Dani^^^
Femme fatale
- Член од
- 8 април 2005
- Мислења
- 1.831
- Поени од реакции
- 21
divine напиша:Де, де ... као секој ден во основа е муабет за религија па што ќе прават ако се застапени две различни религии во семејството? А уствари што толку замарање како ќе се воспитуваат децата? Основите на религиите не се донекаде исти? Што е правилно и добро и што е грешно? А во детали ... кој уствари во денешно време оди во детали со религииве? Или па разните обичаи освен за големите празници Велигден, Бајрам ... ?
Тоа што ти ми го пасташе пред овој одговор нема врска со тоа ја што прашав.Маце само одоколу ми одговара на прашањето а јас барам одреден одговор.Сите сме или православни или католици или муслимани или... Сеа вера било ова религија било она -не збориме тоа.Јас прашувам мајка православна татко муслиман -што е детето?Ќе иде тоа дете у џамија или у црква?Ќе слави велигден или бајрам? Ќе го слави раѓањето на Исус или не?Ќе кити дома елка или не?Незнам од каде таа потреба да ја иступите работава до крај?!
А за ова што јас те цитирав сега-аман луѓе зимајте се со луѓе од друга религија не ме занима мене тоа.Јас сум си верник - си верувам во Исус,во мојот господ,Алах мене ништо не ми значи во животот.Го прифаќам дека постои ама не го почитувам!Јас сакам со маж ми да си идеме у црква за божиќ,да си запалиме свеќа,да го крстам моето дете у црква и да носи православно име,да седнеме дома на ручек за Бадник сите,да фарбаме јајца за Велигден и да се кршиме-да нацртам ли треба?Сакам мојот маж да биде она што сум јас во поглед на мојата ВЕРА.Јас едноставно неможам да славам Бајрам или да бидам у куќа каде што некој слави Бајрам па ја да се праам дека го сакам тоа и дека ми е ОК.За мене религијата т.е ВЕРАТА ми е многу битна.Дома славам куќна слава која што сакам да си превземам јас кога ќе се земам бидејќи ни е во традиција.Тоа ќе можам да го направам само со некој со кого ќе можам да го споделам тоа т.е со некој православен како мене.
И ај не го тупете више -зошто да не,како да не,па што има везе...има везе и тоа како..