалитети како личност.
 
O

onlya

Гостин
Доколку личноста е добра, ме почитува и ми верува би била со него без разлика на неговата религија или националност но за ништо на светот не би менувала вера и не би дозволила некој друг да смени вера поради мене. Ги почитувам и сакам луѓето такви какви што се, а не да се прилагодуваат на нечии желби/потреби.
 
М

Мартин`

Гостин
Од националност нема врска, ама ако е од различна религија нема шанси.. или моја вера или атеистка инаку нема шанси.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
За брак од различна националност немам никаков проблем,сепак и јас самиот сум од мешан брак.Но сепак колку и да не сум религиозен не знам дали би можел да бидам во брак со некоја од друга религија.Ај атеистка и може,али на пр. со муслиманска не знам дали би се оженил.
 
Член од
8 септември 2012
Мислења
48
Поени од реакции
18
Ако е вистинска љубов и се прифатат какви што се,без настојувања за промена на вера итн,тогаш нема зошто да претставува проблем врската или бракот...на крај краева сите сме луѓе исти од месо,коски и крв...
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Светот иде напред, а човекот уште си го тупи мозокот со вакви поделби. Што има врска религија и националност со човекот?
Тоа може да настанат проблеми само ако фамилијата ептен се држи до религијата или до тоа националноста. Кога се во прашање религијата и националноста Балканов е доста затуцано место. Иначе јас би сакал мешан брак, затоа што и јас сум од мешан брак. Немам ништо против, одлично е. Нели сепак љубов е? :D
 
Член од
9 февруари 2013
Мислења
48
Поени од реакции
10
Епа испровоциран од лично и искуство на неколку блиски луѓе решив да ја отворам овааа тема....дали сте имале вакво искуство и како било преставувањето пред домашните за ваквата врска ?Сите ние живееме во свој свет ама тој свој свет неможеме да го претставиме на нашите родители,баби ,дедовци,роднини......... е сеа е прашањето дали после се мислите дека ваквите врски не носат долготрајни последици?дали сметате дека од општеството нема да бидете обележани?
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
Секако дека би биле обележани...ама ако оди врската ...ако постои некаква хемија ..слога ако му е убо заедно ... шо е е битно општеството ....то секако сакс....јас преферирам од иста религија ...
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
според мене... шознам - не би се впуштил у врска со некоја од друга религија... може вакак зборам зашто го немам тоа искусено ама сепак е мое лично мислење...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Хах, ако мене ми е убаво, другите можат да живеат оговарајќи ме.
I won't give a fuck.
Последици? 16тата братучетка нема да ми збори? Ме заболе.
 
Член од
9 февруари 2013
Мислења
48
Поени од реакции
10
Хах, ако мене ми е убаво, другите можат да живеат оговарајќи ме.
I won't give a fuck.
Последици? 16тата братучетка нема да ми збори? Ме заболе.
Не мислев на 16 та братучетка на најблиските мајка ти ,татко ти
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Не мислев на 16 та братучетка на најблиските мајка ти ,татко ти
Па дури ни за нив не би се секирала.
Ако имаат некој нормален аргумент против мојата врска (ќерко, дечково е криминалец, наркоман, педофил...) и би разбрала, ама дечкото има некаква различна религија од онаа на моите, тоа е крајно небитен аргумент за да ја прекинам врската.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
јас не би
ама тоа е мое мислење
не за џабе се “забранети“ тие врски

а ако може да знаеме за кои религии станува збор
и години па подетално да ти објасниме
секако ако немаш против да кажеш
 
Член од
9 февруари 2013
Мислења
48
Поени од реакции
10
јас не би
ама тоа е мое мислење
не за џабе се “забранети“ тие врски

а ако може да знаеме за кои религии станува збор
и години па подетално да ти објасниме
секако ако немаш против да кажеш
без оглед на годините,хипотетички од 20-26
 

Kajgana Shop

На врв Bottom