The`bItCh
AdJuStAbLe mAdNeSs
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 4.605
- Поени од реакции
- 113
Крокети Монсињор
потребни производи
- 100 гр. пршута
- 1 паштета
- 150 гр. павлака
- 50 гр. маргарин
- 8 парчиња леб
- 100 гр. шунка
- 50 гр. пармезан
- мајоран
- црн пипер
подготовка на ова предјадење
На даската за сечење на парчињата леб им ги отстрануваме корките. Во садот со павлака ја додаваме паштетата. Додаваме од пармезанот. Зачинуваме со мајоран и мелен црн пипер. Со вилушка убаво промешуваме додека не добиеме хомогена смеса. Со нож земаме од смесата и нанесуваме врз срединките леб. Потоа врз филот ставаме од парчињата пршута. Доколку немате доволно пршута крокетите Монсињор ќе бидат исто вкусни ако им ставите парчиња шунка. Врз пршутата или шунката ставаме по уште една срединка леб. Со готварски конец ги врзуваме крокетите.
На оган ставаме тава за пржење и во неа свинска маст и масло за јадење. На загреаната мрснотија ги ставаме да се пржат крокетите. За време на пржењето ги превртуваме за да бидат убаво испржени од сите страни. Испржените крокети ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија врз хартијата за да впие од мрснотијата. Крокетите Монсињор ги наросуваме со пармезан. Потоа од крокетите го отстрануваме готварскиот конец. Врз крокетите нанесуваме од преостанатиот фил. Врз филот ставаме парче пршута. Една маслинка ја сечкаме на тенки кругови. Со круговите маслинка ги декорираме крокетите Монсињор. Потоа крокетите ги ставаме на чинија за сервирање врз хартија.
Крокети од зеленчук
потребни состојки:
- 1 морков
- 50 гр. сув спанаќ потопен во вода
- корен од пашканат
- 1 компир
- корен од целер
- 2 јајца
- 100 гр. путер
- рендано морско оревче
- 3 лажици брашно
- масло за јадење
- сол и црн пипер
подготовка
На даската за сечење компирот го сечкаме на коцки и го ставаме во тенџере да се вари на оган. Потоа на парчиња го сечкаме коренот од пашканат, а на кругови морковот, па ги ставаме да се варат во друго тенџере на оган. Потопениот сув спанаќ го цедиме во цедалка. 50 гр. сув спанаќ 15 минути потопен во студена вода заменува 1 кг. свеж спанаќ.
На оган ставаме тава и во неа путер да се растопи. Потоа во тавата го додаваме исцедениот спанаќ, го посолуваме и го зачинуваме со мелен црн пипер. И водата во двете тенџериња ја посолуваме и тенџерињата ги покриваме со капак. За време на пржењето спанакот го промешуваме, а варениот зеленчук од двете тенџериња го цедиме низ цедалка. Испржениот спанаќ и сварениот зеленчук ги ставаме во блендер и ги миксираме. Добиената смеса ја ставаме во поголем длабок сад. Додаваме путер и промешуваме. Потоа во садот додаваме жолчка, 3 лажици брашно и рендано морско оревче. Во садот ги додаваме преостанатата жолчка изматена со белките и лебни трошки за смесата да ја добие потребната густина за формирање крокети.
Крокетите ги формираме со раце, ги валкаме во изматени јајца, па во лебни трошки и ги редиме на чинија. На оган ставаме тава и во неа масло за јадење. На загреаното масло ги ставаме крокетите да се пржат. Киселите краставици ситно ги сечкаме и ги додаваме во садот со мајонез. Наросуваме мелен црн пипер и промешуваме со лажица. Испрените крокети ги вадиме од тавата и ги редиме на чинија обложена со хартија за да ја впие мрснотијта. Ги оставаме крокетите да се изладат. Чинијата за сервирање ја украсуваме на двата краја со листови зелена салата. Потоа на средината на чинијата ги редиме крокетите од зеленчук. Еден лимон го сечеме на тенки кришки и со него ја декорираме чинијата за сервирање, а крокетите ги преливаме со претходно подготвениот прелив од мајонез и кисели краставици.
Крокети од ориз
потребни производи:
- 100 гр. Варен ориз
- 50 гр. Рендан кашкавал
- 50 гр. путер
- 100 мл. млеко
- 4 јајца
- 200 гр. Доматно пире
- лебни трошки
- брашно
- Ѕ1/2 рендано морско оревче
- 70 гр. масло за јадење
- сол И црн пипер
подготовка на ова предјадење
На оган ставаме една тава И во неа ставаме путер да се растопи. Во тавата додаваме 4 лажици брашно И мешаме со лажица. Потоа во тавата го додаваме млекото. Мешаме со жица за матење. Со тоа бешамел сосот е подготвен.
Во еден поголем длабок сад го ставаме претходно сварениот ориз. Го додаваме ренданиот кашкавал, и додаваме рендано морско оревче. Посолуваме. Две јајца кршиме, ги двоиме жолчките од белките И жолчките ги додаваме во садот со оризот И кашкава лот, а белките ги оставаме во еден сад настрана. Содржината во садот ја мешаме додека не се соединат состојките. Потоа во садот го додаваме бешамел сосот. Убаво промешуваме додека не добиеме хомогена смеса. Ги кршиме преостанатите 2 јајца И ги матиме со вилушка. Од добиената смеса во садот со раце формираме крокети кои ги ставаме на чинија.
На оган ставаме една тава И во неа додаваме 70 мл. Масло за јадење. Крокетите ги валкаме најпрво во брашно, потоа во изматените јајца И на крај во лебните трошки. Потоа крокетите ги ставаме да се пржат на загреаното масло. Убаво заруменетите крокети ги вадиме од тавата И ги ставаме на чинија. Потоа крокетите ги редиме на чинија за сервирање. На двата краја на чинијата ставаме доматно пире. Декорираме со гранче магдонос на средината на чинијата.
Крокети од бакалар
- 4 парчиња од ослиќ
- лебни трошки
- 2 главици кромид
- 2 јајца
- 1 дл. Млеко
- 1 китка магдонос
- маслиново масло
- сол и црн пипер
На оган ставаме едно тенџере со малку вода. На даската за сечење ситно ги сечкаме 2 главици кромид. Сечканиот кромид го ставаме во еден поголем длабок сад. Потоа ситно го сечкаме магдоносот и него го ставаме во садот со кромидот.
Во тенџерето на оган го додаваме млекото и го поклопуваме со капак да се загрее. Откако млекото е загреано во него на кратко ги спуштаме парчињата ослич и потоа со лажица решетка ги вадиме во еден длабок сад. Ги земаме парчињата риба едно по едно и прво им ги отстрануваме коските. Потоа со нож месото од рибата многу ситно го сечкаме и го додаваме во садот со кромид и магдонос. Во садот со смесата додаваме едно јајце, посолуваме и додаваме црн пипер. Смесата со лажица убаво ја промешуваме, па ги додаваме и лебните трошки. Уште еднаш ја промешуваме смесата и ја оставаме настрана.
На оган ставаме една тава за пржење и во неа додаваме поголема количина маслиново масло. Додека маслото се загрева смесата со раце убаво ја месиме, додаваме уште малку лебни трошки и формираме топки. Ги оставаме топките на даската засечење. Во меѓувреме во еден сад кршиме едно јајце и го матиме со вилушка. Ги земаме подготвените топки една по една, ги валкаме прво во брашно, па во разматеното јајце и на крај во лебните трошки. Вака подготвени ги ставаме во тавата со загреано масло да се пржат. Ги пржиме додека не поруменат од сите страни и потоа со голема лажица ги вадиме на чинија за сервирање. На даската за сечење ситно сечеме неколку листови зелена салата и еден излупен домат. Испржените топки ги редиме на четирите страни на чинијата, во средината ја ставаме зелената салата, апразнините од чинијата ги пополнуваме со парчињата домати. Врз зелената салата ставаме малку варена пченка. Сечеме неколку тенки кругови лимон, па секој од круговите од едната страна го засекуваме. Парчињата лимон ги правиме во форма на пеперутка и по едно ставаме врз секоја топка.
Крокети од шпагети
потребни состојки
- 200 гр. шпагети
- лебни трошки
- 2 лажици брашно
- 100 гр. шунка
- 1 лажица рендано сирење
- 4 јајца
- 100 гр. мајонез
- брашно
- 150 мл. млеко
- 1 кисела краставица
- 1 морско оревче
- масло за јадење
- сол и црн пипер
подготвка
Водата во тенџере за тестенини на оган ја посолуваме. Во тенџерето додаваме масло за јадење. Ги додаваме и шпагетите искршени на половина. Оставаме шпагетите да се варат.
Шунката ја сечкаме на коцки. На оган ставаме тава за пржење. Во неа ставаме масло да се загрее. Додаваме 2 лажици брашно. Мешаме за време на пржењето. За време на варењето шпагетите ги промешуваме. Во тавата додаваме уште една лажица брашно. Непрекинато мешајќи прво со лажица, а потоа со жица за матење во тавата го додаваме млекото. Ја тргаме тавата од оган. И тенџерето со сварените шпагети го тргаме од оган. Ја вадиме цедалката од тенџерето. Ги плакнеме шпагетите со студена вода. Ги оставаме шпагетите да се исцедат.
Кршиме едно јајце и ја делиме белката од жолчката. Жолчката и две лажици рендано сирење ги додаваме во тавата. Во тавата ја додаваме исчканата шунка. Мешаме со жицата. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Во тавата го рендаме и морското оревче. Промешуваме со жицата. Исцедените шпагети ги ставаме на даската за сечење. Со нож ситно ги сечкаме. Исечканите шпагети ги ставаме во поголем длабок сад. Во садот ја додаваме содржината од тавата. Додаваме и 1-2 лажици лебни трошки. Промешуваме, а потоа смесата ја мешаме со рака. Со раце земаме од смесата и ги формираме крокетите во различни фирми. Топчиња, ќофтиња и конуси. Преостанатите јајца ги кршиме во подлабок сад. Ги матиме со вилушка. Секој од крокетите го валкаме во брашно, во изматени јајца и во лебни трошки. Вака подготвените крокети ги редиме на даската за сечење.
Во тава на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло ги ставаме крокетите да се пржат. За време на пржењето ги превртуваме крокетите во тавата.
Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата. Го исклучуваме огнот и крокетите ги ставаме на чинија ибложена со хартија, за да ја впие мрснотијата. Ги редиме крокетите на чинијата за сервирање. Украсуваме со шери домати. На ситната страна од рендето ја рендаме киселата краставичка. Изренданата краставица ја додаваме во садот со мајонез. Промешуваме. Со лажица од тартар сосот ставаме врз крокетите. Декорацијата ја завршуваме со гранчиња магдонос.

Последно уредено од модератор: