Denis
internacionala a?
И Сара, а во поново време и Зоран.
Се имам изјаснето... Во кратки црти
*: не сум религиозна и не ми пречи религијата на партнерот, се додека не ми врши притисок да прифатам негова вера, обичаи, ставови околу тоа. Едноставно, (не)верата ќе си ја поседува секој индивидуално и нема да ја инволвира во врската, што и не е толку незамисливо, што оглед на тоа што во модерниве времиња на луѓето не им е тоа приоритет.
Ако е претерано побожен, како неколкуте од подфорумот Религија, брзо ќе настанат проблеми, зошто веројатно на него ќе му пречи што не сум верник.
А мене ќе ме нервира што се труди да ми наметне нешто и да ме разубеди.
За брак, важи истово, со додаток на тоа дека проблемот ќе биде посериозен поради несогласување на нашите родители, а особено на неговите поради можни обиди за наметнување на религијата (особено ако е Муслиман, зошто они особено се држат за религиозните верувања и начин на живот и не преферираат да се мешаат).
Идеално би било кога би можела религијата целосно да се одвои од љубовниот живот што го делат партнерите... Ама тоа е тешко.
Што се однесува до друга националност, не знам како тоа би ми пречело. Освен ако не живееме во различни држави, зошто не можам во врска на далечина.
*ама кратки цртиве...