M
Muranyi
Гостин
Јас потекнувам од мешан брак,татко ми и мајка ми покрај различната националност имаат и различна вера.Како таков,навистина имав големи потешкотии и проблеми во прилично доста од љубовните врски,факт е дека на добар дел од девојките им се важни овие работи.Многу бев повредуван и од едната и од другата страна,имав голем комплекс,додека бев момче,сега кога созреав сфатив дека залудно сум се бедирал.Ако некоја вистински те сака,ќе те прифати таков каков што си,нема да и е важно како се викаш,презиваш или одиш во црква или џамија.
Мене воопшто не ми е важна националноста и религиската припадност на партнерката,важни ми се нејзините квалитети како личност.
Мене воопшто не ми е важна националноста и религиската припадност на партнерката,важни ми се нејзините квалитети како личност.