Секакви рецепти

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Англиски колачиња
Потребно:
- 250 г маргарин
- 170 г шеќер
- 100 г чоколадо сецкано на коцкички
- 100 г мелени ореви (може и лешници)
- 450 г брашно
- 100 г суво грозје (или некое друго суво овошје)
- 2 јајца
- 1 пециво
Подготовка:Сите состојки се замесуваат. Потоа тестото се плеска и се рассукува. На крај, со модли се сечат фигури и се печат.
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681

колку што знам, се става кафеав шеќер, em I right?
..ги иам праено, не за друго :)
 
~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
колку што знам, се става кафеав шеќер, em I right?
..ги иам праено, не за друго :)

Да и јас кога ги правев мајка ми инсистираше за со кафен шеќер да бидат,ама во рецептот па не е наведно :) Секако се вкусни (бтв извинете за оф топик )
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.098
Банички

Состојки
1кг брашно
1 мала коцка квасец
1 лажица сол
1/2 лажица шеќер
вода (колку прима тестото)

Откако ќе стават овие состојки сето тоа се замесува со млака вода. Кога тестото добро ќе се умеси се прават топчиња (околу 8), секое од топчињата се премачкува со зејтин и се остават да одстојат 10 минути. Потоа секое топче се расукува, се прави тенка кора. Кога ќе се направи кората на неа се става праз (јас сега така ги правев инаку може да се прават со сирење, урда, да се полијат со млеко и јајца или мелено месо), празот претходно се дроби ситно и се запржува. Кората се витка во ролат и потоа се истегнува и се превиткува во форма круг. Откако ќе се направат се оставаат едно половина час да стасаат и пота се печат едно 40 минути на 250 степени.
gh 002.jpg gh 003.jpg
Па повелеле :)
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Афион Торта

3 јајца
250гр. шеќер
250гр. кисело млеко
250гр. зејтин
100гр. афион
250гр. брашно
1 пециво
Шербет: 250гр. вода, 250гр. шеќер
Глазура: 4 големи лажици шеќер
4 големи лажици зејтин
4 големи лажици какао
мало парче маргарин
Се пече во тавче бр. 30

Омилениот колач на моите другарки, топло ви го препорачувам
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Пиварки

Потребно:​
2 филџани пиво​
4 филџани зејтин​
1 филџан шеќер​
1 пециво​
1 пакета кокос
брашно ( колку прима )
Ореви/Лешници по желба​
За шербет:​
1/2л вода​
1/2кг шеќер​
* ШЕРБЕТОТ ТРЕБА ДА БИДЕ ЛАДЕН, А ПИВАРКИТЕ ВРЕЛИ што значи,​
пред да почнете, треба да го направите шербетот и да стои така 1-2 часа додека се излади :)
* Шербетот да врие 5-15 минути!!!​
Подготовка:​
Во длабок сад се ставаат пивото, зејтинот, шеќерот, пецивото и брашното. Се замесува тесто ( доста меко, но да не се раскашкува ) откако ќе се направи тестото, се остава 5-10 мин. да мирува.​
Се прават мали топчиња ( во форма на ќофте ) и се става по 1 јатка орев, или лешник ( по желба ) ..плехчето се подмачкува со зејтин, и се редат пиварките ( да има растојание од 2цм најмалку бидејќи при печењето нараснуваат )​
Се пече на 150* загреана рерна, околу 20-30 минути ( внимавајте на печењето ) потребно е да фатат златна боја ..​
Откако ќе се испечат ВЕДНАШ се ставаат по 5-6 пиварки во шербетот да впие, од двете страни по 20-30 секунди од секоја страна, и се увалкуваат во кокос..​
Ако има нешто нејасно - прашајте ..​
enjoy :)
пс: се служат ладни :)
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.098
Торта со мармалад

Состојки:
300гр шеќер
350мл вода
3 лажици мармалад (било каков по вкус се избира)
1 пециво
1 ванили шеќер
1 лажичка сода бикрабона
6 лажици зејтин
400 гр брашно

Фил:
мармалад, 100 гр чоколадо за готвење и мелени ореви.

Подготовка:
Сите овие состојки по редослед се ставаат во длабок сад и се меша додека не се добие хомогена смеса. Потоа смесата се става во правоаголен плех претходно премачкан со масло и се пече на температура од 200 степени 30 минути.
Кога ќе се испече и излади, кората се премачкува со мармалад, а врз мармаладот се истура растопеното чоколадо и се остава да се олади. Потоа се посипува со мелени ореви.

ff 003.jpg

П.С. Мојата е само без чоколада за готвење, немав дома а ме мрзеше да одам да купам, па убава испадна и без неа.
 
Прегледај го приврзокот 34923

П.С. Мојата е само без чоколада за готвење, немав дома а ме мрзеше да одам да купам, па убава испадна и без неа.
нема да веруваш, ама уште пред да го видам рецептот, баш денес ја правев :D
само што јас наместо 6л. зејтин ставам 1 чаша, исто и 1 чаша шеќер, со 2.5 чаши брашно, и 1 чаша вода, а мармаладот го мешам во смесата ( не го оставам како фил ) :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Македонска мусака (на мој начин...) :)

Во тава за пржење се ставаат 6-7 супени лажици зејтин и тавата се става на шпорет на умерена температура, за да се загрее маслото...
Потоа во неа се додаваат следниве состојки али стриктно по овој распоред: 2 главици сецкан кромид (се пржи 2-3 мин), потоа 2-3 сецкани моркови на крукчиња, 1 зелена пиперка исечкана на ленти, 1 тиквица сецкана на коцкички и 350 грама мелено телешко или јунешко месо (значи никако мешано со свинско) (откако ова ќе се испржи убаво) се додаваат 2 големи патлиџани зрели, излупени и иситнети во чинија со све сокот и се меша со останата смеса во тавата...Одозгора се става магдонос по желба...
И 2-3 минути пред крај, кога зеленчукот е омекнат се ставаат околу 2 филџана за кафе ориз и се пржи со останатото, притоа непрекинато мешајќи...
Кога ќе ја тргнеме тавата од оган, ставаме сол и малку бибер во јадењето и ја ситураме смесата во голема и длабока тава за во рерна (може и земјена), ја распоредуваме смесата рамномерно и одозгора редиме компири на тркалца...
Зовриваме вода и ја посипуваме мусаката све дури водата не ги прелие компирите на површината...
Ја ставаме тавата во рерна на 200 C и ја печеме мусаката све дури водата не испари и компирите треба да бидат со златесто-црвенкаста боја...
Неколку мин пред крај ја намалуваме температурата на 150 C...

Во оваа мусака приметувате дека не се става црвен пипер и запршки, а плус и нема свинско месо внатре и затоа е лесно јадење и нема да ви прави тегоби во желудникот, колку и да изедете...

Добар апетит! :)
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665

Земи пробај направи мусака место со компири стави модри патлиџани и друго све исто ОДЛИЧНА Е (y)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
За љубителите на карфиол, похован карфиол

Потребни состојки:
- 1 карфиол
- 2 јајца
- брашно 200 гр
- 1 мала лажичка сол
- зејтин
- презла

Подготовка: Во тенџере ставете ги малите цветови што сте ги извадиле од карфиолот. Посолете и додајте вода. Ставете го тенџерето на оган и варете додека не омекне карфиолот. Откако ќе омекне, оставете го да се излади. За тоа време во длабок сад ставете го брашното, заедно со 1 лажица сол и додајте ги претходно изматените јајца. Во друг сад ставете презла, а на оган ставете тава со зејтин да се загрее. Цветовите карфиол валкајте ги во смесата од јајца, брашно и сол, па во презла и на крај пржете во загреан зејтин додека да порумени.
Ммм, добар апетит со чашка пиво/ракија :icon_lol:
 
Г

Гучи

Гостин

Пред некој ден јадев, добро лизгаат идат со пиво (y)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Пред некој ден јадев, добро лизгаат идат со пиво (y)
Уште ако имаш време да си направиш похован кромид и тиквички, па и некоја зелена маслинка со пиперче....ќе се санка со пиво :pos:
Похован карфиол

Поховани тиквички
 
Kajgana Shop

На врв Bottom