Татко ми е атеист. По националност - Хрват. Мајка ми е православна христијанка. По националност - Македонка. Се зеле без да се венчаат во црква, значи само граѓански брак. Со согласност на двајцата, што значи мајка ми, и нејзината фамилија го прифатиле татко ми таков каков што е. Кога сум се родила јас, мајка ми го прифатила ставот на татко ми, дека не сака да ме крсти и точка. Со текот на времето, татко ми омекнал. Заедно одат во црква, иако татко ми не се прекрстува. Важно, го почитува ставот на мајка ми, дека нема да се откажи од верата. И супер ни е. Никогаш не сме се скарале меѓусебно заради верата.
Јас сум атеист, по националност Хрватиња. Го прифатив ставот на татко ми. Едноставно, така сум воспитана од малечка и така се чувствувам. Е сега...Во поглед на друштвото, никогаш не сум имала проблем поради верската и националната припадност. Ни во врските, освен во една...Ми се додворуваше едно дете...Ми се допаѓаше и мене...И од муабет на муабет, ме праша како се презивам. Ме праша и за верата...Во моментот ко му го кажав моето презиме и мојата верска припадност, т.е. дека сум атеист, рече дека има итна работа, си отиде и никогаш повеќе не ми се јави. Се случи да се сретниме уште еднаш...И само ми рече: „Здраво невернику!” Тоа ме повреди многу, со недели немав излезено од дома.
Бев малечка за да ги сфатам тие предрасуди во врска со националната и верската припадност...И сеуште мака мачам со тоа...Како и да е, се научив да живеам со тоа, да си стојам на својот став. На кој му се допаѓа океј, на кој не, не мора да се дружи со мене, нека не ме гиба...
А мојот став за мешаните врски и бракови...Искрено, би се фатила и би се омажила ( кога ќе ми дојде време ) за некој од било каква национална и верска припадност, освен за муслиман, без разлика на неговата национална припадност. Како прво, јас нема да си дозволам да сум во врска со муслиман, а како второ, ни моите родители нема да ми дозволат. Би се дружела со муслимани, и се дружам...Ама врска или брак, во никој случај.
За тоа, заслужна е ситуацијата во нашата земја. Видовме што се се случи меѓу Албанците и Македонците, не мора да повторувам..Порано, можеби бил прифатлив мешаниот брак, нели тогаш владеело мотото „Братство и единство”, ама сега, многу тешко. Ниту Македонците сакаат да се мешаат со Албанците, ниту пак Албанците сакаат да се мешаат со Македонците.