Секс/врска/брак со партнери од различна религија/националност

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.733
Поени од реакции
7.545
More mocko eden eban...na tetka mi bivsiot maz germanec nemase kozicka na glavicata, on e pravoslaven nemozam da kazam deka pravel sunet. Toa e higiena;)
Можеби малце е чудно што знаеш дали имал кожичка на тетка ти бившиот. Шо има веза уствари.

Арно, еве јас те цитирам!
Ја реков, ко се бије, тај се воли.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
More mocko eden eban...na tetka mi bivsiot maz germanec nemase kozicka na glavicata, on e pravoslaven nemozam da kazam deka pravel sunet. Toa e higiena;)
баниран 3 дена поради пцуење[DOUBLEPOST=1474727113][/DOUBLEPOST]Говинда и Антигона, ако имате нешто решете си го меѓу вас, не туку се напаѓајте по темите. Вака делувате како стандарден профил на двајца форумски јузери од машка и женска страна - женското се распушта по машки за после да си храни его а од ебавање ни е, а запеченото машко пеш до Еритреа ќе тргне па што сака да е, само да се легне. И на крај епилогот е масирање по теми, постирање скриншоти и селски муабети.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.784
Поени од реакции
6.970
Немам ништо против. Нема ништо егзотично и се` е егзотично во љубовта. Никогаш не сум го фетишизирал етникумот, расата или религијата кај девојки. Мислам дека има нешто повеќе во љубовта од тие категории. Сум бил со девојки од различни етникуми (не се премногу, да не се разбереме погрешно) и сите бакнуваат исто (метафорички кажано, не физички исто).
 
Член од
27 октомври 2009
Мислења
89
Поени од реакции
14
Во некоја друга нормална држава, луѓето мислам не се ни замараат со овие теми, кој од која раса е и религија, ама кај нас голем проблем е, што ќе кажат роднините и комшиите итн.

Лани запознав еден дечко од Ангола. Почнавме почесто да се слушаме и еднаш се видовме.
Им кажав на моите. Ги фати паника. Дали бил вакциниран, ќе ми пренел болест, па тоа таму е друг менталитет, па триста чуда ми изнакажаа. :anco:
Мислам, се покајав што им кажав, требаше да си ќутам.

До кога со овој памет, еве не знам.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Да, треба да си благо ретардиран за во денешниов свет имаш било што интимно со Муслиман/ка.
Уф, како ќе те разочарам со муабетов со цитат после повеќе од година.

Последниов период имав задоволство да се дружам и работам со една Сиријка, прилично помлада од мене, некои 10-тина години. Да, таква како што ја замислуваш, со марама на главата, а доле нормална облека, не како нашине со мантили. Ај еве да се класифицирам сам себе како тотално разочаран од жените (а и воопшто луѓето во Скопје), за да нема забуни. Подолго време сум сам и имам прилично лоши (повеќе би рекол глупи) искуства со скопските „принцези“...ок,веројатно е во мене проблемот (или не?). За девојкава од Дамаск имам само убави зборови, прво што е физички привлечна, многу убава, второ е многу поприземна, нормална, универзитетски едуцирана и многу интелигентна.

Искрено, јас сум во една генерација која до бескрај забега. Уште ми е фејсбукот полн со жени за кои порано сум мислел дека се физички атрактивни и не им било никаков проблем да имаат партнер, дечко, маж, а уште глумат тинејџерки со другарките у недостаток на ништо конкретно и како „не им е гајле за тоа“. Веќе се остарени и играат во некоја трета, четврта лига, ама тоа уште не им е јасно. Да, има и мажи у слични „боемски“ филмови или healthy life друга крајност....ама ок - поентата е таа.

Ако одам по некоја затуцана христијанска логика немаше збор да прозборам со девојкава, ама јас сум атеист, не од оние што цепаат вицови против религијата туку покултурен и сакам да им дадам шанса на луѓето да си го покажат основното човечко во себе што нема никаква врска со религија. Така да, од се тоа што споделив со нејзе до сега, не интимен, туку најинтимен би бил со неа. Мене ми пречи единствено што ја има понизноста која идиотите им ја имаат врежано во потсвеста, ама би ја одвикнал и од тоа многу брзо, а да речеме просечен балканец би уживал со таква послушна жена, што кажува колку и ние сме затуцани, а си мислиме дека другите се.

Мој став е дека овој ментален блок ни го има создадено стандардниот модел за албанската жена, забарикадирана, неедуцирана, послушна машина за раѓање - што вистина беше така и сеуште е во добар дел од Балканот. Имам и за тоа впечаток дека е во процес на заминување, ама ќе оди многу бавно.
Друга крајност е на пример, тоа што е сон на македонци, да се оженат/омажат со луѓе од западниот свет како ете поблиски до нас. Тоа што цел живот имам впечаток дека кон нас гледаат како „мали, глупи луѓе“, со понижување. Познавам неколку ликови што земаа жени од Австрија, Германија, имаат деца, живеат заедно, а не се во брак под изговор дека тоа е као „модерно“, а за мене лично тоа е очигледно непочитување и недоверба. Дали и тоа е ретардирано? Не реков дека ќе ја барам за жена (иако не би имал ништо против тоа), ама не се осеќам како благо ретардиран што ми отворила некакви чувства, извини.
 
Член од
26 октомври 2017
Мислења
4
Поени од реакции
5
Овие поими сигурно не се толку табу тема како порано, особено што почнаа и пославните личности да се мешаат (пр. Сања и Адријан) ама сепак мислам дека не е достигнато она ниво да се најнормална работа. Јас лично немам ништо против тоа и тие што си се сакаат според мене е во ред да се заедно без оглед колку се мешани :lol: Е сега, врската на Сања и Адријан не ја оправдувам ... ама причината ми е сосем друга ... Адријан ми е преубав за Сања :lol:
Шала на страна, примери има доста, особено на бракови, и барем тука во мојот помал град таквите парови се отфрлени од цела околина ... треба ли да е така? :(
i jas sum mesana e toa e naj inetersnoto jas go opravduvam mazmi e makedonec jas sum turcinka
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Не е до толку религијата, ниту пак расата или националноста колку што тука на сцена стапува културолошкиот момент и сфаќањата кои потекнуваат од него.
Гледам тука повеќе акцент се става на релацијата христијани и муслимани како комбинација, оној Источен и Западен свет. Ваква врска во ниту еден момент нема да успее доколку се оди по сфаќањата, убедувањата, обичаите, нормите, учењето...уствари целокупната исламска (не религија) во целост земено, култура. Иако, во исламскиот свет религијата игра поголема улога во секојденевното живеење и обликувањето на културата како поширок поим одколку што тоа е случај во западните земји.
Доколку една индивидуа која во целост е растена во склад со исламските обичаи, таа скоро во ниту еден случај нема да стапи во врска со индивидуа од друга религија, посебно од христијанска.
Се разбира постојат и исклучоци, над мене постои едно мислење кое ме демантира но' веројатно станува збор за личности со полиберални сваќања, понапредни учења кај кои релацијата култура на живеење и религија не е во целост подредена на религиозните учења. Ваквите либерални сфаќања, сакале вие да признаете или не влечат корени од западниот свет и западната култура и начин на живеење и ги овозможуваат ваквите меѓурелигиски и меѓурасни врски.
Доколку ваквите врски беа подредени на конзервативните сфаќања кои се норма во исламскиот свет, тогаш тие никогаш и не би се случиле.
Затоа и постојат вакви изолирани случаеви, луѓе со понапредни сфаќања кои прават дистинкција кога се работи за религијата и степенот на нејзино влијание во нивниот секојдневен живот. Тие се оние кои одлуките ги носат самите, врз основа на нивните лични сфаќања, убедувања создадени преку нивни животни искуства и не ја користат религијата како прирачник за живеење и носење на важни животни одлуки.
Затоа овие врски се полесни да се остварат на Запад каде влијанието на религијата е скоро во целост отстрането од секојдневното живеење. Да ве видам имајте меѓурелигиска врска во исламскиот свет.
Да не го занемариме и влијанието на фамилијата и семејните врски, сфаќањата на родителите и останатите блиски.
Затоа е реткост да видите девојка од муслиманска вероисповед да биде во врска со христијанин. Значи средината исто игра огромна улога. Од друга страна пак, колку за споредба, врските на муслиман со христијанка се почести, но' кога ќе дојде моментот за брак се преферира тоа да се случи со припадничка од иста религија. И доколку тоа се случи со христијанка, се настојува таа да го прифати исламот во голем број случаеви или пак и се оневозможува таа да ја практикува својата религија во рамките на таквата заедница што пак од друга страна е апсурд, без разлика за која религија се работи. Доколку се стапи во ваква врска тоа треба да се случи поради взаемна почит и разбирање, што е по мое мислење клучно за опстанокот на ваквите врски.

И за крај, не дека сум против но' гледано од дистанца ваквите врски ми делуваат неприродно. Ретко кој може да остане рамнодушен по мое мислење па колку и да е со некакви прогресивни идеи. Се додека овие работи се предмет на дискусија тие секогаш ќе бидат табу и од тука потекнува тој нагон кој прави да не се чувствувате рамнодушно. Не е дека имам некакви екстремни радикални ставови но сметам дека чувството на припадност е важна работа. Многумина мислат дека нивната заедница и култура е во опасност од ваквите појави а ваквите мислења се производ на чувството на супериорност, кое пак произлегува од чувството на национална гордост. Религијата често се поврзува со идентитетот како креатор на културата на одредена заедница и од тука се оди до таму таа култура да се декларира како супериорна во однос на другата. Додадете ги и споровите во минатото, војните...и станува јасно зошто ваквите врски многу тешко можат да се набљудуваат од аспект како нешто нормално за многумина. А од друга стана пак полесно се толерираат врски кои иако од различни националности имаат нешто блиско кое ги поврзува на некој начин; заедничка религија, блиски култури, традиционални пријателски односи, перцепции креирани од средината за одредена нација како културолошки напредна, отворена, модерна и.т.н.
Доколку не постоеа религии, национални држави, претпоставувам дека дури и тогаш човекот ќе најдеше начин да се оддели од другите, да ја истакне својата припадност и потребата за докажување. Верувам дека тоа е дел од нашата природа, е вграден инстинкт кој не прави вакви какви што сме како човештво, за жал или за среќа просудете сами.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.630
Насловот е многу конфузен и не ја дефинира точно и прецизно темата.

Едно е врска и секс, друга работа е брак - од една страна, како што и националноста и религиската припадност се две различни работи, секоја со своја специфичност - од друга страна.

Во бракот, за поднебје и општествени односи како нашите, посебен проблем е мешаниот брак од аспект на меѓурелигиски брак, посебно меѓу личност со рандом конфесија - наброете било која, и личност која му припаѓа на исламот.

Животот ионака е доста сложен и тежок и нема потреба уште повеќе да се отежнува. Расата, полот, националноста не ги бираме и тука нема замерки, но секогаш имаме избор во што ќе веруваме и кој пат ќе го следиме, а тоа обично го дефинира и светогледот и карактерот.

Секогаш има исклучоци кои функционираат, тоа не е спорно.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.287
Уф, како ќе те разочарам со муабетов со цитат после повеќе од година.

Последниов период имав задоволство да се дружам и работам со една Сиријка, прилично помлада од мене, некои 10-тина години. Да, таква како што ја замислуваш, со марама на главата, а доле нормална облека, не како нашине со мантили. Ај еве да се класифицирам сам себе како тотално разочаран од жените (а и воопшто луѓето во Скопје), за да нема забуни. Подолго време сум сам и имам прилично лоши (повеќе би рекол глупи) искуства со скопските „принцези“...ок,веројатно е во мене проблемот (или не?). За девојкава од Дамаск имам само убави зборови, прво што е физички привлечна, многу убава, второ е многу поприземна, нормална, универзитетски едуцирана и многу интелигентна.

Искрено, јас сум во една генерација која до бескрај забега. Уште ми е фејсбукот полн со жени за кои порано сум мислел дека се физички атрактивни и не им било никаков проблем да имаат партнер, дечко, маж, а уште глумат тинејџерки со другарките у недостаток на ништо конкретно и како „не им е гајле за тоа“. Веќе се остарени и играат во некоја трета, четврта лига, ама тоа уште не им е јасно. Да, има и мажи у слични „боемски“ филмови или healthy life друга крајност....ама ок - поентата е таа.

Ако одам по некоја затуцана христијанска логика немаше збор да прозборам со девојкава, ама јас сум атеист, не од оние што цепаат вицови против религијата туку покултурен и сакам да им дадам шанса на луѓето да си го покажат основното човечко во себе што нема никаква врска со религија. Така да, од се тоа што споделив со нејзе до сега, не интимен, туку најинтимен би бил со неа. Мене ми пречи единствено што ја има понизноста која идиотите им ја имаат врежано во потсвеста, ама би ја одвикнал и од тоа многу брзо, а да речеме просечен балканец би уживал со таква послушна жена, што кажува колку и ние сме затуцани, а си мислиме дека другите се.

Мој став е дека овој ментален блок ни го има создадено стандардниот модел за албанската жена, забарикадирана, неедуцирана, послушна машина за раѓање - што вистина беше така и сеуште е во добар дел од Балканот. Имам и за тоа впечаток дека е во процес на заминување, ама ќе оди многу бавно.
Друга крајност е на пример, тоа што е сон на македонци, да се оженат/омажат со луѓе од западниот свет како ете поблиски до нас. Тоа што цел живот имам впечаток дека кон нас гледаат како „мали, глупи луѓе“, со понижување. Познавам неколку ликови што земаа жени од Австрија, Германија, имаат деца, живеат заедно, а не се во брак под изговор дека тоа е као „модерно“, а за мене лично тоа е очигледно непочитување и недоверба. Дали и тоа е ретардирано? Не реков дека ќе ја барам за жена (иако не би имал ништо против тоа), ама не се осеќам како благо ретардиран што ми отворила некакви чувства, извини.
Да, треба да си благо ретардиран за во денешниов свет имаш било што интимно со Муслиман/ка.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.630
Да, треба да си благо ретардиран за во денешниов свет имаш било што интимно со Муслиман/ка.


Се шалиме, она е Католик.
Sent from my Redmi 4 using Tapatalk
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.287


Се шалиме, она е Католик.
Sent from my Redmi 4 using Tapatalk
Тогаш може.

Немам ја никакви педрасуди околу тоа дали некој/а е црнец, Грузиец, еврејка, анимист, црвенокожец, Бенгалец..., но [види предходен мој пост]
 

Kajgana Shop

На врв Bottom